цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Jan 2020 13:27:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цветковски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Огнен Здравковски по „Гранд“, тргна да го освојува регионот со – „Извини“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-po-grand-trgna-da-go-osvojuva-regionot-so-izvini-video/ Mon, 20 Jan 2020 13:27:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129975

Минатогодишниот финалист на „Ѕвездите на Гранд“, македонскиот пејач Огнен Здравковски откако виде дека може да се носи со врсниците од регион алната естрада, реши да си ја проба среќата во освојување на регионот. Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна. Покрај авторството Лазар и Магдалена ги пеат и придружните вокали, а хитмејкерот го потпишува уште и аранжманот, а стои и зад продукцијата, миксот и мастерингот на песната која е снимена во неговото „ЛЦВ студио“. Музички - отприлика она што комерцијалниот пазар во регионот го бара... Лесно прифатлив поп со балкански „шмек“ и мирис на дискретно спакуван „фолк“. Предиспозиции да стане хит, во зависност од тоа колку ќе го вртат радијата и телевизиите и каков ќе биде маркетингот, кој е добро познато дека на север од Македонија - не е „гратис“! Во темата „Извини“ виолините ги свири сестрата на Огнен, Олгица Здравковска која исто така како и тој е академски музичар, а обајцата се потомоци од легендарното македонско музичко семејтво Џорлеви. Песната ја следи визуелизацијата преку спотот на режисерот Гордан Божиновски од „God Eye Production“, чија видеоприказна сосема солидно кореспондира со приказната во стиховите, иако е евидентно дека не се работи за високобуџетен спот. Во видеото партнерка на Огнен му е моделот Ана Коцевска. Како сето тоа изгледа и звучи, проследете од видеото за „Извини“ во продолжение: ]]>

Мите Стоилков буди љубовни спомени со – „Јави се“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mite-stoilkov-budi-ljubovni-spomeni-so-javi-se-video/ Sat, 23 Nov 2019 11:40:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120146

Талентираниот македонски пејач Мите Стоилков ја објави својата најнова песна. Таа носи наслов „Јави се“ и како автори на истата се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски. Оваа љубовна приказна беше и екранизарана, а во неа може да ги видиме и актерските способности на младиот пејач. „Јави се“ носи силна љубовна порака. Секој во животот би се пронашол и би му разбудиле спомени, сепак спомените се дел од животот. Искрено се надевам дека ќе им се допадне на публиката. За да изгледа се прекрасно како целина, беше врвно стручен кадар на соработници на кои сум им искрено благодарен од срце. Би сакал да ги издвојам најдобрите во нашите простори: Лазар Цветкоски, Ена Цветкоска, а тука се и Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Александар Вајдевски и Христијан Српчански кои се погрижија за ова прекрасно видео“ – вели Стоилков. Мите не застанува тука. Тој веќе работи и на новата песна, за која вели дека е полн погодок.   Да потсетиме, Мите Стоилков е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“, а во оваа сезона ќе имаме прилика повторно да го гледаме како натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“. ]]>