цреши охридски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Sep 2019 07:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цреши охридски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Драган Спасов – Дац на „Охридски трубадури“ и’ ја оспори победата на Биба Додева за „нерегуларности“ во гласањето, па потоа мораше да си ја „свитка опашката“, оти се „истрчал“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dragan-spasov-dac-na-ohridski-trubaduri-i-ja-ospori-pobedata-na-biba-dodeva-za-neregularnosti-vo-glasanjeto-pa-potoa-morashe-da-si-ja-svitka-opashkata-oti-se-istrchal-foto/ Thu, 12 Sep 2019 06:45:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106296

Има една народна поговрка која вели: „Не се истрчувај како прле пред магаре“... Најверојатно зашто прлето не може да си го мери со магарето... капацитетот, се разбира! Токму така некако може да опише и скандалот или барем близу до тоа што се случи на последниот фестивал „Охрид фест - Охридски трубадури“, каде актерот и „пејач“ Драган Спасов - Дац настапи во дует со авторот и пејач Александар Митевски, со неговата песна „Цреши охридски“  со која наидоа на одличен прием и кај публиката и кај жирито. Арно ама, откако поголемиот број на гласови при гласањето отиде кај Биба Додева, на глумецот ем пејач, му се сторило сомнително дека некој ги краде... Или како што самиот за „Фокус“ изјавил: „Имаше многу реакции од публика кога Додева беше прогласена за победничка, а ние останавме на второ место со еден поен помалку од неа. Ми се јавија и луѓе од Скопје кои го следеле гласањето и тие ми кажаа дека има проблем во бодувањето, односно дека ние сме победници. Јас излегов на сцената и побарав да видиме за што станува збор, а публиката ме поддржа. Значи, ништо страшно не се случи, не е ова нешто лично против Додева, напротив, само побарав да се пребројат гласовите по реакциите на публиката“ – појаснува актерот, кој од неодамна започна со дуетски настапи со Митевски. Вели дека на крај се испоставило дека гласањето било во ред, по што на Биба и го честитале првото место и се фотографирале. „Нема никаков скандал, се работи за недоразбирање кое се реши, а на Биба Додева од се срце и го честитав освоеното прво место на поп вечерта на Охрид Фест“ - додал Дац за „Фокус“. Арно ама, резилот за сомнежот при бодувањето не остана незабележен од медиумите, а „црвот на сомнеж“ во „Црешите охридски“ на Дац и Митевски се покажа дека го немало... оти сомнежот испадна неоснован! „Црешите охридски“ рака на срце, ем добри, ем зрели за награда, ама тој што се истрча да ги фали повеќе од потребното,  испадна... „трула вишна“!  ]]>

Дац и Митевски со песна што лечи срца скршени, за едни очи како – „Цреши охридски“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dac-i-mitevski-so-pesna-shto-lechi-srca-skrsheni-za-edni-ochi-kako-creshi-ohridski-video/ Wed, 11 Sep 2019 11:19:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=106217

„Цреши охридски“ е една од највртените и една од песните која имаше најдобар прием кај публиката на штотукузавршениот фестива во Охрид, „Охрид фест - Охридски трубадури 2019“. Впрочем и првата награда од жирито и втората награда од истата таа публика доволно говори за тоа каква експресија и емоции и пренесоа авторот Александар Митевски кој во дует со актерот Драган Спасов-Дац ја изведоа истата на фестивалот. Дац и самиот воодушевен од приемот на песната на својот Фејсбук профил објави: Како што веќе споменавме, музиката, текстот и аранжманот се на  Александар Митевски, миксот и мастерингот ги направил Бобан Василески, хармониката ја свири  Војче Петрушев, гитарите Бобан Василески. Видеоспотот во вид на емотивна разгледница на градот бисер е производ на  „Мега продукција“ од Охрид. https://www.youtube.com/watch?v=lpL8Gax6LnE]]>