дадо топиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 29 Aug 2023 06:22:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дадо топиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дадо Топиќ: „Македонија“ ја пеам 50 години со иста страст https://arhiva.vistina.com.mk/dado-topik-makedonija-ja-peam-50-godini-so-ista-strast/ Tue, 29 Aug 2023 06:22:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=315571

Легендарниот Дадо Топиќ („Македонија“, „Дали знаш да те волим“, „Елизабет“, „За који живот да се родим“...) на јубилејното издание на „Охрид фест“, во Интернационалната вечер на 2 септември, ќе ја добие наградата за ширење музика на Балканот. Инаку, ова е интересна година - „Охрид фест“ ќе го има 30-тото издание, песната „Македонија“ одбележува 50 години постоење, а Дадо на 4 септември полни 74 години, и сите овие убави поводи ќе ги прослави токму кај нас, во Македонија. - Со голема радост доаѓам во Македонија, во Охрид, вели Дадо. - Не можете ниту да сфатите колку луѓето ја сакаат Македонија и колку знаат за неа, за македонската убавина, естетиката, хармонијата на ритамот и јазикот. Македонија има свој идентитет во музиката. Одамна не сум бил кај вас, ми значи поддршката од топлиот југ, се радувам на средбата со публиката. Патем, Копров ми кажа дека има песна за мене, значи можна е и соработка, а „Охрид фест“ е фестивал на кој му посакувам уште толку години. Во Интернационалната вечер ќе ја изведете легендарната „Македонија“ песна која со ист интензитет трае веќе 5 децении. -Луѓето го препознаваат македонското, има многу македонци во целиот свет, и сите тие првин ја бараат „Македонија“. Инаку, уште како мал ги засакав македонските песни, како дете ги слушав, ми се врежаа во меморијата а резултат на тоа е песната „Македонија“ која е мега слушана на сите континенти. Јас само го напишав текстот и музиката, а се`друго направија луѓето, тие не даваат да се заборави. Затоа и трае 5 децении. Имате континуирана кариера, постојано патувате, настапувате. Што ќе направите прво откако ќе стигнете во Македонија? -Не останаа многу музичари од мојата генерација а јас ете имам кариера во континуитет. Фала му на Господ, здравјето добро ме служи, па ќе бидам на пат се додека ме бараат...А штом ќе стигнам во Македонија се знае: и јас не сум имун на вашата кујна, ќе уживам во македонските специјалитети, превкусен зеленчук, салати, тавче гравче, пинџур, и само тоа го јадам. Фото:Марина Пешиќ]]>

Дадо Топиќ и Влатко Стефановски заедно во љубовната рок балада – „Само за њу“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dado-topikj-i-vlatko-stefanovski-zaedno-vo-ljubovnata-rok-balada-samo-za-nju-video/ Tue, 05 Jul 2022 12:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257218

Фондацијата „План Б“ за прв пат ги обедини легендарните музичари Дадо Топиќ и Влатко Стефановски.  Љуовната рок балада  „Само за њу“, за која текстот го напиша Дадо Топиќ, а композитори се Зоран Коневиќ и Шидахар Соланки. Оваа песна е една од деветте песни на неодамна објавениот албум „Plan B vol 1“. Во Младинскиот театар во Бања Лука се снимаше интересно видео во режија на Сузана Лазиќ, а љубовната приказна на посебен начин ја претставија актерите во спотот Хелена Миљковиќ и Милан Бабиќ. Албумот „Plan B vol. 1“ во издание на Tesla Music и Croatia Records беше претставен пред медиумите на почетокот на јуни на прес-конференција во Водице во рамките на фестивалот „CMC“, а неодамна беше успешно претставен и во Сараево. Проследете во продолжение како звучи изгледа „Само за њу“ на Дадо Топиќ и Влатко Стефановски: ]]>

Починатиот Сања Илиќ го напиша еден од најголемите ЈУ хитови, кој доживеа невидена неправда: На неговата „Принцеза“ некој однапред и кажа „Чао аморе“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochinatiot-sanja-ilikj-go-napisha-eden-od-najgolemite-ju-hitovi-koj-dozivea-nevidena-nepravda-na-negovata-princeza-nekoj-odnapred-i-kaza-chao-amore/ Mon, 08 Mar 2021 13:26:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193135

Српскиот музичар,  фронтмен на групата „Балканика“, композитор и архитект, Александар Сања Илиќ, почина вчера, недела. 7 март 2021 год. од последиците од коронавирусот на 70-годишна возраст. Сања зад себе остави широк опус на композиции што ги создаде, но малкумина знаат дека тој учествувал во компонирањето на песната, која важи за еден од најголемите југословенски хитови, а ја пеат Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ, несудената евровизиска балада „некаде надвор од планетатата“ или попозната како  - „Принцеза“. Имено, во 1984 година оваа песна речиси ќе ја претставуваше Југославија на Евровизија, но поради т.н. „Југословенски клуч“, не го освои првото место на „Југовизија“, иако песната стана еден од најголемите хитови на тогашна Југославија. Музиката ја компонираше Сања Илиќ, текстот го напиша Дадо Топиќ, аранжманот го направи Слободан Марковиќ, а ги отпеа придружните вокални линии и вокален продуцент на композицијата беше Слаѓана Милошевиќ. „Тогаш проработе таканаречената естрадно-политичка  југословенска кујна. Сите центри гледаа кој има најдобра песна и потоа му ги ништеа бодовите. Победничката песна во тоа време не беше од Подгорица, туку од Загреб. Во тоа време Загреб и Подгорица му „симнуваа“ поени на Белград, па „Принцеза“ не беше ниту прва ниту втора, туку некаде шеста, а на Евровизија отидоа Владо Калембер и Изолда Баруџија со песната Чао аморе“ - раскажа своевремено, сега веќе покојниот Илиќ. Неколку недели по завршувањето на натпреварот, ПГП РТБ го издаде макси синглот „Принцеза“, кој беше најпродаван во Југославија таа година, а песната стана хит на годината. Оваа композиција најчесто беше избирана за најдобра балада на сите времиња на овие простори. Квалитетот на песната беше препознаен и од другите култури, така што „Принцеза“ има свои верзии на повеќе јазици, во повеќе земји низ светот. https://www.youtube.com/watch?v=-aSLpIV5uRM&t=169s]]>