црковна венчавка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 15 May 2023 11:23:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png црковна венчавка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Популарниот рапер и најтетовираната Македонка правеа свадба: Таско и „до заби трудната“ Таша Реј на црковна венчавка, па на семејна веселба (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/popularniot-raper-i-najtetoviranata-makedonka-pravea-svadba-tasko-i-do-zabi-trudnata-tasha-rej-na-tsrkovna-venchavka-pa-na-semejna-veselba-foto/ Mon, 15 May 2023 11:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301971

Откако раперот Таско минатата 2022 година се ожени со Наташа Неделковска, позната како најтетовираната Македонка која јавноста ја знае под нејзиното уметничко име Таша Реј, викендов ( недела - 14.05.2023) , направија и црковна венчавка и свадбена веселба. Најпревин тие се венчаа во еден македонски православен храм пред најблиските, семејството и нивните сведоци во вообичаената црковна церемонија на која со круните на главите момчето и невестата  се заколнаа на вечна љубов пред Бога. Оттаму свадбената веселба продолжи во еден познат скопски угостителски локалитет специјализиран за свдби. А таму вистинска традиционално- модерна забава за поканетите гости на која можеше да се слушнат и звуците на зурлите и тапанот и македонски рап. Меѓу присутните гости и многу познати  естрадни и јавни личности... Од газдарицата на најпознатиот македонски секс шоп, преку познати македонски фолк ѕвезди, па се до мегапопуларните колеги рапери: Пајак, Панчо-ДНК или подкаст и ТВ водители како Бомбакис, Лазаров, Сергеј Варошлија... Влегувањето на младите во салата и првиот свадбен танц на младоженецот и невестата исто така необични и специфични. Наместо танго на балада или вообичаениот валцер, рап тема на која може свадбено да се танцува како  тазе зет и „до заби трудна невеста“. За фолк забавата задолжен можеби најдобриот меѓу најдобрите, фолк ѕвездата Миле Кузмановски... Не изостанале ниту тапанот и зурлите, а младоженецот највесел качен на тапанот, зашто... „Свадаба е голема“, нели?! За штимунгот на младите пак, задолжени трап колегите, а меѓу нив во моментов најпопуларниот на Јутјуб со 16 милиони прегледи... Пајак и Таско со нивен перформанс, ги фрлаат помладите гости во транс. Панчо-ДНК е исто така тука како своевидна атракција за да ја доведе свдбената журка до кулминација. Секако тука беше и невестинската торта без која свадба не бидува, а први ја вкусија како што е редот, младоженецот и невестата, која каде и да е наскоро треба да се породи. Инаку, тригодишна врска Таско и Таша ја криеја од пошироката јавност како змија нозете, се чини се' додека  тазе брачната двојка јавно не обзнани дека го чаекаат штркот да им го донесе нивното прво малечко. Конечно ниту бремената невеста не можеше повеќе да го крие трудничкото стомаче. На почетокот на годинава (2023) идната мајка која тогаш беше кон средината на бременоста беше највозбудена, но истото чувство не го заобиколи ниту идниот татко кој сакаше сите да знаат дека ќе добие наследник. Тие го дупнаа балонот во кој се криеа сини конфети, се прегрнаа стопени од убавина дека веќе е јасно дека наскоро на свет им доаѓа машко чедо - нивното синче кое само што не пристигнало. Нека се среќни, вечни и многудетни! Фото: Инстаграм принтскрин/tasko.ur/tasha_ray_]]>

Тамара Ѓуриќ ја откри причината за неуспехот во љубовта: „Јас сум за добар развод, а не за лош брак“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-gjurikj-ja-otkri-prichinata-za-neuspehot-vo-ljubovta-jas-sum-za-dobar-razvod-a-ne-za-losh-brak-foto/ Wed, 26 Oct 2022 08:30:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272866

Поранешната водителка и учесничка во реалити Тамара Ѓуриќ гостуваше во една емисија и откри детали од нејзиниот приватен живот. Тамара истакна дека се развела од сопругот и откри како дошло до тоа да ја поништи црковната венчавка. „Не мораше, но јас го доживеав тој брак како традиционална институција, па да се разделиме како луѓе, затоа што не беше како што треба. Останавме пријатели, јас сум за добар развод. Ние немавме лош брак, но сфатив дека може да се претвори во таков, немавме исти интереси“, изјави Тамара во емисијата „Амиџи шоу“. Тамара го коментираше и она што го направила на себе од неодамнешните естетски интервенции. „Малку ги зголемив градите, но тоа го правам неделно, целта ми е луѓето да ме сфатат посериозно. Сакам да се чувствувам поинаку, но, повеќе зборувам за естетските операции отколку што ги правам“, рече Ѓуриќ. Фото:Принтскрин/Н.Василјевиќ/Амиџи Шоу]]>

Слоба Радановиќ доколку сака да склопи црковен брак, ќе мора да бара дозвола од Кија Коцкар? https://arhiva.vistina.com.mk/sloba-radanovikj-dokolku-saka-da-sklopi-crkoven-brak-kje-mora-da-bara-dozvola-od-kija-kockar/ Fri, 15 May 2020 09:21:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149773

Пред три години, Кристина Кија Коцкар и Слоба Радановиќ склопија црковен брак во Зрењанин. Иако се разведоа во август 2018 година тие и понатаму се венчани пред Бога. Како што пишуваат српските медиуми, доколку Слоба сака да склопи црковен брак со неговата партнерка Јелена ќе мора да бара дозвола од Киja. По тој повод се огласи и Кија, па накратко ги прокоментира овие нагодувања. „Не сакам повеќе да разговрам за тоа“ изјави Кија. По овие приказни и Слоба Радановиќ. „Не сакам да коментирам, тоа е глупост“ вели Радановиќ за ало.рс]]>