црн чај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 29 Jun 2023 10:06:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црн чај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Црн чај и чај од ѓумбир против невообичаената надуеност во лето https://arhiva.vistina.com.mk/tsrn-chaj-i-chaj-od-gumbir-protiv-nevoobichaenata-naduenost-vo-leto/ Thu, 29 Jun 2023 12:00:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308191

Летните горештини носат изгореници, топлотни удари, прекумерно потење, но се јавува и непријатната надуеност во цревата којашто честопати предизвикува болки. Според познавачите, постојат два напитоци што се од помош околу овој проблем, а се и прилично достапни. Како една од причините за надуеност во лето, се наведуваат ладните пијалаци. Сепак, британската нутриционистка Памела Мејсон од „Ти едвајзори панел“, специјализиран за чаеви, истакнува дека има и други фактори што влијаат на надуеноста на стомакот и телото. Таа наведува дека топлината предизвикува проширување на крвните садови и капиларите, што овозможува повеќе течност во меѓуклеточните простори меѓу органите и ткивата. Освен тоа, има некои истражувања коишто покажуваат дека потоплото време може да го промени односот на бактериите во цревата, што може да доведе до проблеми со варењето. Се наведува дека решение за оваа непријатна состојба е црниот чај и чајот од ѓумбир. Со пиење топол чај, вели Мејсон, флавоноидите можат да го намалат воспалението во цревата. Овие чаеви исто така ја регулираат микробиолошката мешавина во цревата, намалувајќи ги штетните бактерии и зголемувајќи го количеството корисни бактерии. Покрај тоа, стручњакот предлага да се јаде храна богата со растителни влакна, во спој со редовна физичка активност, за телото да се ослободи од надуеноста. Извор: Курир.мк]]>

Чај со неверојатни лековити својства: Спречува мозочен удар, го намалува крвниот притисок и лекува кожни заболувања https://arhiva.vistina.com.mk/chaj-so-neverojatni-lekoviti-svojstva-sprechuva-mozochen-udar-go-namaluva-krvniot-pritisok-i-lekuva-kozni-zaboluvanja/ Mon, 30 Nov 2020 12:45:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178677

Црниот чај е неправедно занемарен и не се користи многу често, а неговите лековити својства се навистина неверојатни. Спектарот на заболувања кои ги лечи е навистина широк, а многумина не ни знаат за тоа. Се препорачува барем 3 пати во неделата да испиете по една шолја од овој напиток. Еве што сѐ може да излекува една шолја црн чај: Ги лекува раните на кожата Црниот чај може да ги излечи раните. Кога ќе го испиете чајот, не ја фрлајте филтер кесичката, туку ставете ја на местото каде што имате рана или гребнатина, откако ќе се излади. Ако сте во можност, прицврстете ја со завој и оставете ја да отстои некое време. Танинската киселина која ја содржи црниот чај ќе ги излекува оштетувањата на кожата. Може да се користи и доколку имате херпес околу устата. Тоа не е единствената предност на танинската киселина – со оваа состојка можете да го решите и проблемот со непријатниот мирис, особено на стапалата. Пригответе црн чај со 4 филтер кесички и 1 литар вода. Оставете да се излади, ставете го чајот во леген и потопете ги нозете. Пожелно е да бидат потопени 20-25 минути. На крај, измијте ги со вода. Го зајакнува имунитетот Се смета дека црниот чај е многу добар за зајакнување на имунитетот, иако се потребни дополнителни истражувања за да се потврди оваа теорија во целост. Црниот чај штити од слободните радикали, го спречува оштетувањето на клетките, а со самото тоа штити и од појава на разни хронични болести. Го намалува крвниот притисок Научно докажано е дека црниот чај го намалува крвниот притисок. Ако имате проблеми со хипертензија, се препорачуваат 3 шолји чај дневно. Освен тоа, тој е благотворен и за работата на срцето, па можат да го пијат и лица кои имаат кардиоваскуларни проблеми. Го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта и ја подобрува работата на крвните садови. Црниот чај може да ве заштити од болести како што се срцев или мозочен удар. Едно истражување кое траело повеќе од 10 години и во кое учествувале речиси 75.000 луѓе, покажало дека лицата кои секојдневно пиеле 3 и повеќе шолји чај, имале 32% помали шанси да добијат шлог. Во истражувањето учествувале и жени и мажи. Ја подобрува концентрацијата Со оглед на тоа што содржи високо ниво на кофеин, црниот чај поволно влијае врз концентрацијата и помнењето. За разлика од кафето, тој не е толку штетен ако се консумира во поголеми количини, а се препорачува и како превенција од деменција. Го забрзува слабеењето и ги чисти цревата од токсини Црниот чај е ефикасен и во борбата против вишокот килограми. Овој напиток ќе го забрза метаболизмот, но и ќе ги истопи масните наслаги. Освен тоа, ги прочистува цревата од разни бактерии кои предизвикуваат болести како канцер, дијабетес, кардиоваскуларни болести и друго. извор:точка.ком.мк]]>