Чукни во дрво – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Jun 2021 13:49:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Чукни во дрво – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Алкалоид“ ќе донира 1 денар за секој преглед на новата преработка на „Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/alkaloid-kje-donira-1-denar-za-sekoj-pregled-na-novata-prerabotka-na-chukni-vo-drvo-video/ Fri, 11 Jun 2021 13:49:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206710

Култната „Чукни во дрво“ на Влатко Стефановски, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија во изведба на децата од „Дајте музика“. Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот, овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата кои се дел од проектот „Дајте музика“ ќе добијат и хуманитарна нота. Видеоспотот е во режија на Игор Иванов-Изи, за чија реализацијата се погрижи екипа од продуцентската куќа „Вертиго вижуалс“. Преработката на музиката, која се подготвуваше од јануари годинава, е во реализација на музичкиот продуцент Мите Димовски и студио „Тралала“. Приказната во видеоспотот поаѓа од изработка на картички, кои најмалите деца ги подготвуваат во училишниот двор, а се наменети за општествените категории граѓани кои, иако беа засегнати со пандемијата, во ниту еден момент не запреа со своите дејности. Картичките со порака: „Ви благодариме! Здравјето пред сѐ“ поголемите другари и членовите на бендот ги дистрибуираат до полицијата, фармацевтите, пекарите, градскиот превоз, уметниците, здравствените работници и други. Тие се хероите од времето на новото нормално, кои неуморно се грижеа за навремена достава на храна, лекови и други основни намирници; се бореа за секој човечки живот, се грижеа за јавниот ред и мир, комуналната хигиена, редовниот превоз, доставата и за непречено функционирање на основните потреби на граѓаните за време на пандемијата. „Чукни во дрво“, со музика и текст на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, за првпат е објавена во 1989 година, како нумера од последниот студиски албум „Путујемо“ на култната група „Леб и сол“. „Алкалоид“ упатува посебна благодарност до Влатко Стефановски за пренесените права за користење на песната. Видеоспотот ќе биде поставен на дигиталните канали на „Алкалоид“ (YouTube, Facebook и Instagram). Од 10 јуни до 20 септември 2021 година, по повод својот 85 – годишен јубилеј, компанијата за секој преглед на видеоспотот ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести. https://www.youtube.com/watch?v=MBBpYsaPanw&t=158s]]>

Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа живееме… Ѕвездите од македонската музичка естрада ја преработија -„Чукни во дрво“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-edna-nadez-za-troshka-ljubov-za-malku-srekja-ziveeme-dzvezdite-od-makedonskata-muzichka-estrada-ja-prerabotija-chukni-vo-drvo-video/ Sun, 26 Apr 2020 12:19:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146600

Дека некои песни се безвременски и својот пат, своето место и значење го покажуваат тогаш кога е најпотребно, та било тоа години подоцна, најдобар доказ е „Чукни во дрво“ на легендарниот ВлатКо Стефановски, односно најголемата македонска група на сите времиња, „Леб и сол“. Под мотото #ОстаниДома, група од врвни македонски музички артисти, меѓу кои и самиот  Влатко Стефановски со неговото трио, Калиопи Букле, Тамара Тодевска, оперската дива Весна Гиновска - Илкова, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени Шаќири, Алкесандар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Милошевска - Љубојна, Влатко Лозановски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев, ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведба на легендарната „Чукни во дрво“. Покрај авторот на песната Влатко Стефановски, свој придонес во проектот дадоа Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжаман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и синот на Влатко - Јан Стефановски на тапани. Во организација и продукција на Македонската Радио Телевизија, а со цел поддршка и верба за брзо закрепнување на планетата, секој од учесниците, самостојно од дома, испратија обединета, универзална порака за она што е сепак најважно - здравје, среќа и љубов! Или како што се вели во безвременските стихови на песната: „ Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме...“! https://www.youtube.com/watch?v=LeKUgUahW8A]]>