дајте музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дајте музика – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кики од „Дајте музика“ сними преработка на „Лео“ од Калиопи (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiki-od-dajte-muzika-snimi-prerabotka-na-leo-od-kaliopi-video/ Sat, 10 Sep 2022 08:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266285

Една од најпознатите песни на Калиопи – „Лео“, доби преработка од Кики Мукаетова, позната на пошироката јавност од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на Детска Евровизија 2021 година како дел од „Green Forces“. Во нејзин автентичен стил песната не носи на едно ново искуство, а сепак не враќа назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната. Кики отвори и своја веб-страница www.kiki.mk, на која може да се најдат интересни детали за нејзиниот живот и кариера. За сите што сакаат подобро да се ја запознаат Кики, веб-страницата е вистинското место за тоа. Токму таму таа сподели и детали од работата на оваа преработка. „Калиопи ја обожувам. Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно и бело“,„Дали ме сакаш“... но, не знаев дека „Лео“ е првиот успешен сејугословенски хит, како што ја нарекуваат песната“ - појаснува Кики, велејќи дека авторите дале зелено светло за да се преработи песната иако оригиналната матрица ја немало, па Александар Митевски морал да усними се од почеток. Како звучи кога Кики пее за „Лео“ , проследете од видеото во продолжение: ]]>

Младите и талентирани ѕвезди од „Дајте музика“ со најзабавен концерт на планетата во „Ист Гејт Мол“ https://arhiva.vistina.com.mk/mladite-i-talentirani-dzvezdi-od-dajte-muzika-so-najzabaven-koncert-na-planetata-vo-ist-gejt-mol/ Wed, 23 Feb 2022 13:31:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240422

За последниот викенд од најкраткиот месец од годината, Ист Гејт Мол подготви ексклузивно изненадување, - долгоочекуваниот музички концерт на младите и талентирани ѕвезди од „Дајте музика“. Влезот за концертот ќе биде бесплатен, а сите фанови на „Дајте музика“ со своите пријатели и семејства оваа сабота (26.02.2022), од 12:30 - 13:30 часот се поканети на оваа музичка манифестација во Ист Гејт Мол, којашто ќе се оддржи кај отворениот надворешен простор кај ресторанскиот дел во склоп на шопинг центарот. Овој викенд, сите посетители во Ист Гејт Мол ќе имаат единствена можност да ги слушнат и видат младите талентирани ѕвезди Кристина, Анастасија, Миха и Филип во живо, да уживаат во магијата на музиката, забавата и во изведбата на нивните добро познати хитови, како и песната „Green Forces“ со која нѐ претставија на јуниорската Евровизија во Париз. Фокусот на Ист Гејт Мол, покрај отворените врати на најголемиот шопинг центар од европски ранг со квалитетна содржина за шопинг, забава и уживање во голем број сегменти, како мода, технологија, здравје, лична нега и убавина, декор, кулинарство и други, е секогаш да го задоволат секое очекување, секоја желба, секој вкус, секое барање, на секој посетител. Февруари, како месец на специјални настани и попусти во Ист Гејт Мол, продолжува со најбогатата палета на понуди од голем број на модерни и урбани брендови во земјата и регионот. 250 продавници со безброј шопинг приказни и диверзифицираниот кулинарски сегмент, се секојдневно достапни за урбаните ликови, кои се решителни и секогаш подготвени за уживање во добрата храна, освежување на својот спортски моден стил со нов сет на спортска облека и опрема, промена на зимскиот декор дома со нови парчиња украси со пролетен шмек, нурнување во добра фикција или автобиографија од неограничениот избор на книги во Ист Гејт Мол, бирање на цветен аранжман и слатки чоколадни задоволства за роденденски подарок за саканите, дијаманти и накит за специјалните моменти во животот, - и сето тоа достапно на 5 нивоа со широки и пространи коридори и пријатна и комфорна атмосфера. Ист Гејт Мол те сака. Ти си центар.]]>

Дарија Максимова со универзална порака, онаква, каква што само чистата детска душа може да посака – „Ајде да се сакаме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/darija-maksimova-so-univerzalna-poraka-onakva-kakva-shto-samo-chistata-detska-dusha-moze-da-posaka-ajde-da-se-sakame-video/ Mon, 10 Jan 2022 17:26:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234264

