Concours Mondial de Bruxelles – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 12:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Concours Mondial de Bruxelles – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонија домаќин на првиот меѓународен вински натпревар „Vranec Selection by CMB“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-domakin-na-prviot-megunaroden-vinski-natprevar-vranec-selection-by-cmb/ Mon, 04 Dec 2023 15:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329641

За првпат во светот, ќе се одржи меѓународен вински натпревар посветен на локална сорта Вранец „Vranec Selection by CMB“. Оваа специјална манифестација, чии домаќин е Здружението „Вина од Македонија“, а во организција на еден од најстарите европски вински натревари Concours Mondial de Bruxelles. Овој настан ќе се одржи во периодот од 5-ти до 7-ми декември 2023 во велешкото виногорје во Северна Македонија и истиот е поддржан од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и од друштвото за Германска Меѓународна Соработка – ГИЗ. „Vranec Selection by CMB“ ќе ги оценува македонските, како и регионалните вина од сортата Вранец од земјите на Балканот. Целта на натпреварот е да се истакнат најдобрите вина произведени од оваа сорта со висок потенцијал и да го промовира Вранецот и балканскиот вински полуостров низ светот. Сортата Вранец, позната и како „црн пастув“ (анг. Black stallion), наречена така поради својата исклучително темна боја, тешко скротлив дух и моќ, ќе биде главната ѕвезда на оваа винска приказна. Оценувањето на вината ќе биде доверено на 20-тина вински судии, критичари, новинари од целиот свет, секој со богато искуство во светот на виното. Тие ќе имаат задача да ги проценат вината со цел да се изберат најдобрите Вранец вина за 2023 година. „Vranec Selection by CMB“ е повеќе од обичен вински натпревар – тоа е винско патување низ есенцијата на оваа винска сорта. Со одржување континуитет на вакви настани важни за македонската винска индустрија во иднина, ја промовираме нашата земја како конкурентна винска земја достојна на признание во винскиот свет. Овој натпревар отвора можност и за славење и на други балкански регионални сорти и нивна промоција. Здружението Вина од Македонија постои од 2010 година и има за цел да ги обедини македонските винарии и да го промовира имиџот на македонското вино низ целиот свет. Здружението е организатор на манифестацијата „Светскиот ден на Вранецот“ која се одржува континуитет од 2019 и го промовира Вранецот не само државата, туку и секаде низ светот. Во 2023 основана е и асоцијацијата Балкански вина со поддршка од ФАО и ЕБРД која меѓу другото има за цел да ги промовира локалните вински сорти на Балканот како што е Вранецот.]]>

Сребрен медал за „Шато Сопот“ на меѓународниот натпревар „Concours Mondial de Bruxelles“ https://arhiva.vistina.com.mk/srebren-medal-za-shato-sopot-na-megjunarodniot-natprevar-concours-mondial-de-bruxelles/ Fri, 11 Sep 2020 21:29:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166708

По серијата меѓународни признанија во последниве години, „Шато Сопот“ ја продолжува 2020-та година со уште една значајна награда на престижен меѓународен вински натпревар. Виното „Cabernet Sauvignon - Merlot - Shiraz“ од бербата 2017-та се закити со сребрен медал на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ кој оваа година се одржа во Брно, Чешка, од 4-6 септември. По златната плакета за Вранецот од бербата 2017-та, ова е уште едно признание за вината од оваа винарија. Каберне Совињон е една од носечките сорти во „Шато Сопот“ и оваа плакета ќе биде поттик за афирмација и на другите вина од оваа сорта грозје. 8.500 вина од 46 земји од светот се натпреваруваа оваа година на 27-то издание на „Concours Mondial de Bruxelles“. Вината беа оценувани од 250 дегустатори од 30-тина земји со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари. Доделени се медали на вина од 40 различни земји. На врвот, со најголем број признанија стои Франција (570), следена од Шпанија (495), Италија (363) и Португалија (306). Шест вина на три македонски винарии добија златни и сребрени медали.]]>