дајана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 09:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дајана – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кејт Мидлтон за првпат проговори за принцезата Дајана: „Нажалост, никогаш не…“ https://arhiva.vistina.com.mk/kejt-midlton-za-prvpat-progovori-za-printsezata-dajana-nazhalost-nikogash-ne/ Thu, 04 May 2023 09:52:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300601

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон конечно ги откри своите размислувања за покојната принцеза Дајана. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во Велс и се најдоа на насловните страници кога рачно доставија пица на паркингот за време на посетата на рагби клубот Dowlais во Мертир Тидфил на планинските спасувачи. Во оваа прилика Кејт разговараше со обожавателите и даде редок коментар за принцезата Дајана. Кога една кралска обожавателка ѝ кажала дека го носи свршеничкиот прстен на Дајана, таа потврдила дека тоа е „ист прстен“, додавајќи дека не морала да го прилагодува за да го носи. – Но, за жал, никогаш не ја запознав – заклучила таа. Додала и дека верува дека Дајана би била „одлична баба“, а на прашањето дали му недостига на семејството, таа одговорила: - Многу многу. На семејството му недостига секој ден. Во 2010 година, принцот Вилијам и подари на Кејт свршенички прстен со 12-каратен цејлонски сафир опкружен со 14 „ореол“ дијаманти, кои принцезата Дијана ги носеше пред неа. фото:AP Photo

Повеќе на vistina.mk]]>

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон конечно ги откри своите размислувања за покојната принцеза Дајана. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа во Велс и се најдоа на насловните страници кога рачно доставија пица на паркингот за време на посетата на рагби клубот Dowlais во Мертир Тидфил на планинските спасувачи. Во оваа прилика Кејт разговараше со обожавателите и даде редок коментар за принцезата Дајана. Кога една кралска обожавателка ѝ кажала дека го носи свршеничкиот прстен на Дајана, таа потврдила дека тоа е „ист прстен“, додавајќи дека не морала да го прилагодува за да го носи. – Но, за жал, никогаш не ја запознав – заклучила таа. Додала и дека верува дека Дајана би била „одлична баба“, а на прашањето дали му недостига на семејството, таа одговорила: - Многу многу. На семејството му недостига секој ден. Во 2010 година, принцот Вилијам и подари на Кејт свршенички прстен со 12-каратен цејлонски сафир опкружен со 14 „ореол“ дијаманти, кои принцезата Дијана ги носеше пред неа. фото:AP Photo]]>
Го ископира стајлингот на принцезата Дијана: Кејт Мидлтон ја повтори комбинацијата на свекрвата и предизвика општо воодушевување https://arhiva.vistina.com.mk/go-iskopira-stajlingot-na-princezata-dijana-kejt-midlton-ja-povtori-kombinacijata-na-svekrvata-i-predizvika-opshto-voodushevuvanje/ Wed, 22 Jun 2022 06:42:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255496

Кејт Мидлтон важи за дама која е секогаш добро стилизирана. Никогаш премногу провокативна, секогаш во склад со трендот. Не е тајна дека нејзините комбинации на облека честопати се инспирирани од стилот на принцезата Дијана, а последното издание на трката „Royal Ascot Race“ во 2022 година покажува колку војвотката се обидува да ја рекреира сега легендарната облека на Лејди Ди од 1988 година. Имено, таа на познатиот настан се појавила во фустан со кафени миди-точки и со изразени прерамки. Станува збор за парче на една од нејзините омилени дизајнерки Алесандра Рич, а фустанот очигледно е инспириран од модата на дамите од 80-тите. За оваа прилика Кејт решила да носи прекрасни висечки дијамантски обетки со големи бисери кои и припаѓале на принцезата Дијана.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)

Бидејќи овој настан е познат по екстравагантните капи, Кејт не се осмели да заостанува зад конкуренцијата, па се одлучи за кафена капа со широк обод, чија боја одлично се совпаѓаше со бојата на точките на нејзиниот фустан. Импресивниот додаток беше украсен со бели цветови и бисери. Да потсетиме, принцезата Дијана се појави на истото место во многу слична комбинација во 1988 година. Нејзиниот фустан беше до колена и малку потесен за телото. Лејди Ди го надополнила фустанот со капа во ист дезен и морнарско-бели салонки. Обетките што ги носеше беа слични на оние што ги избра Кејт, со висечки бисери и накит, а до нив стави и бисерно ланче. Гледано од оваа перспектива, би се рекло дека модата не се променила многу во последните 34 години. Фото:Принтскрин/Инстаграм/royaladdicted_new/Твитер
 