Дека на Македонија не и недостасуваат таленти во различни области, особено во спортот, уметноста, музиката... уште еден  доказ е младата скопјанка Дарија Максимова. Оваа младо единаесет и пол годишно девојче е всушност едно од оние деца за кои слободно може да се каже дека се мултиталентирани. Со дарба за актерство, слух, грло и глас за музика, физички предоспозиции за спорт. И сето тоа заедно подеднакво успешно го практикува младата ученичка од основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров. Дарија е родена на 10. 06.2010 година и втора година ја посетува актерската школа на Весна Бејби Петрушевска, која најмладите ги воведува во тајните на актерската уметност, но и на она што значи добро однесување, култура, поведение, почитување, интеракција и социјализација со другарчињата и средината... Со еден збор како да се биде добар уметник и уште подобро дете. Но, Дарија покрај училиштето кое разбирливо и е на прво место и другарувањето со уметноста во актерската школа на Бејби, покажува афинитети и кон спортот, па така таа тренира и одбојка. Во слободно време покрај читањето книги, акцентот го става кон уште една своја дарба преточена во поинаква уметност. Овој пат музиката, зашто Дарија во слободно време многу сака да пее. Токму преку актерката школа на Весна Петрушевска и желбата и дарбата за пеење, таа прва година учествуваше во детскиот играно-музички ТВ серијал, „Дајте музика“. Учеството во новите епизоди од ова, сега веќе култно детско ТВ остварување, резултираше и со нејзината прва снимена соло песна, насловена „Ајде да се сакаме“. Aвтор на песнатa е проверениот музички мајстор, Никола Мицевски кој ги потпишува музиката и аранжманот на песната, која исто така е снимена и комплетно реализирана во неговото студио,  додека текстот го напишала уште една проверена авторска личност, познатата Весна Малинова. Дека светот им припаѓа на најмладите, а меѓу нив оние што предничат се мулти талентите покажува Дарија, чија песна носи универзална, хумана порака, онаква каква што само невината и чиста детска душа може да посака...  Затоа, „Ајде да се сакаме“, онака, како што низ песна порачува Дарија. ]]>

Децата од „Дајте музика“ со песната „Green Forces” го освоија деветото место на детската Евровизија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-so-pesnata-green-forces-go-osvoija-devetoto-mesto-na-detskata-evrovizija-video/ Mon, 20 Dec 2021 07:39:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231727

Песната “Green Forces” со која штo детската група “Дајте музика” настапи на годинешната детска Евровизија  претставувајќи ја Македонија, заврши на деветото место. На изборот за најдобра детска песна настапија вкупно 19 учесници, нашите претставниви настапија претпоследни. Македонија најголем број поени доби од Албанија, вкупно 12. Додека македонското жири своите гласови ги подели и тоа на Бугарија(1), Ерменија (2), Азербејџан (3), Малта (4) Полска (5), Франција (6), Србија(7),Грузија (8), Албанија (10) и Русија (12). Количината на поени што публиката ги додели одговара на количината на поени кои ги дава националното жири. Оваа година жирито додели вкупно 1.102 поени (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10, 12 поени x 19 земји учеснички). Поените на публиката се одредија според процентот на добиени онлајн гласови. На пример, ако некоја песна добила 20% од гласовите, тогаш таа добива 20% од достапните поени - поточно 20% од вкупно 1.102 поени, односно добива 220 поени од публиката. Македонските претставници на изборот за најдобра песна на детската Евровизија имаа одличен настап. Понудивме пакет од модерна, хит песна, светска продукција, сигурен настап на децата со увежбана кореографија, солидна вокална изведба, тинејџерски имиџ... Се' што треба еден претставник да поседува на сцената за достојно да ја претстави својата земја, децата од „Дајте музика“ го имаа. Гласањето и пласманот се друга приказна, која како и кај Евросонгот за возрасни, многу малку или речиси воопшто нема допирни точки со музиката. Многу повеќе е стратегија, лобирање, логистика... а најмногу политика... Во која очигледно ние „не играме“ значајна улога за Европа ниту на главниот, ниту на детскиот Евросонг.   Сепак она што е најважно е впечатокот.  Кристина, Анастасија, Миха и Филип - децата од „Дајте музика“ оставија повеќе од силен. Имаа убедлив, достоинствен, сигурен, величествен, модерен настап и такава песна која ја компонираше Роберт Билбилов (музика и аранжман), додека Робин Зимбаков го напиша текстот. Она другото, што е наше - ќе си дојде... Порано или подоцна!   Инаку обедник на годинешниов детски Евросонг е Ерменија која до последен момент, до последните гласови водеше трка со Франција, но на крајот славеа Ерменците, односно нивната млада преставничка „Малена”. Погледнете го уште една  одличниот настап на нашите претставници, на кои Македонија е горда: ]]>

Децата од „Дајте музика“ ќе настапат претпоследни на Јуниор Евросонг https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-kje-nastapat-pretposledni-na-junior-evrosong/ Wed, 15 Dec 2021 10:28:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231260

Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинешната Детска Евровизија. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември, Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија. ]]>

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ со „Green forces“ ќе ја претставуваат Македонија на Детскиот Евросонг 2021 (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-anastasija-miha-i-filip-od-dajte-muzika-so-green-forces-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-detskiot-evrosong-2021-video/ Sat, 13 Nov 2021 10:39:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227177

Како што е веќе познато, децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија 2021. Песната кој вчеравечер, петок, 12 ноември 2021 г. беше промовирана во јавноста се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а Францускиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има на програмите на Македонската радио телевизија. Слушнете како звучи и погледнете го видото за  „Green forces“ на децата од „Дајте музика“ во продолжение: ]]>

Песната „Green forces“ со која Македонија ќе настапи на Детскиот евросонг 2021 ќе биде промовирана на 12-ти ноември https://arhiva.vistina.com.mk/pesnata-green-forces-so-koja-makedonija-kje-nastapi-na-detskiot-evrosong-2021-kje-bide-promovirana-na-12-ti-noemvri/ Fri, 05 Nov 2021 13:16:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226978

Како што е веќе познато, децата од многу популарната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија. Песната се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“. Деновиве беше објавено кусо видео од снимањето, а сега е потврдено дека песната ќе биде промовирана во јавноста во петок, на 12-ти ноември.  ]]>

Децата од „Дајте музика“ Кристина, Анастасија, Миха и Филип на „Детска евровизија“ ќе ја претстават Македонија со песната „Green forces“ https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-kristina-anastasija-miha-i-filip-na-detska-evrovizija-kje-ja-pretstavat-makedonija-so-pesnata-green-forces/ Wed, 27 Oct 2021 12:17:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224874

Како што претходно веќе објавивме, децата од многу популарната емисија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат  Македонија на Детската Евровизија. Денес, МРТ откри кои точно членови ќе ја претставуваат земјата во Франција, а тоа ќе бидат четири: две девојчиња (Кристина и Анастасија) и две момчиња (Миха и Филип). И тоа не се сите новости што ги имаа, тие го открија и името на песната што ќе ја пеат! Се вика „Green forces“! За да ја слушнете песната, ќе треба да почекате уште малку, но дополнителни информации се ветени дека ќе следат наскоро.]]>

Децата од „Дајте музика“ ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2021 https://arhiva.vistina.com.mk/decata-od-dajte-muzika-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-juniorskiot-evrosong-2021/ Tue, 12 Oct 2021 12:26:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222604

На 19-тото издание на Јуниорскиот Евросонг 2021, земјава ќе ја претставуваат група деца од мегапопуларниот детски телевизиски серијал „Дајте музика“. Оваа година, Јавниот радиодифузен сервис МРТ реши да го искористи правото на интерна селекција и избор на претстaвник на оваа престижна манифестација, согласно со актуелната состојба од пандемијата на Ковид-19 и воведувањето на новите заштитни мерки и протоколи. „Дајте музика“ е копродукциски проект на Македонската телевизија, кој е еден од најпопуларните и најгледани телевизиски програми за деца кај нас. Во него, главни протагонисти се токму групата мошне талентирани актери и пејачи кои за кусо време станаа идоли на новата генерација. Со продукција на повеќе од 80 песни, на кои веќе три години работат дел од најпознатите македонски композитори, со издадени два албума (ЦД), милионски прегледи на музичките платформи на нивните нови детски хитови, проектот „Дајте музика“ се вбројува во една од најуспешните музичко-забавни детски програми што ги освои симпатиите на публика. Песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто. За потсетување, оваа година 19. издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз, по победата која Валентина и ја донесе на Франција, а францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Секако, со директен пренос на програмите на Македонската радио телевизија. извор: курир.мк]]>

„Алкалоид“ ќе донира 1 денар за секој преглед на новата преработка на „Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/alkaloid-kje-donira-1-denar-za-sekoj-pregled-na-novata-prerabotka-na-chukni-vo-drvo-video/ Fri, 11 Jun 2021 13:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206710

Култната „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија во изведба на децата од „Дајте музика“. Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Видеоспотот е во режија на Игор Иванов-Изи, за чија реализацијата се погрижи екипа од продуцентската куќа „Вертиго вижуалс“. Преработката на музиката, која се подготвуваше од јануари годинава, е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студио „Тралала“. Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме! Здравјето пред сѐ“ поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците, здравствените работници и други. Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници; се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата. „Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“. „Алкалоид“ упатува посебна благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 – годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести. https://www.youtube.com/watch?v=MBBpYsaPanw&t=158s]]>