чуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Dec 2022 08:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Сани Гроздановска е „фолк икона“: Ја чуваат како грофица, ја сакаат како светица! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sani-grozdanovska-e-folk-ikona-ja-chuvaat-kako-grofica-ja-sakaat-kako-svetica-foto/ Sat, 03 Dec 2022 08:38:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231021

Сања Сани Гроздановска низ годиниве што изминаа од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа. Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм и нескротлив сексапил, Сани е некрунисана кралица на забавата во ноќните локали, клубови и кафеани. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи... Атрактивната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа дури и не мора лично да ја познавате. Доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи, каде нема ден да мине, а Сани да не ве насмее, расположи, а Бога ми и наежи... Од шеги, расната фолкерка најмногу ги преферира оние на своја сметка. Во тоа е и нејзината големина, во која предничат: Физички  - „бујната предница на цицлестата убавица“, карактерно - непосредноста и искреноста! Кога е тивка пак, најмногу е гласна. Бидете убедени дека Сани „вреска“ и кога најмногу молчи. И навистина, нека не ве изненадаува... Зашто на Сани веќе во следниот момент може нешто да и падне на ум, нешто што кога ќе и текне... Подобро да не и текнува! Ама затоа на сексапилната кумановака им текнува на нејзините обожаватели. Оние кои ја сакаат, почитуваат, знаат како заедно со неа да се забавуваат, на настапите и свирките и доаѓаат, со неа пеат, пијат, плачат, играат, се веселат или тагуваат, во зависност кому каква му е вечерта, среќата во љубовта, емотивната состојба, кому колку срцето му трепери, му се радува или тагува душата...?! За нив Сани Гроздановска е повеќе од фолк певица, за нив таа е нивна фолк светица... Така ја доживуваат, па таква фотографија и споделуваат... Тие со неа, таа со сите останати преку социјалните мрежи. „Света Сани боемска, фолк Гроздановска“ - заштитничка на микрофонот, бакшишот и заводливоста. Така стои во описот на необичната фотографија, на која пејачката е прикажана како фолк икона. Монтажа која ја направил некој од нејзините обожаватели, кои Сани исто толку си ги обожава! Конечно, кај Сани ништо не е случајно, па ниту новиот прекар: „Фолк икона“ која  ја чуваат како грофица, а ја обожаваат како светица! Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja      ]]>

Дарко Лазиќ стравува за својот живот и семејството откако го поврзаа со Веља – „Невоља“: Фолкерот најмил тојца телохранители да го чуваат 24/7 (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/darko-lazikj-stravuva-za-svojot-zivot-i-semejstvoto-otkako-go-povrzaa-so-velja-nevolja-folkerot-najmil-tojca-telohraniteli-da-go-chuvaat-24-7-foto/ Tue, 27 Apr 2021 10:39:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200671

Пејачот Дарко Лазиќ, наводно, се соочил со сериозни проблеми откако неговото име беше поврзано со името на Вељко Беливук, водачот на криминалната навивачка група, осомничен за најтешките злосторства. Имено, иако Дарко неодамна истакна дека не го познава Веља - „Невоља“ или неговите блиски соработници, тој сепак одлучи да не остава ништо на случајот, па наводно ангажирал лично обезбедување. Соседите на Дарко од Брестач, родното место на популарниот фолкер, открија дека пејачот со денови не оди никаде без неговите телохранители, ниту дозволува неговата свршеница и синот да се движат без нивен надзор. „Откако името на Дарко започна да се поврзува со името на Веља - Невоља, работите во неговата околина почнаа да се менуваат. Прво, никој од мештаните не ги виде Дарко или Марина и малиот Алексеј, а потоа тој неодамна започна да се појавува во селото во друштво на непознат човек“ - вели  на почетокот од разговорот за соседот на Дарко од Брестач и додава дека Лазиќ ангажирал бодигарди кои ќе го чувааат него и неговото семејство. „Едно момче оди со него цело време, а тоа е неговиот личен телохранител, додека двајца се задолжени за чување на неговата куќа. Семејството Лазиќ претежно го минуваат времето дома и ретко кој од нив излегува надвор. Дури и кога тоа ќе се случи, тие не го напуштаат дворот. Целото село сега е во страв бидејќи се плашат дека Дарко се вмешал во мафијата. Сега, наместо да го препознаваат по неговиот талент и песните, луѓето го поврзуваат со опасни луѓе“ - вели соговорникот и додава дека целото село се плаши од тоа што може да се случи. Да потсетиме, името на Дарко Лазиќ беше ставено во контекст со Веља - Невоља откако пејачот беше испрашуван во полиција поради автомобилот „Мерцедес ЦЛК“ што и го даде на неговата поранешна сопруга Ана Севиќ во 2014 година. Се шпекулираше дека автомобилот подоцна е продаден на човек кој наводно бил близок со кланот на Беливук. Лазиќ неодамна се осврна на неговиот однос со блиските луѓе на Веља - Невоља и истакна дека ги почитува иако не ги познава. Фото: Инстаграм принтскрин/darkolazicofficial
]]>