„Да се означиме“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 05 Jun 2022 12:31:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Да се означиме“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовирана драмата „Да се означиме” од Христина Ѓоргиевска https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-dramata-da-se-oznachime-od-hristina-gjorgievska/ Sun, 05 Jun 2022 12:31:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253075

Издаваштвото од роднокрајни автори од Крива Паланка од денеска е збогатено со книгата „Да се означиме” од младата авторка Христина Ѓоргиевска.
„Да се означиме“ e современа драма во која преку интересни, хумористични и саркастични секојдневни ситуации Ѓоргиевска го прикажува секојдневието на 21- от век, зависноста од социјалните мрежи и отуѓеноста меѓу луѓето.
Книгата е објавена со поддршка на Националната установа Центар за култура Крива Паланка и Министерството за култура на Северна Македонија, како дел од годишната програма за култура за 2022 година.
Промотори на книгата беа Евгенија Чапрагоска и Ирена Белешковска, а сценска адаптација на дел од текстот изведоа младите талентирани актерки од драмското студио во НУЦК Крива Паланка, Марта Петровска и Лара Стевановска.
-Ако големиот руски класик Лав Толстој во неговото капитално дело „Ана Каренина” пред два века напиша „сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”…, тогаш несомнено, од перспектива на „граѓанин на модерната ера”- жител на светот во 21 век, би додала дека секое семејство на денешнината има два света во кои егзистира: првиот, оној реалниот, опиплив и световен, каде се присутни неговото тело, лик и дело, кадешто катаден живее и се храни и вториот, оној виртуелен свет, кадешто е распространет на сите страни, со слика, лика и прилика какви што сака да претстави презентирајќи се во сјај, раскош или улога, што самиот ќе одлучи да ја глуми на големата имагинарна сцена со креираните интернет профили на социјалните мрежи. Моделот на едно такво семејство, со презиме Христовски, е профилиран, и тоа сосема умешно, експлицитно и реалистично, токму од авторката на драмата „Ајде да се означиме”, првенче, на младата Христина Ѓоргиевска.
За Христовски авторката ќе рече „исто како и милион други семејства во современо време…зависни од социјалните мрежи. Со една рака го држат телефонот со другата вилушката. Со едното уше слушаат од телевизорот, со другото зборуваат на телефон. Изгубени во виртуалниот свет на високото ниво на технологијата, рече филолог Ирена Белешковска.
Авторката Ѓоргиевска упати благодарност за поддршката од Центарот за култура Крива Паланка и Министерството за култура на Северна Македонија, како и до најзаслужниот за објава на книгата која првично беше замислена да се постави на сцена и беше поставена премиерно во август 2021, е младиот режисер Глигор Цветковски, координатор на драмското студио во НУЦК, кој ја загуби битката со корона вирусот.
]]>

„Да се означиме“ е првата книга, драма на младата авторка Христина Ѓоргиевска https://arhiva.vistina.com.mk/da-se-oznachime-e-prvata-kniga-drama-na-mladata-avtorka-hristina-gjorgievska/ Mon, 23 May 2022 09:17:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251656

„Да се означиме“ ( Check in ) e современа драма во која преку интересни, хумористични и саркастични секојдневни ситуации, Христина Ѓоргиевска го прикажува секојдневието на 21иот век, зависноста од социјалните мрежи и отуѓеноста меѓу луѓето. Ѓоргиевска на многу суптилен начин не воведува во приватниот свет на главните ликови, членовите на семејството Христовски, двете ќерки, Габриела и Мила, кои се одраз на ликови што со сигурност редовно ги гледате до вас: на соседната маса во кафулето кадешто пиете кафе, а и се означувате ( читај: тагнувате), во автобусот со кој патувате кон и од работа, на факултет, во училиште, во соседството... како со слушалките на уши загледани во телефонот/ компјутерот не слушаат ништо и никого околу себе "со левата рака привремено се обидува да ја погоди чинијата во која има кикирики и “фраерски“ да јаде. Додека се допишува со некој привремено се насмевнува. Изгубена е во својот виртуелен свет”. За една „Инстаграм приказна“, лајк, коментар, реакција, ликовите во драмата прават се за да на социјалните мрежи, преку екранот на телефонот или компјутерот да покажат живот кои можеби не постои кога ќе се исклучи екранот, притоа живејќи многу виртуелно, а малку реално. Драмата е во издаваштво на Центар за Култура - Крива Паланка, поддржана од Министерство за култура.]]>

Во Крива Паланка премиерно изведена претставата „Да се означиме“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-kriva-palanka-premierno-izvedena-pretstavata-da-se-oznachime/ Tue, 31 Aug 2021 18:17:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217454

На сцената на Националната установа Центар за култура Крива Паланка синоќа премиерно беше прикажана претставата „Да се означиме“, работена по текст на младата кривопаланечка авторка Христина Ѓоргиевска, во режија на Глигор Цветковски. Современата и актуелна драмска комично-саркастична постановка на сцената ја изнесоа четиринаесет млади актери, членови на драмското студио и театар при НУЦК, а настанот го организира Центарот за култура со поддршка од Министерството за култура. – Станува збор за актуелен текст со тема што ја одбележа минатата и сѐ повеќе ја карактеризира деценијата во која живееме: актуелното неминовно современо „зло“ на асоцијацијален живот во виртуелниот свет на социјални медиуми, алиенизација и оттуѓување на блиските. Мора да ѝ честитам на авторката чијшто прв драмски текст е токму овој, за умешноста да се создадат 14 ликови со карактери и комични реплики, содржина со приказ на сите сегменти на преживеалците на совремието. Се наѕира талентот за вешто ткаење заплети и веќе договараме нови идни заеднички проекти, изјави режисерот Цветковски. Авторката Ѓоргиевска беше воодушевена од посетеноста и интересот за претставата. – Ако големиот Руски класик Лав Николаевич Толстој за неговото капитално дело „Ана Каренина“ пред два века напиша „сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“…., тогаш несомнено, од перспектива на „граѓанин на модерната ера“, жител на светот во 21 век, би додала дека секое семејство на денешнината има два света во кои егзистира: првиот, оној реалниот, опиплив и световен, каде се присутни неговото тело, лик и дело, кадешто катаден живее и се храни и вториот, оној виртуелен свет, кадешто е распространет на сите страни, со слика, лика и прилика какви што сака да претстави презентирајќи се во сјај, раскош или улога, што самиот ќе одлучи да ја глуми на големата имагинарна сцена со креираните интернет профили на социјалните мрежи. Токму драмата „Да се означиме“ е олицетворение на нашето секојдневие, на нашата изгубеност во виртуелниот свет и без перцепција за реалното, вистинитото. Еден лајк, едно „стори“ или приказна, една објава, еден статус не претвори во робови на современата технологија, а „Да се означиме“ тоа го прикажува на хумористичен, ироничен начин. Многу сум радосна и горда што моето прво дело е изведено на сцената на театарот токму во мојата родна Крива Паланка. Многу сум среќна кога за мојот град се зборува за убави и успешни дела, зашто ние сме мало, но големо по срце градче, рече Ѓоргиевска.
Порача луѓето повеќе да живеат реално, отколку виртуелно, повеќе во секојдневниот живот, отколку на социјалните мрежи и да бидат упорни во зацртаните цели бидејќи, како што рече, упорноста секогаш дава резултати.