чудесија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Aug 2022 06:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чудесија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Камка Тоциновски во еротска пасторала: Македонската актерка гола како „сплотена со природата“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kamka-tocinovski-vo-erotska-pastorala-makedonskata-akterka-gola-kako-splotena-so-prirodata-foto/ Sat, 20 Aug 2022 06:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248763

Некогаш, во едни други времиња кога имаше само една телевизија - онаа државната,  важеше непишаното правило дека сто направени работи не можат толку да те прослават колку едно појавување на ТВ. Денес со поплавата од телевизии, портали  и социјални медиуми, разбирливо тоа непишано правило оддамна е избришано, но затоа пак важи нешто друго, како варијација на она првото:  „Едно споделено разголување на социјалните мрежи, повеќекратно ти ја мултиплицира популарноста и ти ја крева и цената“! Особено ако си професионалец во некоја уметничка област, како што случајот со македонската актерка Камка Тоциновски, која на театарската публика и е позната од претставите во „Македонскиот народен театар“, на филмската пак од една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски,  “Врба“, а се зборува дека ќе има улога и во најновиот негов филм со работен наслов „Кајмак“. Она со што Камка ги разбранува духовите во јавноста последниве месеци беа токму разголените сцени во српската хит серија „Беса 2“, во која таа игра Ана, сестрата на главниот негативец во серијата. Сцената од жестоката секс акција на српскиот пејач Реља Поповиќ со македонската актерка која покрај еротскиот набој и сиот свој сексапил  во серијата маестрално ја одглумила својата улога,  што на Камка Тоциновски може ќе и го отвори патот за нови остварувања, нови улоги и во некои следни серии од регионот, а и пошироко. Она со што македонската актерка одново ја запали јавноста е „најновата“ гола фотографија на Камка, на нејзиниот Инстаграм профил, иако веројатно не е и така нова, но секако е тазе, јавно објавена.  На неа, во своевидна еротска пасторала, „пиштол голата“ глумица, до душа со грб свртена, седи среде недопрената природа крај шумската рекичка! Сексапил со стил и уметнички фото израз со довлна доза на еротски набој кој создава единствен спој на убавината и еротичноста во содејство со природата... Фото - чудесија... Камка во натурално-еротска фотосесија! Иако, како што рековме, не е нова ниту единствена, зашто на Инстаграм профилот на актерката може да се најде уште понекоја  разголена фотографија со слична тематика. Иако разголувањето не и е ниту првпат, ни непознато... Ниту во театарот или пред филмската камера... ...Ниту пак, пред фото-објективот... Сепак, македонската актерка во овие свои уметнички фотосесии со својата еротичност и убавина гола среде шума, крај карпите и водата, изгледа како... „сплотена со природата“! Фото: Инстаграм принтскрин/kamka.tocinovski      ]]>