црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црнокрак – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На „Queen Eurasia 2023“: Македонката Мелани Трајковска ја понесе титулата кралица на модата https://arhiva.vistina.com.mk/na-queen-eurasia-2023-makedonkata-melani-trajkovska-ja-ponese-titulata-kralitsa-na-modata/ Tue, 07 Nov 2023 12:04:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325798

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023). Нашава држава ја претставуваше 17годишната Мелани Трајковска од Делчево која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion). Победничка на изборот е претставничката на Украина. Ова е уште една од низата титули кои девојките од Модното студио Црнокрак ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина кои се одржуваа ширум целиот свет и уште еднаш потврдија дека се вистински амбасадори на македонската убавина кај и да се појават. На изборот учествуваше уште една девојка од Модното студио Црнокрак, 20-годишната Љубица Блажеска од Струга која исто така направи убав успех со пласманот во финале, меѓу најубавите 10 девојки. Изборот се одржа во прекрасниот CESAR TEMPLE DE LUXE хотел во Белек-Анталија, каде девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор. Во жирито кое одлучуваше за тоа кои девојки кје добијат титули се најде и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор 2017 - та година. ]]>

Матеа Христовска стана Miss Best Body на изборот „World Next Top Model 2023“ во Бејрут https://arhiva.vistina.com.mk/matea-hristovska-stana-miss-best-body-na-izborot-world-next-top-model-2023-vo-bejrut/ Wed, 31 May 2023 12:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304551

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Македонија ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело - MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.   Победничка, односно World Next Top Model за 2023 година е претставничката на Казахстан, прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут. Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут. Фото: Модно студио Црнокрак]]>

Нашата Моника Црнокрак е избрана за најфотогенична девојка на изборот за „Мис на Европа 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-monika-tsrnokrak-e-izbrana-za-najfotogenichna-devojka-na-izborot-za-mis-na-evropa-2023/ Fri, 03 Mar 2023 11:54:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291627

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 24- годишната убавица Моника Црнокрак која успеа да ја освои титулата Мис Фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави. Победничка, односно Мис на Европа за 2023г е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Aja Production од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут. „Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно кје го паметам цел живот“ - изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника. Инаку таа е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.]]>

Ќерката на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка: Моника не е само млада убавица туку и едуцирана умница! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-svetlana-i-miki-crnokrak-diplomirashe-so-chista-10-ka-monika-ne-e-samo-mlada-ubavica-tuku-i-educirana-umnica-foto/ Wed, 24 Nov 2021 09:54:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=228560

Кога ќе се помене презимито Црнокрак, несомнено веднаш на ум на сите им паѓа модното студио на брачната двојка Светлана и Миодраг - Мики Црнокрак. Најголемиот, најпознатиот и најтрофеен бренд во Македонија кога се манекенството, моделството, изборите за мис  во прашање... Место од каде што почнувајќи од самите сопственици некогашни познати модни икони во и надвор од Македонија, па е до стотици други девојки и момчиња кои ги направиле првите чекориво светот на ммодата, таму го учеле првиот манекенски „кет вок“, првите позирања, првите однесувања пред камера, на сцена, на модната писта... Годините минуваа, брачната двојка Црнокрак ги доби своите наследнички, ќерките Моника и Нина. И додека Мики е тој што успешно го менаџира брендот, Светлана која отсекогаш преставувала поим за вистинска убавина и денес на 43 години плени со свој раскош исто како и на почетокот од својата кариера. Постарата од двете ќерки - Моника, наследувајќи ги не само гените за убавина туку и дарот за занимавање со манекенство, исто така е  успешна во манекенските води и има освоено неколку титули за убавина. Паралелно со тоа, младата наследничка студираше и на Економскиот факултет при државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Деновиве Моника докажа дека не само млада убавица, туку и едуцирана умница. Имено, ќерката  на Светлана и Мики Црнокрак дипломираше со чиста 10-ка и себеси, но и на семејството му донесе уште едно признание и голема радост. Овој пат животна, зашто да се заврши на државниот универзитет како дипломиран економист со десетка, воопшто не е мала работа. Ниту едноставна, ниту лесна, па затоа задоволството, радоста, среќата... На неа самата, на мама и тато, сестричката, но и на целото потесно семејство беше неизмерна! Моника со дипломата  в рака и грст фотографии од среќниот момент за паматење. Со пресреќните мама и дада, со гордиот тато, сама... Сега убавината во брендот Црнокрак има нов смисол, добива ново значење... А, може и ново име, односно нов прекар: Моника -  „Економика“! Фото: Инстаграм/Фејсбук принтскрин/Miki Crnokrak]]>

Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична мисица на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“ https://arhiva.vistina.com.mk/katarina-jovanovska-ja-osvoi-tutulata-za-najfotogenichna-misica-na-izborot-za-kralica-na-evroazija-2021/ Thu, 18 Nov 2021 07:34:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227901

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best PHOTOMODEL).
Катарина е од Тетово, има 24 години и членка е на Модното студио „Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија, Турција.
Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021 година е претставничката на Белорусија.
На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата "Краљевски" и "Луме".
Изборот се одржа во прекрасниот хотел Спајс во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30-те финалистки на изборот за „Кралица на Евроазија 2021“.
]]>

