црвено вино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Nov 2023 12:28:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црвено вино – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто не боли глава кога пиеме црвено вино? Научниците дадоа објаснување https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-boli-glava-koga-pieme-tsrveno-vino-nauchnitsite-dadoa-objasnuvane/ Tue, 21 Nov 2023 13:26:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327952

Научниците од Центарот за главоболка на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско веруваат дека ја пронашле причината за главоболката предизвикана од консумирањето црвено вино, пишува Гардијан. Американските истражувачи објавија дека главоболката е предизвикана од фенолни флавоноиди, соединенија кои се наоѓаат во семките и кората на грозјето кои му даваат боја и вкус на црвеното вино. Нивоата на флавоноиди може да бидат за 10 проценти повисоки во црвените вина отколку во белите вина, открива истражувањето. Кога се пие вино, алкохолот се метаболизира во два чекори – првиот е промената на алкохолот во форма на етанол во ацеталдехид, додека вториот го претвора ацеталдехидот во ацетат. Еден од истражувачите, професорот Ендрју Вотерхаус, спроведе лабораториски истражувања на неколку соединенија на црвено вино. Фланавол кверцетинот, кој се наоѓа исклучиво во црвеното вино, се претвора во различни материи во телото. Еден од нив, кверцетин глукуронид (гликозидно соединение на глукуронска киселина) ги блокира ензимите кои го претвораат ацеталдехидот во ацетат, што предизвикува токсичниот ацеталдехид да се акумулира во телото и да предизвика главоболки, гадење и потење. Научниците се надеваат дека наскоро ќе можат да ја тестираат теоријата во клиничка студија фокусирана на тоа како црвените вина со различни нивоа на кверцетин влијаат на појавата на главоболки или кај почувствителните поединци, мигрената. Сончевите зраци, веруваат истражувачите, го зголемуваат нивото на кверцетин во грозјето, а плодовите што растат изложени на сонце имаат пет пати повисоки нивоа на супстанција во споредба со другите грозје. – Би можело многу да им помогне на луѓето кои консумираат црвено вино да можат да изберат вино што не предизвикува главоболки. Исто така, нашето истражување може да биде корисно за винарите кога го намалуваат кверцетинот во нивното грозје – изјави Морис Левин, директор на центарот. извор:попара.мк]]>

Една чаша црвено вино – исто како да сте вежбале еден час https://arhiva.vistina.com.mk/edna-chasha-crveno-vino-isto-kako-da-ste-vezbale-eden-chas/ Thu, 21 Nov 2019 14:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117708

Новите истаржувања покажуваат дека една чаша црвено вино го има истиот ефект како и вежбање 1 час во теретана. Состојка на виното, позната како ресвератол, ги подобрува физичкиот перформанс, работата на срцето и силата на мускулите на сличен начин како што го прават тоа и вежбите. Џејсон Дајк, главниот истражувач, вели:
Мислам дека расвератолот може да им помогне на пациентите кои сакаат да вежбаат, но не се физички способни“.
Тоа не значи дека редовните вежби треба целосно да ги замените, но добро е да се знае дека една чаша црвено вино навечер има позитивни ефекти на вашето физичко здравје.  ]]>

Ново истражување покажува дека црвеното вино е важно колку и редовното вежбање за долг живот https://arhiva.vistina.com.mk/novo-istrazuvanje-pokazuva-deka-crvenoto-vino-e-vazno-kolku-i-redovnoto-vezbanje-za-dolg-zivot/ Fri, 15 Feb 2019 13:45:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72957

Никој од нас не планира да живее вечно, но сите би сакале да живееме подолго. Многу научници се обидуваат да ја откријат тајната на долговечноста и затоа постојат многу истражувања кои се обидуваат да дадат одговор на прашањето што е тоа што ќе ни помогне да живееме подолг живот. Едно од неодамнешните истражувања посочува дека тоа е виното. Користејќи податоци од 1981 година во кои биле вклучени околу 14 000 испитаници, тим на експерти се обидел да даде одговор на повеќе прашања, за да ги детерминира факторите кои влијаат на долг живот. Меѓу другите заклучоци, било утврдено дека оние кои умерено пијат црвено вино, живеат подолго од другите. Според истражувачите, луѓето кои конзумирале 1-2 чаши црвено вино дневно имале 9-15 % понизок ризик  за смртност. Истиот процент се однесува и на редовното вежбање. Според др. Џим Бекер, лидер на истражувањето, овие заклучоци се поврзани со честите заклучоци од други истражувања дека умереното конзумирање вино придонесува за долговечност. Но, тоа и не значи да се претерува.]]>