цуцла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Sep 2023 11:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цуцла – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се штетните последици од предолгата употреба на цуцла https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-shtetnite-posleditsi-od-predolgata-upotreba-na-tsutsla/ Wed, 27 Sep 2023 11:30:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320002

Бебињата и малите деца се речиси незамисливи без цуцла. Многу родители ги користат за да ги смират своите деца и да им пружат своевидна удобност, но стручњаците сѐ почесто предупредуваат на последиците што може да ги предизвика прекумерното користење цуцла. Некои од последиците од предолгата употреба на овој омилен детски предмет за џвакање, може да бидат деформација на непцата, неправилна положба на јазикот, поткаснување или различен начин на голтање, што на крајот може да доведе и до тешкотии со говорот. Затоа е важно да се осознаат методите што можат да му помогнат на детето да се одвикне. Така, според порталот „Веб-МД“ (WebMD), еден од најдобрите начини за постепено ограничување на употребата на цуцли – е да му ја дадете на Вашето дете само кога ќе спие. Исто така, подобро е да се користи пофалба наместо критика. Имено, пофалете го дете кога не носи цуцла, на пр. давајќи му хартиена ѕвезда како награда. Она што е важно да се напомене е и дека многу деца посегнуваат по цуцла поради здодевност. Во тој случај, најдобро е ако малечкото е зафатено со други „задачи“ и занимливости. Подарете му/ѝ играчка што му/ѝ се допаѓа или смислете некои образовно-забавни игри за да им го одвлечете вниманието од цуцлата. За целосно отфрлање на цуцлата, се користат и други смирувачки начини како што е заспивање со нишање, со приказна за тоа како „цуцлата треба да оди на друго место“. Децата ја сакаат креативноста, па мислата „да бидат подалеку од цуцлата“ може да помогне полесно да се збогуваат со дотогашната нивна омилена занимација. Важно е родителот да биде трпелив при одвикнувањето и да ги информирате за тоа оние кои секојдневно се во контакт со Вашето дете. Конечно, важно е и времето кога ќе се почне со одвикнувањето од цуцлата. Тоа на пр. не треба да се случува кога детето е во тежок период, ако има уште еден, помал член во семејството, кога детето тргнува во градинка или на училиште и други битни промени во животот на детето во развој. извор:курир.мк]]>

Вељко на цуцла го храни малиот Жељко, а баба Цеца снима: „Сите заедно гледаме филм“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/veljko-na-cucla-go-hrani-maliot-zeljko-a-baba-ceca-snima-site-zaedno-gledame-film-foto/ Fri, 14 Aug 2020 09:41:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=163359

>Вељко Ражнатовиќ, синот на  фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, го поминува секој слободен момент со својот син Жељко. Цеца на социјалните мрежи откри дека внукот добро напредува, ама добро напредува и нејзиниот син,  во улогата на татко. жИмено, таа објави видео на својот Инстаграм каде Вељко со шишенце на цуцла го храни својот син, додека малечкиот така хранејќи се заспива во прегратките на својот татко. Она што ја насмеа баба Цеца е дека и двете нејзини момчиња всушност не го тргнаа погледот од телевизорот на кој за цело време го гледале филмот... Додека таа го снимаше „својот филм“... одблизу. „Гледаме филм“ - напиша Цеца со емотикон што „плаче од смеење“ во објавата на своите Инстаграм приказни.]]>

„Миење“ цуцла со мајчина плунка е корисно против алергии https://arhiva.vistina.com.mk/sajens-dejli-mienje-cucla-lazlivka-so-plunka-e-korisno-protiv-alergii/ Mon, 26 Nov 2018 14:10:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59123

Иако на прв поглед можеби личи дека е нехигиенски, нема ништо лошо во тоа сами да ја „процуцлате“ цуцлата лажливка и така да ја „измиете“ со сопствената плунка пред да му ја ставите на своето бебе во уста, тврдат американски алерголози. Истражувачи чии резултати беа претставени на годишниот собир на алерголози во Детрот, покажуваат дека таков потег ги намалува алергиите кај сосема мали деца, објави Сајенс дејли. Научниците нагласуваат дека мајчината плунка е подобра од миење на цуцлата со обична вода, освен ако не паднала во кал, легло на бактерии, ВЦ школка… Ако паднала на релативно чист под, мајката може без страв да ја излиже. Тие предупредуваат дека тоа не се однесува на родители со херпес или друг вирус или ако цуцлата падне на нечист под. Но, во останатите случаи мајчината плунка може да биде здрава за детето. Имено со тоа детето побрзо стекнува имунитет, дури и на силни алергени. Студијата била изведена во текот на 1,5 година со учество на 128 мајки.]]>