 ]]>
Конечно заедно еден покрај друг: Принцот Вилијам и Хари ја открија статуата на Дајана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/konechno-zaedno-eden-pokraj-drug-princot-vilijam-i-hari-ja-otkrija-statuata-na-dajana-foto/ Fri, 02 Jul 2021 08:21:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209372

Војводите од Кембриџ и Сасекс, принцот Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на покојната принцеза Дајана, а по тој повод изјавија: „секој ден сакаме таа да е со нас овде“. Принцовите присуствуваа на церемонијата во дворот на Кенсингтонската палата на денот кога нивната мајка ќе наполнеше 60 години. Ова беше прво нивно заедничко појавување од погребот на нивниот дедо, принцот Филип кој почина во април. „Се сеќаваме на нејзината љубов, каракатер и сила“ изјавија тие. „Нејзините особини ја направија позната ширум светот и таа промени многу животи на подобро“. Тие истакнаа дека се надеваат дека споменикот секогаш ќе биде симбол на нејзиниот живот.

Повеќе на vistina.mk]]>

Војводите од Кембриџ и Сасекс, принцот Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на покојната принцеза Дајана, а по тој повод изјавија: „секој ден сакаме таа да е со нас овде“. Принцовите присуствуваа на церемонијата во дворот на Кенсингтонската палата на денот кога нивната мајка ќе наполнеше 60 години. Ова беше прво нивно заедничко појавување од погребот на нивниот дедо, принцот Филип кој почина во април. „Се сеќаваме на нејзината љубов, каракатер и сила“ изјавија тие. „Нејзините особини ја направија позната ширум светот и таа промени многу животи на подобро“. Тие истакнаа дека се надеваат дека споменикот секогаш ќе биде симбол на нејзиниот живот. ]]>
Титулата “Нејзиното Височество” принцезата Дајана ја чинеше живот https://arhiva.vistina.com.mk/titulata-nejzinoto-visochestvo-princezata-dajana-ja-chineshe-zivot/ Thu, 20 Dec 2018 12:15:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64271

Во 1996 година кралицата во парламентот објавила дека принцот и принцезата се разведуваат и дека нивните синови секако ќе пораснат со подеднаква љубов од двата родители. Дајана после разводот доби дозвола да користи дел од Кенсингтонската палата, 17 милиони фунти и слобода, но кралицата ѝ ја одзеде титулата "Нејзиното Височество" и така останала само Дајана, Принцезата од Велс. Тоа значело дека никој повеќе никогаш не смеел да ѝ се поклони, а изгубила и разни бенефиции кои ги носи таа титула. Наводно 15 годишниот принц Вилијам после тоа ѝ ветил на својата мајка дека ќе ѝ ја врати таа титула кога ќе стане крал. https://www.youtube.com/watch?v=OpQrgA-PJ-E Иако тогаш изгледаше дека губењето на таа титула на Дајана ѝ донесе само слобода, тоа сепак не беше лесно. Некои сметаат дека титулата можеше да ѝ го спаси животот. Имено, членовите на кралското семејство кои ја имаат таа титула ги имаат најдобрите можни обезбедувања 0-24, па така би можела да ја избегне трагедијата и пијаниот возач кој ја одведе Дајана во смрт на 31 август 1997 година.

Повеќе на vistina.mk]]>

Во 1996 година кралицата во парламентот објавила дека принцот и принцезата се разведуваат и дека нивните синови секако ќе пораснат со подеднаква љубов од двата родители. Дајана после разводот доби дозвола да користи дел од Кенсингтонската палата, 17 милиони фунти и слобода, но кралицата ѝ ја одзеде титулата "Нејзиното Височество" и така останала само Дајана, Принцезата од Велс. Тоа значело дека никој повеќе никогаш не смеел да ѝ се поклони, а изгубила и разни бенефиции кои ги носи таа титула. Наводно 15 годишниот принц Вилијам после тоа ѝ ветил на својата мајка дека ќе ѝ ја врати таа титула кога ќе стане крал. https://www.youtube.com/watch?v=OpQrgA-PJ-E Иако тогаш изгледаше дека губењето на таа титула на Дајана ѝ донесе само слобода, тоа сепак не беше лесно. Некои сметаат дека титулата можеше да ѝ го спаси животот. Имено, членовите на кралското семејство кои ја имаат таа титула ги имаат најдобрите можни обезбедувања 0-24, па така би можела да ја избегне трагедијата и пијаниот возач кој ја одведе Дајана во смрт на 31 август 1997 година.]]>
Беше најомразената личност во Обидинетото Кралство: Камила Паркер проговори низ што поминала поради Дајана https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-najomrazenata-lichnost-vo-obidinetoto-kralstvo-kamila-parker-progovori-niz-shto-pominala-poradi-dajana/ Tue, 04 Dec 2018 10:24:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61271

