цреша – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 07 Jun 2019 11:55:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цреша – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Нејзиното височество – црешата: Ова слатко црвено овошје има бројни здравствени придобивки https://arhiva.vistina.com.mk/nejzinoto-visochestvo-creshata-ova-slatko-crveno-ovoshje-ima-brojni-zdravstveni-pridobivki/ Fri, 07 Jun 2019 12:15:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91956

Црешите, верувале или не, придонесуваат многу за нашето здравје. Неколку цреши имаат посилно дејство дури и од аспиринот, а притоа не го иритираат желудникот. Црешата содржи витамин А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борбата против ракот, во превенција на срцевите болести, ублажување на болести предизвикани од артритис, главоболка и симптоми поврзани со фибромијалгија.
Свежите цреши се добри за отстранување на физичката и психичката исцрпеност, затоа можете да ги понесете со себе на работа и да ги консумирате помеѓу оброците. Научниците од универзитетот во Бостон сметаат дека црешите имаат способност да влијаат на намалување на ризикот од гихт, што го докажале и едногодишните истражувања кои ги спровеле со пациенти кои боледуваат од оваа болест.

Експертите утврдиле дека ризикот од напад се намалил за 75 отсто кога испитаниците јаделе цреши и истовремено земале лек кој ја намалува количината на мочната киселина.

Црешите исто така подеднакво придонесуваат и за губење на килограмите така што антоцијанините од темните цреши можат да ја намалат количината на масните наслаги на стомакот, а со самото тоа ја намалуваат и количината на холестерол и шеќер во крвта. Тие имаат и антиканцерогени својства, а добро влијаат и на здравјето на коските. Ова црвено овошје се смета за одличен извор на бор, што во комбинација со калциум и магнезиум исклучително поволно влијае врз здравјето на скелетниот систем. извор: точка.мк]]>