цинк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Sep 2022 12:46:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png цинк – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-miligrami-cink-treba-da-se-vnesuvaat-sekoj-den-za-zdrav-imunitet/ Tue, 27 Sep 2022 12:46:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268924

Цинкот е заштитник на имунитетот, го штити телото од бактерии и вируси и е неопходен минерал во одбраната на организмот од инфекции. Ни помага да растеме, да се развиваме и да дишеме. Станува збор за минерал кој игра важна улога во правилното функционирање на нервниот, кардиоваскуларниот и репродуктивниот систем. Една од неговите најважни улоги е создавањето протеини и синтезата на ДНК, а исто така силно влијае и врз либидото. Не само што нè штити од бактерии и вируси туку и го намалува заморот, болките во зглобовите и проблемите со кршливи нокти. Недостатокот на цинк може значително да ги одбранбените способности на организмот. Освен тоа, може да се појават и други проблеми како: сува кожа, импотенција, дијареја, опаѓање на косата, губење на апетитот… Со оглед на тоа дека човечкото тело не може самостојно да произведува цинк, тој мора да се внесе преку соодветна исхрана. Колку цинк ни е потребен секој ден? Иако цинкот е важен за организмот, сепак на телот не му требаат големи количини од овој минерал. Затоа, не треба да се претерува со додатоците во исхраната, а прекумерното внесување на цинк може да доведе и до проблеми како послаба апсорпција на бакар. Нутриционистите ги препорачуваат следните количини на дневна база: возрасни жени – 8 милиграми на ден возрасни мажи – 11 милиграми на ден бремени жени – 11/12 милиграми на ден доилки – 12 милиграми на ден деца до 3 години – 3 милиграми деца од 4 до 8 години – 5 милиграми деца од 9 до 13 години – 8 милиграми Каде може да се пронајде цинк? Цинкот најдобро се апсорбира од храна од животинско потекло како што е говедското месо, јајцата и морските плодови, но не треба да се занемарат и растителните извори. Храна која е богат извор на цинк: морска храна (особено остриги) месо (говедско, телешко, јагнешко) јајца млечни производи темно чоколадо ориз мешунки (грав, наут, леќа) Откако прочитавте колку цинк ни е потребен секој ден, можеби ќе сакате да прочитате и како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк. Извор: citymagazine.danas.rs/кафепауза]]>

Цинкот му е непријател на коронавирусот: Еве што треба да јадете за да бидете здрави оваа зима https://arhiva.vistina.com.mk/cinkot-mu-e-neprijatel-na-koronavirusot-eve-shto-treba-da-jadete-za-da-bidete-zdravi-ovaa-zima/ Tue, 03 Nov 2020 13:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174324

За да избегнете инфекција со коронавирус во зима, задолжително вклучете ги овие пет намирници богати со цинк, советува „Пигл тајмс“. Според истражувањето, овој минерал (цинк) игра многу важна улога во зајакнувањето на нашиот имунолошки систем. Не само тоа, туку исто така го подобрува нашиот дигестивен систем и метаболизмот. Цинкот е важна хранлива материја што треба да биде вклучена во вашата исхрана. Возрасните треба да земаат 8 мг до 13 мг цинк дневно. Кога жената е бремена или дои, внесот варира во зависност од полот на бебето. Веднаш штом ќе започне зимската сезона, треба да вклучите цинк во вашата дневна исхрана за да помогнете во борбата против грипот и другите инфекции. „Акцент“ објави седум намирници богати со цинк да ги вклучите во вашето мени:

Кикирики

Кикириките се евтин и вкусен извор на цинк. Специјалното е што сите сакаат кикирики. Можете да ги вклучите во вашата салата, или може да намачкате путер од кикирики на јаболко или леб. Кикириките се важен извор на цинк за оние кои јадат вегетаријанска храна.

Хумус

Хумусот е богат и со цинк. Може да се јаде со сендвичи или помфрит. Хумусот е полн со антиоксиданти, влакна и многу други хранливи материи.

Јајца

Јајцата содржат умерено количество цинк. Едно големо јајце содржи 5% од дневните потреби за цинк. Содржи 77 калории, 6 грама протеини и 5 грама здрави масти, како и други минерали и хранливи материи.

Леќа и наут

Леќата и наутот содржат многу цинк. 100 грама варена леќа содржи 12% од дневните потреби од цинк.

Месо

Месото е одличен извор на цинк, вообичаено сите типови на месо содржат цинк (телешко, свинско, пилешко и сл.). 100 g месо содржи околу 4.8 mg на цинк што е околу 43% од дневните препорачани количини.

Житарки

Житарките како пченица, киноа, ориз, овес исто така содржат цинк. 100 g овес содржи 4 mg цинк, што е некаде околу 40% од дневниот препорачан внес. извор: Kурир.мк/акцент]]>

Зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-se-veruva-deka-cinkot-moze-da-ja-sprechi-zarazata-so-koronavirusot-i-kako-da-go-koristite/ Wed, 01 Apr 2020 13:00:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=142719

