Come With Me – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Sep 2018 10:51:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Come With Me – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четкар со музичка покана од родниот Охрид – „Come With Me“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-so-muzichka-pokana-od-rodniot-ohrid-come-with-me-video/ Tue, 04 Sep 2018 10:51:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=46164

Македонскиот музичар Владимир Василевски - Четкар го претстави новиот сингл и видео со наслов „Come With Me“ Како и секогаш, охридскиот музичар се потпишува како комплетен автор на новата песна, односно освен што ја изведува, тој е и продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент и вокалист.
Темата стилски претставува синтеза  на соул, џез, фанк, диско и поп елементи, кои се испреплетуваат во еден интересен аранжман и е снимена со целосно жива оркестрација.
Интересно е тоа што иако е објавена пред само неколку дена, „Come With Me“ веќе интензивно се врти на повеќе радија во Унгарија, меѓу кои и на популарното унгарско радио за џез и соул-музика „Џези 90.0 ФМ“ (Jazzy 90.0 FM), кое песната ја најавува како голем хит, а наскоро се очекува и радиска промоција во Аргентина, Бразил, Англија, САД, Јапонија, Тајланд, Италија, Мексико и други земји кои досега активно ја поддржувале авторската музика на Четкар.
„Come With Me“ е комплетирана и со видеозапис кој го потпишуваБорче Димоски, а кое и ги прикажува некои од најволшебните места на Охридското езеро. Како изгледа и звучи сето тоа имате можност да проследите во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=guoyP3K-gfY]]>