чокохолик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 May 2022 09:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чокохолик – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гламурозната Пандора, вашата нова голема страст https://arhiva.vistina.com.mk/glamuroznata-pandora-vashata-nova-golema-strast/ Mon, 23 May 2022 09:04:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=251641

Чоколадната „Пандора“ е торта за „сериозна врска“. Навистина. Ќе ви се допадне по изодена „чокохолик“ километража, откако ќе се заситите од предвидливи вкусови и кога непцето ќе ви биде подготвено за нешто децентно и со полн „taste“. Така од прва се опишува оваа префинета торта создадена од прочуеното белгиско чоколадо и со неколку симболички значења на името. Инаку, Пандора е првата торта од семејството на Chocoholic, ја има во ресторанот Forza Wine Bar &Restaurant и во сите маркети на Веро. Се препознава по елегантен гламур: покриена е со чоколадна глазура а на едниот крај, како да брануваат, наредени се крцкави перли од раскошниот „калебаут“ карамел. Вкусна е до совршенство. Според грчката митологија девојката со ова име од боговите добила моќни дарови: од Афродита била наличена со убавина, од Атена со мудроста, знаела да пее, да флертува..., а овдешните гастрономски креатори, од сите добиени атрибути преку вкус создале супериорен деликатес. Впечатокот понатаму вели дека „срцето“ на Пандора е нијансирано во три бои: кафеавиот мус е од рафинираното белгиско чоколадо „Callebaut“, контрастната боја е Kinder Bueno крем преполн со кремаст лешник а базата е чоколадното тесто. Рецептот за оваа претставничка на „долче вита“ е дело на готвачкиот тим од Форца што се препознава во посветеност и многу креативност. Оваа торта може да ви асоцира и на поимот „пандорина кутија“. Вкусете и демистифицирајте! Откако ќе нурнете во раскошот на оваа премиум торта, гламурозната Пандора може да ви стане мала а голема страст. Некаде прочитав дека имињата на тортите, како и личниот впечаток, влијаат врз перцепцијата на вкусот. Тогаш, како се јаде Пандора? Исто како што се сака – првин со очи, па со душа… Уживајте. Вања Тодоровска]]>