Цинкот може да биде ефикасен кога станува збор за намалување на времетраењето на настинката, а сега се знае дека многу обични настинки се предизвикани од коронавируси. Па, многумина да се прашуваат дали цинкот може да помогне во ублажување на влијанието и да помогне во борбата против новиот коронавирус кој пустоши низ целата планета. Цинкот е неопходен минерал за здравјето на луѓето, но генерално не ви требаат големи количини – околу 15 милиграми на ден е сосема доволно. Тој е одговорен за вашиот имунолошки систем, за заздравувањето на раните, за видот и за развојот на мозокот, а се покажа и дека има антивирусно дејство. Според едно истражување, луѓето кои внесувале цинк во организмот додека имале симптоми на настинка биле значително пократко време болни во однос на луѓето што не внесувале цинк. Кај луѓето што внесувале цинк, настинката траела 4,5 дена, а кај другата група настинката траела 8 дена. Учесниците консумирале приближно 80 милиграми цинк дневно, што е над дневните потреби, но тоа не создава проблеми ако станува збор за краток временски период. Истражувачите не знаат точно зошто цинкот има ваков ефект, но тие веруваат дека може да го спречи влегувањето на вирусот во клетките, а исто така може да ги намали и нивото на воспалителни супстанции кои се наоѓаат во крвта познати како цитокини. Колку е цинкот корисен за КОВИД-19? Според едно истражување, цинкот ја блокира синтезата на РНК така што вирусот не е во состојба да се размножува понатаму. Бидејќи има многу сличности помеѓу двата вида коронавируси, разумно е да се очекува дека цинкот може да влијае на КОВИД-19 на сличен начин. Сепак, ова откритие се однесува на интрацелуларниот цинк, т.е. цинкот што се наоѓа во нашите клетки, така што таблетите цинк може да не бидат корисни врз основа на овој наод. Иако не е познато дали оралното внесување цинк во организмот може да го зголеми нивото на интрацелуларниот цинк на начин на кој го прават тоа липозомните производи, нема да ви наштети ако го зголемите внесот на цинк со консумирање храна што е добар извор на минерали. На врвот на списокот на намирници што се извор на цинк се остригите, кои содржат многу повеќе цинк во споредба со другите намирници. Друга храна што е извор на цинк се ракчињата, говедското месо и јастогот. Доктор Џејмс Роб, патолог и истражувач на коронавирусот, верува дека таблетите што содржат цинк помагаат во борбата против коронавирусот и може да бидат корисни за тековната пандемија. Сепак, тој истакна дека не постои експериментална основа за таквото тврдење, но препорачува луѓето да земаат цинк таблети неколку пати на ден доколку имаат треска, болка во мускулите и покачена температура. Иако никој не може да каже со апсолутна сигурност дека цинкот навистина може да помогне во борбата против коронавирусот, сигурно нема да наштети ако го консумирате и може да ви помогне кај други здравствени проблеми. Всушност, недостатокот на овој минерал може да предизвика многубројни проблеми како што се губење на косата, слаб имунитет, висок холестерол, хроничен замор и остеопороза. Извор: КафеПауза]]>

Лимонада и цинк – напиток кој задолжително мора да го консумирате овој период https://arhiva.vistina.com.mk/limonada-i-cink-napitok-koj-zadolzitelno-mora-da-go-konsumirate-ovoj-period/ Mon, 23 Mar 2020 13:00:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140966

Доколку имате симптоми на коронавирус или едноставно ве гребе грлото поради алергија или обична настинка, експертите советуваат да внесувате што повеќе течности во организмот. Течностите спречуваат дехидратација на телото која може да нанесе сериозни последици по здравјето. Затоа се препорачува постојано да потпивнувате по малку течности како вода, чај, лимонада, супа, кафе итн. Зошто токму лимонада? Свежата лимонада е полна со витамин Ц, а токму овој витамин успешно се бори против сите видови на вирус, па дури и коронавирус. Препораката е да консумирате лимонада, но никако ладна! Можете да ја засладите со малку мед, а за да го зајакнете вкусот, слободно додајте и малку цимет. Зошто цинк? Недостатокот на цинк може да предизвика низа физиолошки промени и проблеми. Некои истражувања покажуваат дека внесувањето на цинк преку исхрана може да ја намали смртноста кај децата кои имаат акутна инфекција на долниот респираторен систем. Храната богата со цинк помага во одржување на мозочните структури и генералното здравје на нервниот систем. Овој минерал е важен за создавање на резерви на инсулин и ја поттикнува неговата функција. Комплексот од цинк и инсулин се наоѓа во клетките на панкреасот, а кога на организмот му недостасува тој елемент, постои можност за појава на дијабетес. Забележано е дека дијабетичарите имаат двојно помала количина на цинк од нормалната. За разлика од некои материи, телото не може да го складира цинкот што значи дека е потребен секојдневен внес. Човечкиот организам содржи околу 2-3 грама цинк. Препорачаната дневна доза за жени е 8 милиграми дневно, а кај мажите и трудниците таа бројка изнесува 11. Внесот на цинк во бременоста позитивно влијае на здравјето на мозокот на бебето. извор:точка.ком.мк]]>

Чоколадо и цинк за подолг живот https://arhiva.vistina.com.mk/chokolado-i-cink-za-podolg-zivot/ Wed, 14 Nov 2018 15:34:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57758

Темно чоколадо е добро за здравјето, а според најновите истражувања помага и за долговечност, но само во комбинација со цинк. Според истражувањето на група научници од Германија при универзитетот Ерланген-Нирнберг, цинкот ги активира полифенолите во чоколадото и таа реакција го штити организмот од гас што настанува како отпаден производ на клетките. Овој отпаден гас може да ја оштети ДНК структурата на човекот, а се смета дека има клучна улога во процесот на стареење и се поврзува со појава на воспаленија што може да предизвикаат карцином и Алцхајмерова болест. Освен чоколадото, полифенолите кои се важен антиоксиданс ги има и во чајот и кафето. Полифенолите сами не може да го разградат овој гас, но во комбинација со цинк создаваат „мегакомплекс“. Претходни истраживања покажале дека црното чоколадо во умерени количини може да биде здраво за срцето, а според едно истражување на Харвард, нѐ прави попаметни. Цинкот преку храната може да го внесете преку говедско месо, кефир или јогурт, јагнешко месо, леблебија, семки од тиква, индиски ореви, пилешко месо, печурки и спанаќ.]]>