да имаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Oct 2021 07:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png да имаш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов „прави разлика“ како може да се има само една жена, ама неговата разлика отвора нова дилема? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-pravi-razlika-kako-moze-da-se-ima-samo-edna-zena-ama-negovata-razlika-otvora-nova-dilema-foto/ Fri, 22 Oct 2021 07:25:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224064

Игор Џамбазов и Илина Арсова, во љубов како од бајките, од соништата, од приказните... Иако секоја љубовна идила не е токму „онаа вистинската“ и не завршува баш како во приказните: ...„И така среќно си живееја до крајот на животот“...!  Впрочем и големиот, нему омилен Балашевиќ пееше: „Сите вистински љубови се тажни“... Секако, тоа воопшто не мора да значи и да биде така! Бројни примери го покажуваат токму спротивното, па оттаму и дилемата кај многумина „казанови и донжуани“ кога ќе ја најдат „вистинската“, дали многуте пред неа биле само предигра, пред да се појави таа или и таа е една од многуте? Игор Џамбазов очигледно ја нема таа дилема. Не дека сегашнава му е прва, туку дека веројатно за прв пат ја чувствува како „последна“... „Таа е таа“ и ниту една друга. Ни пред неа, ни скраја да е, по неа! Од швалерска страна, можеби не спаѓал во „тарзани“ и не е бил кој знае колко добар швалер како Маленко, иако далеку од тоа „дека е бил зајче“, па за некои негови љубови се слушаше надалеку, од Скопје до Галичник и Јанче. Но, од сите бивши од Скопје, преку Виница и Каменица до Дојран и Струмица, по се' изгледа најмногу при срце му легна оваа сегашнава мома што се качува по карпи и ја освојува секоја планина, а се вика Илина! Затоа и споделил еден пост на својот Инстаграм во кој прави разлика помеѓу „имање многу жени“  и „многу имање“, една жена! „Страшно ме нервира кога некој ќе рече дека ИМАЛ многу жени. Јас под ИМАЊЕ подразбирам целосна предаденост, целосна конекција и нешто трајно, бесконечно. А така може да се ИМА само една жена“ - споделил Џамбазов на својот Инстаграм. Оние, неискусните фраери и помладите  девојчиња веднаш ќе речат: „Леле, колку романтично... Браво“! Додека „старите мачори“ и „дамите со минат труд“ и во тоа романтично ќе најдат нешто симптоматично, па ќе се подзамислат, сомничаво анализирајќи го постот во дилема и недоумица: Дали тоа шоуменот целосно искрено „се отвори“ или само сака на сегашнава, „отворено и јавно“, дополнително да и се додвори? Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov
     ]]>