цвеќе на тагата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Feb 2022 09:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цвеќе на тагата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара Иванова за нејзината „евровизиска“ песна има и македонска верзија – „Цвеќе на тагата“ (lyrics video) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-ivanova-za-nejzinata-evroviska-pesna-ima-i-makedonska-verzija-cvekje-na-tagata-lyrics-video/ Thu, 03 Feb 2022 14:45:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237284

Лара Иванова изненади со уникатен пристап со дури две јазични верзии на својата нова песна, со којашто моментално се натпреварува во изборот за македонски претставник на Евровизија 2022. Лара изјави јасен личен став и желба, доколку ја добие довербата на публиката на Конкурсот за избор на македонски претставник и песна што ќе нè претставува на Евровизија оваа година. Пеењето на свој мајчин јазик Лара го согледува како многу подобра опција од пеење на странски јазик, посебно кога станува збор за пеење на Евровизија и претставување на својата земја и култура. „Јас умеам да пеам и на двата јазици, но сепак мајчиниот јазик ѝ дава душа на нашата музика. Моќната нежност на една музичка изведба е целосен круг на автентична интерпретација на една песна, посебно балада каква што е „Цвеќе на тагата. Со македонската, којашто е всушност оригиналната верзија на песната, сакав да покажам дека може да се пее и на повеќе од еден јазик. Ако публиката ми ја даде поддршката и довербата преку глас на платформата на МТВ, по шест години по настапот на Калиопи на Евровизија, лично имам желба да го продолжам паузираниот тренд и да запеам повторно на македонски јазик пред цел свет и Европа, без разлика дали во склоп на целата песна или во комбинирана верзија,“ изјави Лара. Песната е насловена како „Цвеќе на тагата“ (“Flower of Sorrow”), а за која вчера неочекувано и како изненадување за сите, таа објави lyrics-видео на македонската верзија на песната на својот YouTube канал, а гласањето за македонски претставник на Евровизија 2022 трае сè до 04.02.2022 година и истото може да се направи на следниот линк:  https://evrovizija.mrt.com.mk/. ]]>