чудно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 Jan 2024 13:46:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чудно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ни треба објаснување““: Тејлор Свифт на чуден начин ги пишува стиховите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ni-treba-objasnuvane-tejlor-svift-na-chuden-nachin-gi-pishuva-stihovite-video/ Fri, 05 Jan 2024 13:45:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333962

Откако на Интернет се појави слика на Тејлор Свифт како држи пенкало, луѓето останаа зачудени. Тејлор Свифт несомнено е една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, која го освои светот со турнејата „Ерас“. Покрај нејзините вокални способности, Тејлор се издвојува од останатите и по тоа што е кантавторка на сопствени песни. Она што сега стана интересно е начинот на кој таа всушност ги пишува стиховите. Спотот за песната „Анти-херој“ кој беше објавен минатата година привлече големо внимание овие денови. Во една сцена пејачката пишува на хартија, а екипата на Интернет не може да не се запраша како Тејлор држи пенкало. Таа го држи пенкалото меѓу показалецот и средниот прст, што изгледа прилично незгодно. После тоа, многу луѓе ги пребараа нејзините фотографии и забележаа дека таа секој пат го држи своето пенкало на ист начин, дури и кога дава автограми. Коментарите се како и секогаш многу креативни. „Мојата 2024 година е со груб почеток бидејќи штотуку дознав како Тејлор Свифт го држи моливот“, гласи една објава на „Х“ (поранешен Твитер). „Опседната сум со начинот на кој Тејлор го држи пенкалото  во моментов“, „Чекај, што?“,, „Ни треба објаснување“, „Само се обидов да пишувам така и тоа е толку непријатно“, „Таа може да држи  пенкало и да свири  гитара во исто време“, „И јас го држам моливот така. Многу е поудобно кога ми треба долго време да пишувам“, се некои од коментарите. Фото: Принтскрин/Instagram/X  ]]>

Игор Џамбазов се вакцинираше со ваксајна, маде ин Чајна: „Илина, Илина… Илина Арсова, нешто чудно ми се случува?“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-se-vakcinirashe-so-vaksajna-made-in-chajna-ilina-ilina-ilina-arsova-neshto-chudno-mi-se-sluchuva-foto/ Thu, 22 Jul 2021 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212043

Вакцинација за секоја генерација; Вакцина за сите за безбедно и безгрижно да ви минат дните,  Не шегувај се - вакцинирај се; Со здравјето не играј играчки, вакцинирај се и не кажувај гачки; Што се фолираш, што не се вакцинираш; Кој не примил вакцина, затворен ќе седи дома цела зима... И вака можеме да редиме до бескрај. Не, не е реклама, ниту кампања, ама апели, повици и препораки за вакцинирање, секојдневно слушаме и гледаме. И од медиумите и од политичарите и од лекарите и од СЗО... Вкцинацијата - чаре за спас на нацијата од опакиот вирус...!? Веројатно засега друго решение и нема! И речиси сите или поголемиот дел од населението тргна да се вакцинира, се разбира уште само доволно вакцини за сите да има. А, „Каде сите Турци, таму и гол Асан“ - вели една стара поговорка, па меѓу сите обични луѓе се вакцинираат и оние познатите... А меѓу нив и тој - Игор Џамбазов! Ем возраста му е „критична“, ем здравјето уште оддамна „начнато“, па  како превентива за не дај Боже, Џамбазов реши да прими вакцина и да се заштити колку што може. Иако живее прилично изолирано, сепак се движи и дружи со многу луѓе, па што си е сигурно-сигурно, да не биде после „погубно“. Затоа Џамбаз отиде да се вакцинира... Со онаа вакцина што во моментот најмногу ја има - кинеската! Арно ама, другиот ден откако се вакцинираше почна да забележуваа дека  „поинаку се чувствува“, па ја повика својата сакана да и се пожали и запраша: „Илина, Илина Арсова, нешто чудно ми се случува?“ Како доказ, Џамбазов сподели фотографија со „искосени очи“ затегнати од женски прсти ( погодете чии)  и со нам познатата шапка од трска на глава... Се разбира сето ова само како шега, која Џамбазов ја сподели само колку „да се пофали“ дека и тој примил ваксајна... И тоа „Маде ин Чајна“!
Арно ама, коментарите под неговата објава:  „Откако ја примив кинеската ваксајна, нешто чудно ми се случува“... предизвикаа вистинска поплава од шеговити „јадачки и закачки“ во вид на коментари на сметка на шоуменот. -„Ти си супер Игор, мајка ми пак веќе цел месец запнала да студира на Кембриџ на своите 82 години. Таа со АстраЗенека се вакцинираше...“; -„Пази Емилија ( мачката на Игор - н.з.) да не ја изедеш“ -„Среќа што нема африканска вакцина“ -И јас се вакцинирав со Синовак, па затоа изгледа чудно ме гледаат кучињава во последно време“ -Да, па нормално....ти се случува Илина!“  - се само некои од коментарите под фотографијата од кои може да се заклучи само едно: Дека овој последниов, најмногу „држи вода“! Реакција има... Ама не ќе да е од аплицираната кинеска вакцина. Оваа „вакцина“ друго име има - Илина!!! Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>