далечина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Feb 2023 12:44:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png далечина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Далечината ја победи љубовта: Игор Џамбазов и Илина Арсова раскинаа! https://arhiva.vistina.com.mk/dalechinata-ja-pobedi-lubovta-igor-dhambazov-i-ilina-arsova-raskinaa/ Mon, 06 Feb 2023 10:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287388

Не за џабе е кажана онаа народната „никогаш не вели никогаш“, а истата пред неколку години му се случи на нашиот шоумен Игор Џамбазов. Своевремено јавно велеше дека во неговиот живот нема време и простор за жена, а од женски род до него е само мачката Емилија. Во 2020 година ова се промени, а во животот на Игор се појави Илина со која јавно обзнанија дека се во љубовна врска. Нивната среќа беше радост и за многуте фанови на ваквиот љубовен спој, а тоа беше доказ дека и нашиот народ знае да се радува на туѓата среќа. Сега, на многуте нивни обожаватели не им допадна тоа што го разбраа, слушнаа, прочитаа... Игор и Илина повеќе не се заедно! Во интервју за „Слободен печат“, Игор откри дека далечината ја победила љубовта откако Илина од неодамна престојува во Тенеси, Америка, каде започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.
– Да, тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ. Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден, вели Игор кој веќе извесен период престојува во село Стрезовце каде се повлече и по пракса и рутина си најде ново место за своите стари навики.
Промените и разделбата не се лесни од предмети, а камоли од живи суштества кои своевремено биле суштината. Илина пак, во една прилика по одлуката да замиме кон нови животни предизвици изјави: -Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоци никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите- порача Арсова. Он-лајн конекцијата не беше толку јака преку барата за да остане љубовниот сигнал со силна јачина, а дијагнозата „Илинопатија“ на Џамбазов останува само во анемнезата на пациентот. Многу уметници кажале дека најголемите дела од творештвата се создаваат во време на тага, недостаток, празнина, па како што Игор вели дека приказната е како во неговиот текст за „Бестрага“, веруваме дека од ова љубовно искуство ќе произлезе нешто големо, од душа за душа во кое ќе се најдат многумина. фото:Инстаграм/Игор Џамбазов]]>

„Јас и Немања живееме во иста куќа во Шпанија, немаме врска на далечина!“- Анастасија откри детали за љубовните планови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jas-i-nemanja-ziveeme-vo-ista-kukja-vo-shpanija-nemame-vrska-na-dalechina-anastasija-otkri-detali-za-ljubovnite-planovi-foto/ Thu, 15 Sep 2022 10:33:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267108

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ присувствувала на изложбата на познатиот српска моден фотограф, а по тој повод за медиумите откри детали за кариерата, љубовниот живот и плановите, како и за семејството. Анастасија вели дека внимателно ја слуша секоја песна на Цеци и ја советува мајка си да се држи до сопствениот стил и сепак да биде иновативна, што воопшто не е лесно. Со оглед на тоа што е ќерка на најголемата регионална пејачка, ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија често велеше дека никогаш не сакала да гради кариера преку името на нејзината мајка, па затоа не сака да снима дует со неа. „Сè уште сум на ставот дека не е време за дует, без разлика што ми е мајка. Не сум стигнала до тоа ниво, засега уште се градам, не брзам“ рекла младата Ражнатовиќ. Таа признала и дека синот на нејзиниот брат Вељко бил разгален. „Жељко е страшно размазен, сите му дозволуваат се, максимално го користи она што му е дозволено и што е единец. Жељко секогаш кога ќе види пејачка, тоа го поврзува со мајка му и мене. Вика: „Цеца, Таса „Тој ги знае моите песни, многу е музикален“, истакна таа. За врската со фудбалерот Немања Гудеља, Анастасија вели дека живеат заедно кога таа е во Шпанија. „Тоа не е врска на далечина, често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам деловни обврски. Не знам како официјално сè преминува во заеднички живот... Таму сум со него, Немања и јас живеeамe во иста куќа во Шпанија. Наречете го тоа како сакате, но јас живеам со него кога сум таму – истакна таа. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ/Ана Паунковиќ/Профимедиа]]>

