чочек тунел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 26 Apr 2018 07:23:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чочек тунел – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со чочек тунелот и автопатот Смоквица-Демир Капија луѓето на социјалните мрежи вака се изнамајтапија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/so-chochek-tunelot-i-avtopatot-smokvica-demir-kapija-lugjeto-na-socijalnite-mrezi-vaka-se-iznajmatapija-foto/ Wed, 25 Apr 2018 08:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=23087

Реакциите за „свадбарскаото“ отворање на новиот автопат Демир Капија - Смоквица, не стивнуваат. Селската циркузијада особено ги зовре социјалните мрежи каде луѓето, познати и непознати, уште веднаш почнаа да си прават мајтапи на сметка „блех гламурот и „чочек амбиентот“ кој власта ни го приреди покажувајќи како изгледа да се китиш со туѓо перје... Ама и тоа пустото, без стил... пазарско.
Охриѓани реагираат... И тие имале тунел за прослави. До душа не им е нов, како ни патот од Охрид за Свети Наум, а не им е ни на автопат, ама полека... Трпение - спасение... Кај да е власта тука не запира,ќе има уште за отворање и тунели и патишта, па нивниот е следен на ред. Кај да е ќе го пушти  новиот пат Кичево - Охрид, па ем автопат, ем уште тунели ќе имаат... Само штета што охриѓани трубачи немаат... Ама затоа староградска музика и чалгија има да ечи од Подмоље до Стража!
Ама охриѓани итри, им текна... Патарина ќе клаеле кај Ботун... Па на секое десето платено поминување - труба ќе им труби на увце на туристите што по новото џаде ќе врват. Има да им свири музика за душа! Уште ако се странци, па плаќаат во евра... и џез има да се слуша!
Министерство за култура веќе тргна да размислува за распишување конкурс са субвенционирање на ЦД... За најдобар ДЈ микс за отворање автопат. И после пак нека зборат дека власта немала слух!?
Ако некој од тоа „работниците“ што ја граделе патната инфраструктура има нешто против, па почне да реагира и да се буни,  социјал-демократските „неимари“ веднаш го викаат нивниот специјален женски оркестар. Само што тој не свири за отворање... Само за затворање! И тоа свири по туѓи ноти! До душа се слуша дека во последно време се нешто расштимани... Демек саксофонистката веќе не ја „зарезува“ шефицата... Викаат ќе правела соло кариера, ама ај да видиме?!
Организаторите на отворањето покажаа дека без музиканти, ама и без ора и танци во тунел не се влегува... Па, оддамна е познато дека при влезот во секој тунел се свири... за среќа. А отсега и се игра...
Море се меша чочек! Изгледа оние од „ЕУ за тебе“ ги подучија нашиве како да поминат на еден трошок, па воедно на тунелот му направија и отворање и крштевка! Ама ако. Барем сега се знае кој е Чочек тунел!
До душа, кога ќе дојде време, оној кај Зајас ќе мораат да го крстат, пардон, не да го крстат - да го именуваат поинаку... Можеби Сунет тунел! Чисто за да се разликува! А и со Шота галиба ќе го отвораат!
Штета, не им текна порано, автопатот кога го прекрстија, пардон - преименуваа... Можеше „подобро поврзани“ со јужните комшии да бидеме уз бузуки и сиртаки... Вака... се сведовме на дочек со чочек!
П.С. Некој викаат, море ќути што веќе не им е „стариот кум“ главен. Познавајќи го, ќе го приватизираше тоа Чочек тунелот, па имаше да го издава на оглас... На Пазар5, како деловен простор за секаков вид на свечености... Со Ваша или негова музика!
]]>