црвенило – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Jul 2023 11:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црвенило – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Комарците почнаа да “напаѓаат“, еве како да го ублажите чешањето и црвенилото https://arhiva.vistina.com.mk/komartsite-pochnaa-da-napagaat-eve-kako-da-go-ublazhite-cheshaneto-i-tsrveniloto/ Wed, 05 Jul 2023 11:31:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309082

Доколку обидите да ги избркате со разни апаратчиња и спрејови не ви успеат, па сепак завршите со убоди од комарци по телото, овие неколку совети ќе ви ја олеснат маката. Како да го ублажите чешањето и црвенилото, па дури и болката која може да се јави? 1. Топла вода или топла лажица Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при висока температура. Загрејте една лажичка (внимавајте да не се изгорите) или натопете мека крпа со топла вода и ставете ја како облога. 2. Студена вода или мраз Студената вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото, па така да го спречат ширењето на течноста. Ова е добар лек доколку имате силна желба за чешање. 3. Лимон Цитрусната киселина исто така може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето. 4. Банана Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека постои барем половина час, а ако може и подолго. 5. Сода бикарбона Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете. 6. Паста за заби Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши. Извор: Курир.мк]]>

Без комплекси: Александра Јанева отворено и без резерва откри со каков естетски проблем се соочува (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bez-kompleksi-aleksandra-janeva-otvoreno-i-bez-rezerva-otkri-so-kakov-estetski-problem-se-soochuva-foto/ Sat, 15 Oct 2022 08:05:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266962

Ако некогаш природната убавина и негуваното лице беа на пиедестал, денес живееме во време кога на прво место е силната шминка и естеските корекции. Секој има лично право на избор за тоа како преферира да го трансформира, стилизира или негува својот изглед, но врмињата дојдоа дотаму што се’ поголем дел од припадничките на понежниот пол наликуваат една на друга со волуменознте усни и екстремно мали носиња. Реалната слика ретко кој ја покажува, особено пак ако се има некаков естетски проблем, тогаш шминката „оди на кило“... Пејачката Александра Јанева е во редот на оние ретките. Таа иако е јавна личност и постојана е на сцената која бара појака шминка, Јанева гледа тоа да го минимизира, но и да го покаже своето вистинско лице, односно проблемот со акни, црвенило, затворени пори за кој отворено и без резерва откри пред следбениците на Инсаграм.
Александра освен што покажа како естетски реално изгледа нејзиниот проблем, ги покажа и резултатите по козметичките третмани кои ги применува и е задоволна од истите. Со шминка или без неа, Јанева ги мотивираше и инспирираше своите следбенички да бидат со што помалку резерва и комплекси и да не ја маскираат реалноста.
Витруелниот свет и новото модерно време за женскиот изглед ја искривија сликата за женската убавина, но барем можеме да се потсетиме дека секоја дама барем понекогаш има по некое мозолче, црвенило или пак со годините и нова брчка. фото:Инстаграм/Александра Јанева]]>

Долгото црвенило на дланките може да е знак за замастен црн дроб https://arhiva.vistina.com.mk/dolgoto-crvenilo-na-dlankite-moze-da-e-znak-za-zamasten-crn-drob/ Thu, 28 Jul 2022 13:00:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260809

Лекарите предупредуваат дека долгото црвенило на дланките може да биде ран знак за замастен црн дроб, што може да предизвика бројни компликации за организмот. Дијагнозите на заболување на црниот дроб се сѐ почести поради сѐ понездравиот начин на живот. Затоа, важно е да се биде свесен и за поретките признаци на заболување на црниот дроб – вклучувајќи го и она што се појавува на рацете – подолгото црвенило на дланките. Премногу маснотии во црниот дроб може да предизвикаат воспаление и лузни, што може да доведе до цироза, спречувајќи го овој напорен орган да ја врши својата работа. Неуспехот на црниот дроб може да влијае на многу органи во вашето тело, а акутната инсуфициенција може да предизвика компликации како што се инфекција, недостаток на електролити и крвавење. Без третман, сѐ тоа на крајот може да доведе до смрт. Знаците на заболувањето на замастен црн дроб може да вклучуваат отечен стомак, проширени вени, поголеми гради, од вообичаеното – кај мажите, црвени дланки и кожа и очи кои изгледаат жолтеникаво. Дланките кои поцрвенуваат може да бидат резултат на проширување на капиларите – најмалите крвни садови во телото. Некои лекари веруваат дека ова црвенило може да биде предизвикано од покачени нивоа на хормони и често може да биде наследна. Сепак, црвените дланки може да бидат и сериозен предупредувачки знак за замастен црн дроб.]]>