Една од најомразените личности во Обидинето Кралство, Камила Паркер Боулз стана една од најпознатите личности. Денес е војвотка од Корнвол и е втора сопруга на принцот Чарлс. „Немам време да размислувам за тоа дали ќе станам кралица. Тоа не е важно. Живеам од денес за утре и ги завршувам своите обврски. Мислам на своето семејство“ изјави Камила. Нејзината врска со Чарлс започнала во 1971 година  и тој ја запознал со некои членови од кралското семејство.  Но, се прекинало кога Чарлс се вратил да служи во морнарница. Не е познато поради кои причини пуканла врската. Семејството мислило дека Камила не е толку добра за да биде сопруг на идниот крал.
Камила се омажила за Ендру Паркер Болз, а Чарлс се оженил со Дајана во 1981 година. Меѓутоа, набрзо ја обновил врската со Камила. Наводно нејзиниот сопруг ја благословил врската бидејќи и тој имал врски до други жени. Нивната љубов со години беше јавна тајна, но во јавност тоа го откри принцезата Дајана во својата биографија. Следната година во медиумите се појавил интимен разговор меѓу Камила и Чарлс. Тогаш Чарлс признал дека ја обновиле љубовта. „Една година не излегов од дома. Се плашев од омразата на јавноста и медиумите кои ме чекаа. Не можев никаде да одам. Времето го поминував во читање и учев да сликам. Децата се однесуваа како се да е нормално“ изјави Камила за „Дејли Мејл“. Со Паркер има две деца, синот Томас и ќерката Лаура. „Беше страшно, не му посакувам ни на најлош непријател. Моите деца секој ден ги гледаа фоторепортерите кои се криеа во дворот“ вели  Камила.
Откако ја признале врска првпат во јавност се појавиле во 1999 година на роденден кај заеднички пријател. Една година подоцна, го следела принцот Чарлс на службено патување,  а во 2001 година ја запознала кралицата Елизабета.  Тоа било знак дека ја одобрува нивната врска. Потоа почнале да живеат заедно, а по свршувачката во 2005 година анктеата покажала дека Британците се согласуваат со нивниот брак. Се венчале истата година на 8 април. За нивната венчавка согласнот требало да дадат кралицата Елизабета, Англиската црква и Владата. Камила вели дека  за да сте член на кралското семејство треба да имате силен карактер. „Воспитана сум никогаш да не се жалам и оправдувам. Не преговарај, заврши  го тоа што мораш. Понекогаш ќе станеш наутро и ќе мислиш дека не можеш, но едноставно мораш. Ако си позитивна личност можеш да направиш многу работи. Мораш да продолжиш. Тоа е бритински начин на живот“, вели Камила. Слободното време сака да го поминува читајќи криминалистички приказни или гледајќи такви телевизиски серии, а многу време поминува и со своите кучиња.

Повеќе на vistina.mk]]>

Една од најомразените личности во Обидинето Кралство, Камила Паркер Боулз стана една од најпознатите личности. Денес е војвотка од Корнвол и е втора сопруга на принцот Чарлс. „Немам време да размислувам за тоа дали ќе станам кралица. Тоа не е важно. Живеам од денес за утре и ги завршувам своите обврски. Мислам на своето семејство“ изјави Камила. Нејзината врска со Чарлс започнала во 1971 година  и тој ја запознал со некои членови од кралското семејство.  Но, се прекинало кога Чарлс се вратил да служи во морнарница. Не е познато поради кои причини пуканла врската. Семејството мислило дека Камила не е толку добра за да биде сопруг на идниот крал.
Камила се омажила за Ендру Паркер Болз, а Чарлс се оженил со Дајана во 1981 година. Меѓутоа, набрзо ја обновил врската со Камила. Наводно нејзиниот сопруг ја благословил врската бидејќи и тој имал врски до други жени. Нивната љубов со години беше јавна тајна, но во јавност тоа го откри принцезата Дајана во својата биографија. Следната година во медиумите се појавил интимен разговор меѓу Камила и Чарлс. Тогаш Чарлс признал дека ја обновиле љубовта. „Една година не излегов од дома. Се плашев од омразата на јавноста и медиумите кои ме чекаа. Не можев никаде да одам. Времето го поминував во читање и учев да сликам. Децата се однесуваа како се да е нормално“ изјави Камила за „Дејли Мејл“. Со Паркер има две деца, синот Томас и ќерката Лаура. „Беше страшно, не му посакувам ни на најлош непријател. Моите деца секој ден ги гледаа фоторепортерите кои се криеа во дворот“ вели  Камила.
Откако ја признале врска првпат во јавност се појавиле во 1999 година на роденден кај заеднички пријател. Една година подоцна, го следела принцот Чарлс на службено патување,  а во 2001 година ја запознала кралицата Елизабета.  Тоа било знак дека ја одобрува нивната врска. Потоа почнале да живеат заедно, а по свршувачката во 2005 година анктеата покажала дека Британците се согласуваат со нивниот брак. Се венчале истата година на 8 април. За нивната венчавка согласнот требало да дадат кралицата Елизабета, Англиската црква и Владата. Камила вели дека  за да сте член на кралското семејство треба да имате силен карактер. „Воспитана сум никогаш да не се жалам и оправдувам. Не преговарај, заврши  го тоа што мораш. Понекогаш ќе станеш наутро и ќе мислиш дека не можеш, но едноставно мораш. Ако си позитивна личност можеш да направиш многу работи. Мораш да продолжиш. Тоа е бритински начин на живот“, вели Камила. Слободното време сака да го поминува читајќи криминалистички приказни или гледајќи такви телевизиски серии, а многу време поминува и со своите кучиња.]]>
Откриена пораката која принцот Чарлс и ја испратил на Дијана ноќта пред венчавката https://arhiva.vistina.com.mk/otkriena-porakata-koja-princot-charls-i-ja-ispratil-na-dijana-nokjta-pred-venchavkata/ Mon, 26 Nov 2018 09:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59697

