д фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Nov 2022 10:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png д фестивал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 “Таксират” и “Д Фестивал” номинирани за најдобри фестивали во Европа https://arhiva.vistina.com.mk/taksirat-i-d-festival-nominirani-za-najdobri-festivali-vo-evropa/ Tue, 22 Nov 2022 10:44:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276918

Двата најголеми фестивали во организација на „Пасворд Продакшн“ – “Таксират” и “Д Фестивал”, се во трка за престижните „Европски Фестивалски Награди“ (European Festival Awards), најзначајното признание за музичките настани на стариот континент. Нашите фестивали се единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави ширум Европа. Зимскиот “Таксират” влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак “Д Фестивал” е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10.000 посетители дневно. По оваа исклучително значајна номинација, за изборот на победницте следно е главниот збор на милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за сите, па и македонската публика. „Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката. Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа – European Festival Awards јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември]]>

Почнува 11-то издание на „Д Фестивал“ во Дојран https://arhiva.vistina.com.mk/pochnuva-11-to-izdanie-na-d-festival-vo-dojran/ Fri, 01 Jul 2022 11:46:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256729

Денес започнува најголемиот македонски фестивал на алтернативна музика под отворено небо – „Д Фестивал“. Тридневната програма на летниот фестивал што по 11-ти пат се одржува крај Дојранското езеро е пополнета со над 50 светски имиња што тргнуваат од жанрот на електронска музика, поминуваат преку прагот на реге, хип-хоп, транс, пост-рок, рок, панк се до метал и уште многу други елементи на видовите музика, сите пристигнуваат на годинешниот „Д фест“ . На секоја од шесте бини за време на трите фестивалски дена што ќе го одбележат почетокот на седмиот месец ќе се претстават и македонски артисти, музичари и бендови, меѓу кои се хип-хоп групата „Чиста околина“, „Зад аголот“, „Луфтанза“, „Перија“, проектот „Пијан Славеј“ на Бранислав Николов, „Хајка“, „Короужн“, „Преку ред“, Дина Јашари, Флудер, Џантрикс… Креативното јадро на омилениот фестивал, ПлоштАрт ќе понуди бројни дискусии, работилници, изложби, промоција на нови артисти, дискусии, а „Пасворд“ ветува фестивалски помин со илјадници ваши луѓе, сонце, музика и љубов. Оваа година за прв пат ќе биде воведена „ТАНТЕ“, официјалната платежна картичка и само со неа ќе може да се купи храна, пијалок, сувенир и сѐ друго на продажните пунктови во рамките на Фестивалот. Вратите за сите фестивалски кампери кои со билетот земале дополнително камп место се отвораат денес во 15:00 часот. „Тоа што денес е тродневна прослава на позитивната атмосфера преку музика, филм, театар…претставено на неколку бини и фестивалски камп а посетено од 15000 насмеани лица, пред 11 години имаше навистина друга форма која можеби и не ветуваше дека овој фестивал ќе израсне во тоа што е денес, симбол на заедништвото, убаво поминатото време, дружењето и на крај на денот љубовта“, пишуваат од „Пасворд продукција“. „Токму љубовта“, како што велат е „основниот двигател и мотив на сите присутни на фестивалот, организаторите, артистите и публиката. И сето тоа на Дојранското езеро, мало ама жилаво…токму како сите нас. Мал ама силен магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти“. Досега на „Д фест“ имаат настапувано: Manu Chao La Ventura, Paul Van Dyk, Roger Sanchez, Inister, Egoruthmia, Conquering Lion, Кирил Џајковски, Spectrum, Влатко Стефановски, Kain, Bass Infusion и многу, многу други. фото:Д Фестивал/Фејсбук]]>

„Д Фестивал“ од 1-ви до 3-ти јули во Дојран https://arhiva.vistina.com.mk/d-festival-od-1-vi-do-3-ti-juli-vo-dojran/ Mon, 07 Mar 2022 13:49:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242064

Официјалниот плакат за #ДФЕСТИВАЛ2022 ни пристигна од креативната ризница на нашиот драг пријател, уметник и илустратор Ване Костуранов, соопштија организаторите. Радосни сме и неизмерно благодарни што петта година по ред имаме чест визуелниот идентитет на Д Фестивал да биде дел од неговото уникатно и инспиративно дизајнерско портфолио! А време е и за повторно заедно да се радуваме! Датумот е закажан, разбудете го фестивалскиот дух во себе и резервирајте си ги Д деновите за ова лето. ]]>

Дојран домаќин на традиционалниот музички фестивал „Д Фест” https://arhiva.vistina.com.mk/dojran-domakjin-na-tradicionalniot-muzichki-festival-d-fest/ Thu, 12 Aug 2021 12:46:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=215041

 Единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Д Фест„ кое годинава ќе трае само два дена, ќе се одржи утре и во сабота на главната бина во Дојран, потврдија организаторите. – Безбедноста и здравјето на сите посетители и ангажирани лица е наш најголем приоритет на манифестацијата која и годинава ќе се одржи во согласност со мерките за заштита од пандемијата и со целосно придржување кон безбедносниот протокол кој моментно дозволува присуство на најмногу 50 отсто од расположливиот капацитет, велат организаторите. Според програмата, утре на првата вечер од фестивалот ќе настапат електронското дуо „Горгон сити” и бендовите „Дубиоза колектив”, „Репетитор” и „Фолтин”, а вториот ден е резервиран за настап на Кирил Џајковски, раперот Страјк и бендовите „Смат” и „21 век”. Билетите за двата фестивалски дена се продаваат по 850, а еднодневниот чини 500 денари. Важат и сите влезници кои биле купени за минатогодишното неодржано фестивалско издание, најдоцна до 30 јули, соопштија организаторите.]]>

Утре започнува „Д Фетивал и пријателите“ https://arhiva.vistina.com.mk/utre-zapochnuva-d-fetival-i-prijatelite/ Fri, 21 Aug 2020 11:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164359

Само еден ден не дели од прекрасната летна авантура Д Фестивал која оваа година се одржува на 22-ри август (сабота) на главната бина "Паркинг Гранит" во Дојран со почеток од 19 часот. Овогодинашното издание на фестивалот е целосно посветено на домашната музичка сцена Посетителите ќе имаат можност да ги чујат СУПЕРХИКС, ЛД ПИСТОЛЕРО, BERNAYS PROPAGANDA, PLUTO'S DOUBTS, DONPLAYA, PRINCE$$ DONATSU & BON PRASKIZA! На програмата се придружуваат GLOOMIE и тимот на RED BULL кои ќе ни овозможат еден необичен настап каде што публиката ќе има шанса да гласа за своите омилени битови. Сите кои имаат набавено билет за Д Фестивал 2020 до 30.07.2020 година ќе можат со истиот да присуствуваат на две Д Фестивал изданија - на Д Фестивал и пријателите, а и на наредното големо роденденско издание во 2021-ва година, каде што ќе ни се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци. Подготовките за роденденското издание на Д Фестивал кое ќе се одржи од 2-4 јули 2021-ва се веќе во тек! Потврдени се и првите изведувачи - синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист - КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones - MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth - РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо - BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика - ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за Д Фестивал 2021! Д Фестивал максимално ќе се погрижи за безбедноста во текот на настанот, запазувајќи ги сите мерки кои ги наложува протоколот за организирање на настани. Билетарницата започнува со работа од 18 часот, а вратите на фестивалот се отвораат во 19 часот. Препорачуваме публиката да дојде на време, постојано да ја носи својата маска, да одржува растојание и хигиена во текот на целиот настан.]]>

„Д Фестивал“ на 22 август со македонски артисти, без камп и со строго пропишани безбедносни мерки https://arhiva.vistina.com.mk/d-festival-na-22-avgust-so-makedonski-artisti-bez-kamp-i-so-strogo-propishani-bezbednosni-merki/ Tue, 04 Aug 2020 12:35:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161782

Организаторите на „Д Фестивал“ ја објавија програмата со македонски артисти за овогодинешното фестивалско издание во Дојран, кое поради кризната состојба и безбедносните мерки ќе биде скратено на еден ден – 22 август. „Д Фестивал“ ќе се одржува само на главната бина која е распространета на 10.000 квадратни метри, а капацитетот ќе биде ограничен на само 30%. Се дружиме со бендот кој го отвори првиот Д Фестивал – банда инструментале Суперхикс, претставниците на независната музичка сцена во регионот Bernays Propaganda, гордоста на домашниот андерграунд хип-хоп LD Pistolero, предводниците на трап звукот Donplaya, Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu и за прв пат во Дојран, симпатиите на новата генерација Pluto’s Doubts!, соопштуваат организаторите. Меѓу другото, објавија дека скоро сите артисти што требаше да настапуваат за ова издание – потврдени се за 2021 година. Организаторите потенцираат дека со месеци работат и се подготвуваат да овозможат безбедна атмосфера за посетителите. Носењето на маски, дезинфекција на рацете, одржување на физичко растојание од 1,5 метри и мерењето температура се задолжителни за сите. Редарите ќе имаат право да го отстранат секој поединец кој не ги почитува мерките. Кампот годинава нема да биде отворен. Поради безбедносни причини нема да има ниту „Church Stage“, програма „Lake Awake“, а и „ПлоштАрт“ е презакажан за 2021. Првиот контигент на билети кој традиционално се нарекува Ран корморан е веќе во продажба по промотивна цена од 800 денари. Акцијата ќе трае до истекот на количините. Повеќе информации, често поставувани прашања за билети, сцени, програма и рефундации можат да се видат ТУКА.]]>

Јубилејно десетто издание на „Д Фестивал“ https://arhiva.vistina.com.mk/jubilejno-desetto-izdanie-na-d-festival/ Mon, 17 Feb 2020 14:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134612