Врска на далечина: Тешко е, но има и добри страни https://arhiva.vistina.com.mk/vrska-na-dalechina-teshko-e-no-ima-i-dobri-strani/ Fri, 02 Sep 2022 14:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265335

Љубовта на далечина може да биде комплицирана, има свои позитивни и негативни страни. Баш како и секоја друга љубовна врска. Одржувањето на врската на далечина може да преставува предизвик за некои луѓе, додека за други тоа не е голем потфат. Тоа нема толку врска со љубовта, колку што има со разумот. Старата изрека вели „Далечината за љубовта е како ветрот за свеќата – ако е пламенот мал, ќе го изгасне, ако е голем, ќе го разгори“. Ако двајцата сте се согласиле да ја одржувате врската на далечина, во исчекување на поголеми работи во иднина (поради студирање, работа, семејни обврски), ви останува само да погледнете на посветлата страна на нештата и да сфатите дека ваквата ситуација има и свои големи предности. Тоа не значи дека саканата личност помалку ќе ви недостига, туку дека знаете дека далечината не е фактор за цврстината на вашата љубов и нема да се опседнувате со тоа, да паѓате во очај или да се самосожалувате. Останувате фокусирани на своите цели На почетокот на врската скоро сите сакаат да поминуваат што е можно повеќе време со саканата личност. Иако во тоа нема ништо лошо, нашата желба да поминуваме многу време со партнерот може да се одрази на остварувањето на некои други цели што сме си ги поставиле лично за себе. Врската на далечина во овозможува да се посветите на себе и со поддршка од партнерот да се фокусирате на остварување на вашите планови, да работите на надоградување на своите вештини и слично. Исто така, нема да се чувствувате виновно ако останете подолго на работа или работите за викенд, мислејќи дека го запоставувате партнерот заради работните обврски. Ја развивате креативноста Многу е полесно да ја изразувате љубовта кога сте во можност да го видите, допрете, бакнете партнерот речиси секој ден, но врската на далечина ви овозможува да ја развивате својата креативност. Тоа бара многу поголем труд, но поволностите се големи. Освен што ќе му покажете на партнерот дека би направиле сѐ за да го одржите пламенот меѓу вас силно разгорен, исто така разбудената креативност може да ја примените на многу други полиња, особено во работата или вашето хоби. Имате повеќе време за пријателите и семејството Треба да научите паметно и праведно да го распоредите вашето време за да може да се посветите и на партнерот и на семејството и на пријателите. Понекогаш е тешко да изменаџирате сѐ така што никој нема да се чувствува запоставен. Кога партнерот е далеку, искористете го слободното време да го поминете со родителите, роднините и пријателите и да им помогнете на каков било начин. Извор:Кајгана.мк]]>

Три работи заради кои врските на далечина „пукаат“: Во овие врски нема место за лаги https://arhiva.vistina.com.mk/tri-raboti-zaradi-koi-vrskite-na-dalechina-pukaat-vo-ovie-vrski-nema-mesto-za-lagi/ Tue, 16 Aug 2022 13:45:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=262878