Кристина Димитриевска е „Балканска убавица“ по втор пат: Во 2014 титулата ја одведе до Даниел Кајмакоски, кој ли ќе има „Х – фактор“ годинава? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-e-balkanska-ubavica-po-vtor-pat-vo-2014-titulata-ja-odvede-do-daniel-kajmakoski-koj-li-kje-ima-h-faktor-godinava-foto/ Wed, 25 Dec 2019 09:18:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=125787

Македонската мисица, модел и новопечена „пејачка во обид“ Кристина Димитриевска е новата Балканска убавица. Имено, таа не изборот одржан минатиот викенд во Белград, како претставничка од Македонија под патронат на Модното студио „Црнокрак“ ја понесе титулата „Мис на Балканот 2019“. Интерсно е што на Кристина ова не и е прва титула, како што не и е и прв пат да се закити со дијадемата за „Балканска убавица“. Имено, во 2014 година, тогаш се' уште малолетната тетовка, 17 - годишната Кристина Димитриевска во скопскиот хотел-ресторан Томче Софка ја понесе титулата новогодишна „Балканска убавица“... по прв пат! И оттогаш и тргна... Како што му тргна нему, на нејзиниот сега веќе бивш сопруг, пејачот Даниел Кајмакоски, кој некако во исто време во таа 2014 година победи на регионалното музичко талент шоу „Х- фактор“. Тогашната новогодишна „Балканска мисица 2014“, титулата ја одведе токму до него- момчето со „Х - Фактор“, Даниел Кајмакоски, чија љубов заврши со брак, а недолго потоа и со приниова во новоформираното семејство, синчето Давид! Брачната идила годинава завршува со разделба на приватните и вкрстување на професионалните патишта. Даниел и се враќа на музиката, Кристина тргнува да му стане конкуренција, во обид покрај манекенската, да направи и музичка кариера! Пет години подоцна историјата се повторува. И тоа замислете во ист викенд, во кој Даниел Кајмакоски победува во шоуто „Твоето лице звучи познато - (ТЛЗП)“, а сега веќе бившата му сопруга одново станува „Мис на Балканот 2019“... по втор пат, ама овој пат и таа во Белград! Кармата е стара проверена кучка велат, само што е прашање дали, кој и што ќе добие овој пат со победите? Нејзината титула „звучи познато“. Таа Кристина Димитриевска во 2014-тата ја одведе до Даниел Кајмакоски... Останува да видиме дали и со чиј „Х-фактор“ ќе ја спои годинава? А и песната и се вика... „Сакам пак“!  ]]>

Наше дете: Моника Јовановска https://arhiva.vistina.com.mk/nashe-dete-monika-jovanovska/ Wed, 18 Apr 2018 17:07:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=21839

По манекенството, каде што би сакала да биде успешна и кое и’ е сегашно хоби на убавата Моника, таа за неколку години себеси се гледа и како успешен модел со меѓународна кариера. Смета дека од убавината може добро да се живее надвор, но не и во Македонија. Моника не е нов лик во светот на манекенството, веќе извесен период е член на модното студио Црнокрак. Има 20 години и е од Кичево. Како студент на Педагошкиот факултет во Скопје, сака да биде и професор по одделенска настава.
Смета дека убавината треба да се одржува и внатрешно, но и надворешно. Оваа убавица нема проблеми со килограмите, па не држи диети. Обожава да пешачи и повремено да вежба во теретана. Животното мото и’ е да биде искрена и да го следи својот сон.

#vipmk

A post shared by МОНИКА ЈОВАНОВСКА (@jovanovskka) on

(ФОТО) Згодни, модерни и познати: Тие се најубавото македонско семејство на ски-терените! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-zgodni-moderni-i-poznati-tie-se-najubavoto-makedonsko-semejstvo-na-ski-terenite/ Tue, 13 Feb 2018 08:16:25 +0000 http://vistina.mk/?p=12497

Секој има своја пасија кога е во прашање спортувањето и рекреацијата, а кога тоа го прават заедно членовите на едно семејството, тогаш задоволството е уште поголемо. Оваа зима немавме снег во градските подрачја, но затоа на планинските предели може да се види и почувствува вистинската зимска идила. Уште ако сте вљубеници во скијањето и бордањето, тогаш задоволството е на квадрат.
Семејството Црнокрак заедно ја негува оваа љубов, а освен што Мики и Светле секоја зима се редовни скијачи, тоа го прават и нивните две ќерки, Моника, а и малата Нина која допрва има да учи за скијањето од тато, мама и дада.
Оваа зима како и сите претходни, семејството Црнокрак ги посети ски -терените во Бугарија, Србија, а секако не ги заобиколија ниту македонските планини.
На социјалните мрежи Мики редовно објавува фотографии од нивната семејна зимска авантура на кои изгледаат маркантно и модерно.
Меѓу фотографиите може да се види и таква на која решиле да уживаат и во ноќно скијање.
Банско, Боровец, Копаоник, Шапка... семејството Црнокрак едноставно плени на терените! фото:фејсбук]]>