Принцот Чарлс неодамна го прослави својот 70 роденден, а јавноста се уште се интеренсира за детали од неговиот  приватниот живот. Пени Јуниор, кралскиот биограф тврди дека ноќта пред свадбата принцот Чарлс испратил кратка порака на Дајана во кралскиот дворец, каде што таа се одмарала со нејзината сестра. Иако знаел дека венчавката му е голема грешка, принцот пратил порака за поддршка за Дајана. „Многу сум горд на тебе и утре те чекам кај олтарот. Погледни ги сите во очи и ќе ги воодушевиш“, напишал принцот  Чарлс.
Нивниот брак почнала да се распаѓа неколку дена по венчавката кога Дајана открила дека има врска со Камил. Наводно,  Дајана сакале да ја откаже свадба, но било предоцна.

Повеќе на vistina.mk]]>

Принцот Чарлс неодамна го прослави својот 70 роденден, а јавноста се уште се интеренсира за детали од неговиот  приватниот живот. Пени Јуниор, кралскиот биограф тврди дека ноќта пред свадбата принцот Чарлс испратил кратка порака на Дајана во кралскиот дворец, каде што таа се одмарала со нејзината сестра. Иако знаел дека венчавката му е голема грешка, принцот пратил порака за поддршка за Дајана. „Многу сум горд на тебе и утре те чекам кај олтарот. Погледни ги сите во очи и ќе ги воодушевиш“, напишал принцот  Чарлс.
Нивниот брак почнала да се распаѓа неколку дена по венчавката кога Дајана открила дека има врска со Камил. Наводно,  Дајана сакале да ја откаже свадба, но било предоцна.]]>
Солзите сами ќе ви потечат: Еве на кој начин принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката на нејзиниот син и Меган Маркл https://arhiva.vistina.com.mk/solzite-sami-kje-vi-potechat-eve-na-koj-nachin-princezata-dajana-kje-bide-del-od-venchavkata-na-nejziniot-sin-i-megan-markl/ Fri, 18 May 2018 11:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=27706

Кога принцот Хари и Меган ја донесоа одлуката дека ќе се венчаат во капелата „Свет Ѓорѓија“ во Виндзор, јавноста веднаш претпостави дека кралското семејство и тоа како ќе го почувствува отсуството на принцезата Дајана. Но сепак Хари речиси и да не ја заборави својата мајка која ќе биде дел од кралската венчавка на еден поинаков начин. Имено принцот Хари за прстенот на Меган земал два дијаманта од колекцијата на својата мајка, а прстенот сам го дизајнирал. Тој вели дека има денови кога жали по својата мајка бидејќи не може да ги сподели убавите вести со неа, но тоа не е секогаш возможно- па затоа сака на овој начин да биде таа присутна на нивната венчавка.
Освен тоа британските медиуми пишуваат дека Меган ќе ја носи и тијарата која Дајана ја носела кога се венчаше со принцот Чарлс. Преку декорацијата со рози, принцот ќе се потсетува на својата мајка која многу ги обожуваше белите рози. Освен тоа принцот не ги заборави ниту братот и двете сестри кои се поканети на венчавката.