Claro Beats – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Claro Beats – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јосиф нуди нов музички крик со неговата – „Fashion Week“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/josif-nudi-nov-muzichki-krik-so-negovata-fashion-week-video/ Wed, 26 Jul 2023 12:28:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311649

Македонската сцена постојано е „гладна“ за нови имиња кои ќе го освежат домашниот музички етер. Младиот Јосиф е име за кое можеби досега не сте слушнале, но со сигурност ќе успее да го задржи вашето внимание. Малкумина знаат дека Јосиф е артистот со кој Војаж ја започна својата голема музичка кариера - заедно ја отпеаја песната „VYBE“. По речиси 3-годишна пауза, Јосиф се враќа со своја, авторска музика, најавувајќи ја првата песна од албумот „TOKYO“. „Fashion Week“ е неговото најново музичко парче, чија музика е направена од самиот Јосиф. Текстот го напишал заедно со Андреј Илиевски, а за аранжманот, миксот и мастерот се заслужни Лазар Цветковски и Claro Beats. Песната е комплетирана со видео-спот, кој е направен под режиската палка на Томислав Живковиќ и во кој буквално е пресликан насловот „Fashion Week“. „Ова е само почеток, не планирам тука да запрам“, открива Јосиф. Слушнете ја „Fashion Week“ и доколку ви се допаѓа, споделете ја со вашите најблиски. ]]>