Единствениот фестивал на отворено во Македонија – Д Фестивал се подготвува за своето јубилејно десетто издание кое ќе се одржи од 3 до 5 јули во Дојран.
Ние веќе започнавме со пакување на најголемата летна авантура во тридневна програма која изобилува со музички, креативни и уметнички перформанси. Главната бина e резервирана за синот на легендарниот Боб Марли – КИ-МАНИ МАРЛИ. Преку своите искрени текстови и музика составена од разни жанрови, ќе ни пренесе важна порака која е дел и од мотото на нашиот фестивал – Peace. Unity. Equality… and Feel D Love! На Ки-Мани му се придружува и еден од најважните артисти од домашната хип-хоп андерграунд сцена, ЛД ПИСТОЛЕРО кој за прв пат доаѓа на Д Фестивал со соло настап. Тука ќе се и ПАРТИБРЕЈКЕРС да ги научат новите и потсетат постарите генерации зошто е потребно да сме исти, посебни, слободни и само свои! Од спротивната страна, на LAKE AWAKE, будни до раните утрински часови ќе нѐ држи германското електронско дуо BOOKA SHADE чија музика е толку совршена што е невозможно да не нѐ разигра. ASTRIX, еден од водечките psytrance продуценти и диџеи на деценијата, препознатлив по својот перфекционизам кога станува збор за музиката, ни подготвува експлозивен сет со кој заедно ќе го дочекаме изгрејсонцето. Гарантираме забава за сите возрасти, па ја збогативме нашата програма со FAMILY DAY. Најомилениот музички хор ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ својот јубилеен 50-ти роденден ќе го прослават заедно со нас!!! За сите деца, да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај… Во интимна атмосфера во CHURCH STAGE, ќе ни се претстави нашата ТЕЛЕМАМА со акустичен микс од албумите “Мис Слобода” и “Краток албум за двајца”. Ова ќе биде нејзиниот единствен настап летово, па со време поканете си ја симпатијата на состанок, велат организаторите.
]]>

Нешо, Кискинов и Авторот имаат заедничко – „Влијание“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/nesho-kiskinov-i-avtorot-imaat-zaednichko-vlijanie-video/ Fri, 12 Jul 2019 12:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97423

Велешкиот рапер  Нешо го претстави најновиот сингл од неговиот прв самостоен албум „Балканизам“ што го промовираше во мај годинава. Станува збор за темата насловена „Влијание“, за која силите ги здружи со колегите Кискинов и Авторот.
„Овој звук е нешто што ќе ве запрепасти ! Премногу топол звук кој доаѓа од Велес па продолжува до Струмица… Уживајте и се гледаме на ’Д фестивал’ во Дојран на 13 јули во сабота на сцената ’Москито’“, порача Нешо.
„Влијание што лечи му посветувам внимание, и да сум депресивен да ме крене ко востание“, рапува велешанецот во својот најнов сингл, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=xPJ40akg1oE]]>

„Фикшн“ се заглавени во ретро, а пејат за… – „Техно“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fikshn-se-zaglaveni-vo-retro-a-pejat-za-tehno-video/ Mon, 10 Jun 2019 12:52:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92315

Скопскиот бенд „Fiction“ направи видеоспот за нивниот трет сингл по ред за песната „Техно“, која следува после нивните песни „После Дождот” (2017) и Некој друг (2018).

Во рок бендот членуваат: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани).

Музиката, текстот и аранжманот се авторско дело на членовите на бендот, додека пак аудио продукцијата е на Ангел Ќосев – студио Подрумот.

„Техно“ го визуелизираа камерманот Горан Талески и монтажерот Деан Стефков, а покрај музичарите се појавува и „женскиот“ модел Гоце Андонов.

Членовите на бендот го најавија и својот прв настап на дојранскиот „Д фестивал“, каде што ќе свират на сцената „Москито“, а присутните ќе имаат можност први да го слушнат новиот материјал што ќе се најде на нивниот деби-албум на кој интензивно работат изминатиов период.

https://www.youtube.com/watch?v=omMd9ERdgj8]]>

Заврши осмото издание на Д Фестивал https://arhiva.vistina.com.mk/zavrshi-osmoto-izdanie-na-d-festival/ Tue, 10 Jul 2018 17:02:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37085

Повеќе од 30 артисти и бендови настапија на четири стејџа на овогодинешниот “Д- фестивал” кој се одржа осма година по ред, а овој пат предизвика голема заинтересираност кај публиката од целиот Балкан. Главната програма се случуваше на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, а на втората фестивалска сцена сместена во кампот имаше посебна програма. Во кампот имаше и голем видео бим преку кој љубителите на фудбалот можеа да ги следат натпреварите на Светското првенство, како и уште многу голем број на интересни содржини и катчиња за релаксација и дружење на посетителите. Настапите на Пол Ван Дајк, Ману Чао, Смат, Дисцајплс, “Архангел”, Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна и многу други, беа причината за посетеноста годинава да биде неколку пати поголема од минатите изданија. Капацитетите за сместување, како што информираа организаторите, беа целосно пополнети, а интересот беше огромен не само кај домашните, туку и кај странските гости. [gallery ids="37086,37087,37088,37089,37090,37091,37092,37093,37094,37095"]]]>