дада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Dec 2017 08:43:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png дада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И познатите одат на прослава: Кај Гокса во „Дада“ се собра цела естрада! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-poznatite-odat-na-proslava-kaj-goksa-vo-dada-se-sobra-cela-estrada-foto/ Tue, 26 Dec 2017 08:43:16 +0000 http://vistina.mk/?p=7709

Предновогодишните прослави последниве години некако станаа многу популарни. Дури и попопуларни од дочекот на самата Нова година. Две недели пред Нова година кафеаните се полни како кибрит. Нема каде игла да фрлиш, место не се наоѓа ако претходно не закажете на време. Поголеми или помали друштва, потесни или пошироки семејства, цели фирми, колеги и колешки, работни колективи... нема шпто нема. И од клиентела и од јадење и пиење. Од салати и туршии, преку разни мезиња и специјалитети до скара и печења... Се јаде и пие, се дружи и секако се пее и се весели... А веселба без музика и танци нема. некаде народњаци, негде забавњаци, од ѓускање и танго до оро и коло... Зависи каде си, си кого си и што повеќе те расположува!
Овие денови велат, се рај за угостителите и за естрадата. Период кога и едните и другите „жнеат“ приход! Ама сте се запрашале ли некогаш, дали угостителите и готвачите, дали водителите и пејачите, балерините, танчарките... со еден збор дали познатите и јавни фаци и покрај обврските и сета своја слава одат јавно на предновогодишна прослава? Поретко или почесто, овј пат тоа се случи: речиси целата естрада случајно или намерно,  да се собере на едно место, во една позната скопска кафеана.
Познатиот виолинист и естраден уметник Горјан Стојановски - Гокса, кој воедно е и угостител успеа во една вечер да ги собере сите познати во својата меана. Или што би рекле: кај Гокса во „Дада“ се собра цела естрада!
Кремот на македонската забавна естрада, македонските музички ѕвезди Елена Ристеска, Викторија Лоба, Даниел Кајмакоски, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст Тајм“ кои на неколку локации во Скопје, го снимаа видео-спотот за најновата божиќна песна „Вечниот Бог“,  разбирливо без „Златните славејчиња“, ама затоа засилени со Роберт Билбилов „окупираа“ една голема маса за предновогодишна седенка. Од снимање директно на кркање, пиење и приватно дружење.
На исто место, ама на различна маса беше и комплетната екипа на „Брза кујна“! Оние што ги подготвуваат специјалитетите што ги гледате на ТВ екраните и оние што го подготвуваат ова популарно кулинарнско ТВ шоу зад камерите! Само што овој пат шефовите Марк и Никола не готвеа, туку  само уживаа, кулираа и дегустираа! Водителката Александра овој пат немаше што да води... освен пријатни, пријателски и колегијални муабети! Конечно, насмевките говорат се’!
Покрај нив од познатите гости таа вечер уште многу познати балерини, членови на воениот оркестар, професори од музичко училиште... па домаќинот, со полно право јавно запраша на социјалните мрежи: „Е не знам дали некој има поубави гости од моите“? Епа, нема! Не барем засега! Зашто, волку „слава“ на предновогодишна прослава на едно место, ретко се гледа! Онака весело, расположено, предновогодишно... Нека е само за арно и убаво!  ]]>