Многу луѓе веруваат дека врските на далечина се вистински предизвик. Донекаде се во право – не е лесно да се одржи врската кога со партнерот се гледате само неколку пати годишно. За да успее и опстане врската, потребно е да се придржувате до одредени правила, но и да направите план за се да испадне совршено. Се разбира, врските на далечина можат да функционираат исто како и кога партнерите живеат заедно. Експертите за врски советуваат кои три работи партнерите треба да ги избегнуваат за да не им пропадне врската. 1. Секојдневни кавги Секако, во ред е да имате несогласувања и расправии, но не дозволувајте кавгите да станат дел од секојдневието. Не е исто кога ќе се расправате со партнерот во живо и телефонски, бидејќи оној од другата страна на „жицата“ може во секое време да ја спушти слушалката или извесно време воопшто да не одговори. Заради тоа, вашата врска може да биде на несигурна почва; затоа обидете се да ги решите работите со мирен тон и неколкучасовен разговор. 2. Љубомора Во овие врски љубомората е неизбежна, бидејќи тој црв на сомнеж секогаш буди „каде е, со кого е, што е, кога ќе …“. И вам и на вашиот партнер ви треба личен простор, како и време да си посветите на себе. Врската на далечина бара бесконечна доверба за да опстане. 3. Лаги Кога сте во врска на далечина, не треба да има „бели“ лаги. Бидете искрени со партнерот, кажете му што ве мачи, за што размислувате… Никогаш не треба да им кажете дека, на пример, гледате филм, кога всушност сте во кафуле со пријателите. Ако мислите дека вистината може да повреди друга личност, обидете се да зборувате за тоа, бидејќи секогаш постои начин безболно да го кажете тоа што го имате.]]>

10 причини зошто пријателствата на далечина се посебни https://arhiva.vistina.com.mk/10-prichini-zoshto-prijatelstvata-na-dalechina-se-posebni/ Wed, 16 Sep 2020 11:45:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167220

Исто како и врските, пријателствата на далечина можат да бидат предизвици, но кога тоа пријателство е искрено, нема растојание што може да го наруши. Пријателствата на далечина се навистина посебни, а подолу можете да прочитате 10 причини што ги прават уште попосебни. 1. Знаете да го цените секој момент поминат заедно И покрај тоа што животот помеѓу вас донесе стотици милји, па дури и мориња, океани, континенти, токму заради тоа растојание двајцата особено ќе го цените секој момент кога ќе го поминете заедно. 2. Откривате креативни начини за да останете во контакт Најдобрите пријатели кои ги одвојуваат милји се особено креативни во осмислувањето начини да останат во контакт. Потребни се дополнителни напори за одржување контакт кога не можете редовно да се гледате, но ваквите предизвици можат да бидат забавни. Пријателството на далечина вклучува еден куп забавни пораки, видео разговори кои можат да вклучуваат пиење џин и тоник или вино. Опциите се многу, и што е најважно, растојанието на крајот од денот не влијае на вашата поврзаност. 3. Нови животни искуства Кога живеете на различни локации, можете да го користите тоа растојание како можност за патување. Секогаш имате место до кое можете да патувате без премногу трошоци. Од друга страна, секогаш имате личност која едвај чекате да ја посетите, и тука е третата опција – состанок на половина пат и друга споделена авантура. 4. Навистина се грижите за таа личност Понекогаш во животот имаме врски што преживуваат само поради блискост, но пријателството на далечина кое ги преживува сите предизвици е вистински доказ дека навистина се грижите за вашиот пријател и дека тоа е врска што вреди да се чува. 5. Секогаш има нешто на кое можете да се радувате Животот е таков што не можете да знаете кога точно ќе видите некого, но сепак да имате пријател кој живее далеку од вас значи дека секогаш имате причина да се радувате и да се надевате на вашата следна средба. 6. Имате личност која секогаш ве смее и ве утешува Дури и ако вашиот пријател не живее во ваша близина, некои работи никогаш не се менуваат. Без оглед на локацијата, тоа е личност која секогаш ќе знае како да ве насмее и расположи кога работите не одат според планот. 7. Моментот кога конечно ќе се видите Сите знаеме колку е добро чувството кога конечно ќе добиеме нешто што го сакавме долго време, а чувството што се создава кога после долго време конечно ќе го видиме нашиот најдобар пријател е навистина предобро! 8. Ретко се карате Моментите што ги поминувате заедно ви се драгоцени и нема да ги потрошите на кавги, па дури и кога ќе се случат кавги, ќе најдете начин брзо да ги решите затоа што не сакате да губите време на глупости. 9. Чувство на стабилност Животот постојано се менува. Луѓето завршуваат училиште, стапуваат во брак, имаат деца, наоѓаат работа, менуваат работа, се селат во друг град, се разведуваат. Сепак, пријателството што трае со години, без оглед на далечината, секогаш ќе биде тука за да ви даде чувство на стабилност, без оглед на животните промени. 10. Пријателство кое трае цел живот Врската која е полна со предизвици со години е врска за која речиси сигурно може да се каже дека ќе трае цел живот, и еден ден, кој знае, животот може да ве обедини на истата локација. Без разлика дали тоа ќе се случи или не, најдобриот пријател и вие секогаш ќе знаете како да го искористите најдоброто што може да го понуди животот. извор:кафепауза.мк]]>

