да си моја ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 12:55:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png да си моја ти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Павле Камилоски се’ би направил само една желба да му се оствари – „Да си моја ти“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pavle-kamiloski/ Thu, 09 Nov 2023 12:52:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326222

Павле Камилоски  деновиве ја промовираше во јавноста својата нова песна „Да си моја ти”, која е петта авторска во неговиот пејачки опус. Песната е во тој модерен поп стил со фанки примеси, чиј автори се познатиот музичар и гитарист Дамир Пух и пејачката Наташа Миха која е коавтор на музиката, а воедно ги напишала и стихови, а ги пее и придружните вокали. Песната иако жанровски поразлична од она што Павле преферирал да го пее досега е доволно енергична и емотивна, на што се надоврзува и нејзината визуелизација,  во која со својата елеганција, убавина и „неподнослива леснотија на движењата“, доминира атрактивната балерина од МОБ, неодоливата Никита. спотот е во режија на докажаниот маестро Александар Ристовски Принц за кој Павле кажува дека “во буквална смисла Принц го зборува мојот јазик и со леснотија го продуцира она кое што јас го чувствувам“. Спотот се снимаше во убавиот Галичник, од каде што се корените на Камилоски. Павле Камилоски е познат и по своите традиционални предновогодишни скопски концерти кои со неговото пеење ја разубавуваат уште повеќе свечената атмосфера која владее тие денови во македонска метропола секоја година, па така.ќе биде и годинава. Концертот е закажан за 15-ти декември во МНТ со почеток во 20 часот. „Mојот прекрасен Галичник прикажан преку нежноста и елеганцијата на Никита никогаш не изгледал поубаво“ - воодушевено ќе каже Павле за местото од каде ги влече корените на своето потекло. Како звучи новата песна на Павле Камилоски и како изгледа нејзината визуелизација, проследете од видеото во продолжение: ]]>