чудна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 21 Jan 2020 12:51:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чудна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто храната во авион има различен и чуден вкус? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-hranata-vo-avion-ima-razlichen-i-chuden-vkus/ Tue, 21 Jan 2020 12:45:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=130204

Дали некогаш сте забележале што сè се наоѓа во количките со храна која се служи во авионите? Дали сте забележале дека има сок од домати? Зошто луѓето пијат ваков сок во авионот, а не сок од јаболка или праска? Едноставно кажано, се менува вкусот додека сте во воздух и постои биолошка причина за тоа. Доколку јадете нешто пред вашиот лет, веројатно знаете каков вкус има. Но, откако ќе полетaте вашето сетило за вкус се менува и не е исто какo кога сте на Земјата. Многу фактори во авионот влијаат на вашето сетило на мирис, а тоа влијае и на сетилото за вкус, пренесува Business Insider. Да почнеме од кабината каде што воздухот е екстремно сув. Таа е посува и од некои пустини. Поради условите во кабината се сушат носните празнини, а тоа влијае на сетилото на вкус и мирис. Но, тоа не е едниствениот дел од внатрешноста на авионот каде што се намалува вашето сетило за вкус. Нискиот притисок во кабината го намалува нивото на кислород во вашата крв, па делот од мозокот кој реагира на мирис станува помалку чувствителен и тоа го ослабнува вашето сетило за мирис. Бучавата којашто доаѓа од моторите исто така не помага на вашите сетила. Студијата од 2010 година го тестираше сетилото за мирис на луѓето внатре и надвор од авионската кабина. Истражувачите открија дека сетилото за слатка и солена храна се намалува за 30% кога сте во кабината. Ова е голем проблем за авионскиот кетеринг бидејќи мора да го прилагодува секој рецепт бидејќи патниците постојано се жалат дека храната е невкусна. Некои авиокомпании ги збогатуваат јадењата со специфични зачини кои ги ставаат наместо сол. Но, зошто се пие и сок од домати? Сокот од домати има киселкаст вкус кој се нарекува умами. Умами или солен вкус (јапонски: うま味) е еден од петте основни вкусови (заедно со сладок, кисел, горчлив и солен). Тој е опишан како солен и е карактеристично за супи и варено месо. Овој вкус е зголемен во воздухот. Наредниот пат кога ќе патувате со авион, пробајте сок од домати за да се уверите и самите. извор: Кајгана]]>

Македонската пејачка е или многу чудна или малку трудна? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-pejachka-e-ili-mnogu-chudna-ili-malku-trudna-foto/ Fri, 11 May 2018 08:33:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26395

Иако многумина ја знаат по нејзините настапи по кафулињата и клубовите во Скопје,м акедонската пејачка Девана Нардели на јавноста и стана позната откако јавно „ја разголе душата“ со отвореното писмо што го објави за својата тага по изгубената љубов, во која беше извесно време со предвреме починатиот диригент, маестро Саша Николовски - Ѓумар!
Оттогаш младата уметница која е и членка на Македонската опера и балет, како да не можеше да се помири со реалноста, па тешко ја прифаќаше стварноста, тонејќи во депресија... Вечерните настапи веројатно беа лекот за душата, која тешко се лекува, но барем на момент ја враќаа во живот, онаков каков што треба да живее една млада 24 годишна девојка.
Девана уште претходно имаше и пејачки и манекенски, па и пишувачки обиди... Останаа запаметени нејзините разголени фотографии од неколку провокативни фотосесии кои тогаш младата Девана ги направи покажувајќи го сиот свој телесен потенцијал.
Привлечна, пожелна, секси... некои ја нарекоа македонската Лолита.
Деновиве Девана има нова фотосесија...
За почеток, како најава за излез од депресијата и комплетен влез на естрадата...
Ама тоа ќе се случи, најверојатно од септември!  Откако ќе го скрчка, она што го крчка во музичкото студио.
Стриктно свртена кон градењето на кариерата, како што самата вели, за нова љубов се' уште не е  подготвена?! Или можеби Девана сепак нешто крие, и покрај тоа што „ги разголе“ и душата и телото?
Особено, ако ја погледнете една од новите фотографии кои самата ги постираше на своите профили и го прочитате статусот што го постави крај неа, излегува дека пејачката е или многу чудна или малку... трудна?  
]]>