Овие 4 хороскопски знаци можат лесно да го издржат раздвојувањето и врската на далечина https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-4-horoskopski-znaci-mozat-lesno-da-go-izdrzat-razdvojuvanjeto-i-vrskata-na-dalechina/ Wed, 01 Apr 2020 13:30:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142731

Поради ситуацијата со коронавирусот, многу парови буквално се присилени на врскa на далечина. Се разбира, ова е голем предизвик за многумина. Сепак, некои немаат никаков проблем – особено оние родени во овие 4 хороскопски знаци. Не е лесно да се биде оддалечен од саканиот со недели. Редовно се слушате или разговарате преку Skype, но тоа не е исто со директните средби. Сепак, овие 4 хороскопски знаци ги имаат идеалните карактеристики за врска на далечина и можат периодов да го издржат без проблем.

1. Близнаци

Близнаците е вистински господари на комуникацијата и ова е најважното нешто во врската на далечина. Тие успеваат да му ги пренесат со зборови сите секојдневни случувања на партнерот, па така километрите што ги имаат меѓу нив брзо изгледаат неважно. Значи, врската на далечина е детска игра за нив.

2. Лав

Лавот е вистински романтичар и успева – иако е оддалечен со километри – постојано да ги одржува искрите. Тој што е во ваква врска со него, секогаш може да очекува мали изненадувања. Не треба да ве зачуди ако голем букет цвеќе еден ден се појави на вашата врата, заедно со него…

3. Јарец

Скоро секогаш во врските на далечина се случуваат мали недоразбирања и тогаш и полесно кавгата да се реши ако партнерот стои директно пред вас. За среќа, Јарецот е вистински уметник за дискусии и успева да го „изгасне огнот“ на мирен и компромисен начин пред тој навистина да се распали. Значи, тој е совршен за врска од далечина.

4. Стрелец

И Стрелецот добро се снаоѓа со врските на далечина. Бидејќи тој сака да ја задржи својата слобода и независност во класичниот однос, врската на далечина е всушност совршена за него. Нема проблем да биде сам некое време, односно да не го гледа својот партнер подолго време. А потоа времето со него е навистина прекрасно… извор: кафепауза]]>

Тазе модерен татко: Борко направи нешто што ќе ве воодушеви (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/taze-moderen-tatko-borko-napravi-neshto-shto-kje-ve-voodushevi-foto/ Thu, 19 Apr 2018 07:48:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21895

Пред неколку дена, голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски стана татко. Тој и неговата сопруга Нина станаа родители на нивното прво дете, односно синот Душан. Борко неизмерно е среќен поради новата улога. А очигледно дека и неговите спортски обврски не му дозволуваат максимално да биде покрај синот. Но, кога се сака, има начин. Па, ни километрите, ни далечината не го спречија најдобриот голаман да ужива во татковството. На „Инста стори“ како разговара со својот син преку „Скајп“. Секоја чест за Борко.
фото: принтскрин/инстаграм]]>