цветници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Apr 2021 12:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цветници – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денеска се слави влегувањето на Господа Исуса Христа во Јерусалим – Цветници https://arhiva.vistina.com.mk/deneska-se-slavi-vleguvanjeto-na-gospoda-isusa-hrista-vo-jerusalim-cvetnici/ Sun, 25 Apr 2021 04:50:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200367

Влегувањето на Исус Христос во Јерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови гранчиња во рацете. Значи, ги слекуваа облеките од себе постилајќи ги пред Него и во восхит возвикнуваа вдахновено: Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев! Дури и некои од дојдените Елини на поклонение за Пасха пристапија и молеа да Го видат. Единствено свештенството и фарисеите се озлобија готвејќи се да Го погубат брзо, а мислеа да го убијат и Лазар кој сведочеше за Неговата сила и за Неговото Божество. И повторно Господ се труди да им го открие Својот идентитет на насобраните и да ги подготви за најблиската иднина и за смислата на оваа мисија и нејзините искушенија. Всушност, кога им сеобраќа со словото за Крстот, тие тогаш го губат знаењето за Него како за Цар и Христос, тогаш им се затвара умот за словото и за Писмата. Цветници се празнуваат во неделата пред Воскресение. Претставуваат сигурно најдраматичниот празник меѓу Дванаесетте големи празници на Црквата. Го ознауваат почетокот на најтешката седмица во историјата на човештвото, којашто аскетското трезвеноумно познание на човековата природа ја нарекува „Страстна“.]]>

Цветанка Глигорова спои убаво со корисно: За роденден се сврши, за именден се омажи! https://arhiva.vistina.com.mk/cvetanka-gligorova-spoi-ubavo-so-korisno-za-rodenden-se-svrshi-za-imenden-se-omazi/ Mon, 02 Apr 2018 07:24:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=18793

Македонската пејачка Цветанка Глигорова, повеќе не е ниту Глигорова, ниту мома. Таа викендов го смени и брачниот статус и презимето, па отсега згодната и распеана кавадарчанка г-ца Глигорова, барајте ја како г-ѓа Бартуловиќ.
Имено, минатата недела објавивме дека Цветанка, тогаш се уште Глигорова славеше роденден. Меѓу останатото она што го доби на подарок, го приложи во вид на фотографија на својот Инстаграм профил:  торта,  букет цвеќе и… веренички прстен во пакет со брачна понуда од нејзиниот избраник Крешимир Бартуловиќ, со кого таа веќе некое време беше во сериозна врска, која ни самата не ја криеше.
Тогаш на на згодната Цеце и беше роденден, а викендов и беше именден.  За Цветници именден нели слават сите оние чие име се совпаѓа со тој ден, па така и Цветанка. Ама распеаната кавадарчанка на овие Цветници имаше приичина за двојно славје. Ако пејачката за роденденот се сврши, за именденот се омажи!
Откако нејзиниот избраник и подари веренички прстен, очигледно решил и да ја побара за сопруга па изборот на денот за свечениот чин паднал токму на нејзиниот именден - на Цветници!
Обајцата облечени во елегантна свечана тоалета пејачката и незиниот, сега веќе сопруг во присуство на најблиските го ставија својот потпис во матичната служба во градското собрание на Кавадарци, па од овие Цветници, Цветанка одново од мома, стана госпоѓа... овој пат Бартуловиќ.
Втората шанса за брачна среќа,  таа ја прослави со најблиските и пријателите и секако со размена на  нежности, прв брачен бакнеж,  невестинска торта и се разбира... весело расположение со свадбена журка и многу музика.
Дали за микрофонот се фати и невестата знаат само најблиските и сватовите, ама дека невестата има наследничка со потенцијал, сега знаат сите.
Откако  ќерката на невестата од првиот брак се фати за микрофонот да запее.
А госпоѓа Бартуловиќ веќе го смени статусот... и животниот и оној на социјалните мрежи...
На ред се документите за лична идентификација и... нови плакати за настап! Нека е со среќа!  ]]>