црн хумор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 May 2020 07:17:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црн хумор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сани Гроздановска со новиот „Тик – Ток“ предизвика шок: „Купи ми мајко нож…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-so-noviot-tik-tok-predizvika-shok-kupi-mi-majko-noz-video/ Thu, 07 May 2020 07:13:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148311

Изолацијата на сите различно делува... на некои карантинаот им го крева адреналинот, на дамите во плафон им удираат хормоните, други се креативни и инвентивни, некои се фрлија на домаќинлук, трети на рекреација... Како и да е, секој(а) има своја карантинска приказна, а многумиона од нив истите неретко ги споделуваат со јавноста преку социјалните мрежи, како главна алатка за меѓусебна комуникација додека сме во изолација! Меѓу сите „погодени“ од пандемијата, меѓу најпогодените - естрадата! Онлајн држеа концерти, пееја, свиреа, танцуваа, правеа бендови и разно-разни „бенд-ејдови“ на далечина, ама чекајќи „сонцето пак да изгрее“, почнаа „да се сончаат и на месечина“.  Фигуративно, се разбира, зашто „принудната робија“ не се издржува, па во  „домашниот притвор“ во 4 ѕида сешто ти паѓа на ум... Кој колку го има, секако! Нејсе, една од оние што не можат да седат мирно и во нормални услови, а камо ли во изолација е и темпераментната фолкерка Сани Гроздановска. Таа е една од оние што во карантин проба речиси се' од погоре наведеното. Последното нешто во што Сани се проба, беше популарната апликација „Тик Ток“. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/i-sani-se-proba-na-tik-tok-ama-od-bujnoto-i-dlaboko-dekolte-drugo-i-ne-beshe-vazno-foto/ И само ден-два по нејзиниот „Тик ток“, следуваше нов шок! Овој пат сериозен. Човек длабоко да се замисли, особено ако си човек кој со неа живее! „Купи ми мајко нож...“ - пее Сани додека онака страсно ја сецка краставицата... А дека ножот не и е само за сечкање краставици, ќе слушнете во песната на најновиот „Тик Ток“ со кој фолкерката навистина предизвика шок!  Кај сите, освен кај колегата и нејзин добар пријател, клавијатуристот со кого  заедно настапуваше, Трајче Толевски... Тој долго време ја познава, па нему очигледно, оддамна му е се' јасно. Затоа музичарот место коментар, споделил само неколку емотикони покрај „Тик - Ток“ видеото на колешката... Од комбиња за брза помош и полициски возила! Како свој став и мислење! Без оглед што сето ова е само шега, а мора да признаете, Сани навистина има смисол за... „црн хумор!“ Освен ако не верувате дека е точно она што го велат: „Во секоја шега - има половина вистина!“ ]]>

Игор Џамбазов -„преспа(в)“ во мртовечки сандак! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-prespa-v-vo-mrtovechki-sandak-foto/ Fri, 12 Oct 2018 07:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52512

Игор Џамбазов, човекот - мултимедијален талент одново ја шокираше македонската јавност! И овој пат со својата постапка, нормално, само што овој пат таа беше изнудена. А постапката ја овековечи со форттографија и свој коментар на истата... На своја сметка, нормално, иако малку „невкусен“ или поточно во доменот на „црниот хумор“.
Имено, како што е шознато деновиве започна да се снима третата сезона од популарната македонска хумористична ТВ серија „Преспав“, во која Џамбазов ја игра улогата на постариот брат Миле, откако на тоа место го замени „неподобниот дисидент“ , актерот Владо Јовановски.
За потребите на серијата во една од сцените бате Миле (Џамбазов) мораше да легне во мртовечки сандак. Такво е сценариото, а големиот професионалец без поговор прифати да ја одигра таа сцена, иако веројатно многуминина тоа „ладно“ би го одбиле.
И не само што прифати, туку постираше и една од направените работни фотографии од снимањето, а покрај неа Џамбазов со пост во свој стил. „Црн хумор“ на своја сметка: “Започна снимањето на новата сезона на "Преспaв. Втората сезона ја преживеавме, за третата ќе видиме..." - напишал покрај не баш пријатната сцена на фотографијата Игор.
Коментарите што следуваа, се разбира се од типот: „Скраја да е“!  И со право! Зашто ако е и шега од Џамбазов... многу е бе брат...! Та само преспал или се сликал додека снимал!
Зашто паметиме и многу поубави нешта на кои Џамбаз знаел „да преспие“... Како женското раме на една од македонските убавици Викторија Јаначковиќ, на пример! Ем поубаво за гледање, ем попријатен е сонот... ако покрај неа воопшто можеш да заспиеш!]]>