Circles – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Mar 2022 08:46:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Circles – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Промовиран видеоспотот за нашата евровизиска песна: Андреа ги визуелизираше своите – „Circles“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promoviran-videospotot-za-nashata-evroviziska-pesna-andrea-go-vizuelizrashe-circles-video/ Fri, 11 Mar 2022 08:37:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242748

Видеозаписот за македонската евровизиска песна „Circles“ во изведба на Андреа е објавен на официјалниот јутуб канал на Евровизија. Спотот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, изработен под режисерската палка на Горан Цветковиќ, кој исто така ја потпишува и монтажата. Зад камерата бил Сашо Доковски, додека пак светлото го работел Сашко Стојановски. Следејќи ја Андреа како урбан лик, спотот е сниман на повеќе впечатливи и препознатливи локации во Скопје, за што Андреа и МРТ упатуват благодарност до Македонска пошта, Македонски железници и Студентскиот дом Гоце Делчев. Во видеото доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик, држејќи се до својот автентичен стил, кој за потребите на снимањето на спотот го усовршила Цаци Паковска. За шминката била ангажирана Александра Азманова, додека пак за физурата Даниел Николовски. „Јас сум искрено презадоволна. Работевме посветено и со овој спот мислам дека покажавме дека не секогаш финансиите се пресудни, за да се испорача квалитетен продукт. Спотот е работен со многу ентузијазам во мошне краток временски период, што го направи искуството уште повозбудливо“ - изјави Андреа. Таа дополни дека тимската работа и взаемната позитивна енергија е она што го однело спотот на едно ново ниво. „Морам да го пофалам тимот на МРТ кој не ме остави сама во ниеден момент и несебично ми помогна да ја реализирам идејата. Тоа ми покажа дека тие целосно веруваат во мене и проектот“ - заокружи талентираната млада пејачка. ]]>

Андреа како гостин на романскиот избор за Евровизија ја испеа „Circles“ во живо (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-gostin-na-romanskiot-izbor-za-evrovizija-ja-ispea-circles-vo-zivo-video/ Tue, 08 Mar 2022 09:33:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242428

Андреа гостуваше на романскиот избор за песна на Евровизија, каде ја изведе песната „Circles“ во живо, за тамошната публика. Од она што може да се слушне, веќе се направени одредени аранжманско-продукциски измени, а можеме да кажеме дека нашата претставничка, како и секогаш, звучи навистина моќно. ]]>

Андреа со песната „Circles“ ќе ја преставува Македонија на Евровизија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-so-pesnata-circles-kje-ja-prestavuva-makedonija-na-evrovizija-video/ Sat, 05 Feb 2022 08:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237797

На МРТ 1 вчеравечер, 04 февруари 2022 година во емисијата  „Стисни Плеј“ беше избран македонскиот евровизиски претставник, а победата ја однесе Андреа со песната „Circles“. Пред камерите се претставија шесте кандидати за кои народот имаше можност да гласа изминативе денови на специјалнокреираната платформа за гласање. Кали, Лара, Виктор, Јон, Андреа и Рис Флауер се релативно млади музички имиња, кои претходно беа избрани како финалисти на конкурсот кој го распиша МРТ. „Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Александар Масевски, благодарам за Circles! Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“ - напиша Андреа на социјалните мрежи. Изборот се одвиваше по пат на онлајн гласање, а гласовите од јавноста сочинуваа 50 проценти, додека останатите 50 проценти беа доделени од страна на стручно странско жири. Тркатаза  прво место беше до крај незивесна и изедначена помеѓу Андреа и Виктор Апостоловски и неговата „Супермен“, но според правилата на гласањето, Андреа е претставникот на Евровизија бидејќи доби повеќе гласови од стручното жири. Музиката, аранжманот и продукцијата на евровизиската песна ги потпишува Александар Масевски, додека стиховите на песната се заедничко дело на авторот и изведувачот - Александар Масевски и Андреа Коевска. ]]>