чкембар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Jan 2021 08:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чкембар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како водителот Стефан Лазаров за само 90 дена од „чкембар што вози во лер“ се направи вистински „ѕвер“: „Дали сум нормален“? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kako-voditelot-stefan-lazarov-za-samo-90-dena-od-chkembar-se-napravi-dzver-dali-sum-normalen-foto/ Tue, 26 Jan 2021 08:05:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186685

За него велат дека е момчето кое за кратко време ги освои симпатиите на гледачите на прва. И додека беше на ТВ како водител во  некои од најгледаните естрадни ТВ магазини, но и заради она што сега го прави на својот Јутјуб канал. Сепак Стефан Лазаров е момче на кое фудбалот секогаш му бил на прво место... Или барем прва љубов, непрежалена... „Фудбалот отсекогаш ми бил прва љубов, а така и ќе остане. Се пронајдов најдобро само поради фактот што живеев за тој спорт. Заврши поради повреда, а водителството е една голема авантура во која секојдневно се учат нови работи. Го сакам тоа и не се откажувам. Уживам кога сум пред камера“ - изјави своевремено младиот водител, во периодот кога ги правеше своите први чекори или поточно, првите стендапи пред камера. https://www.youtube.com/watch?v=0MYXIdewYeU Нешто подоцна момчето  се впушти и во музичките води со една, па друга песна, онаа последната, чие видео се појави неодамна насловаен „Beast ( Ѕвер)“, тематски врзана со спортот, но и животот, веројатно помалку и автобиографска. Дали токму  тоа не го разбуди „ѕверот“ во младиот убавец, за Стефан Лазаров да си постави себеси задача, која за многумина е невозможна мисија. Предизвик, кој повеќето во старт не би го прифатиле, а многумина од оние што ќе го прифатат на половина ќе се откажат. Многумина, ама не и тој... И онака како што знае своите соговорници „да ги вози“ со незгодни прашања додека ги вози во автомобилот во своето ново Јутјуб шоу, така реши и на предизвикот од „чкембар“ да се направи „батка“ за само 90 дена, да му излезе во пресрет, да се фати во костец и од себе и своето тело да го направи ненавидум невозможното: да се стори „ѕвер“! Телесната трансформација или поточно мускулната метаморфоза Стефан ја покажа на две фотографии во една иста поза: Пред и по 90-те дена од по пеколот, за на крајот да излезе слика како од рајот! Од мев, сало и „појас за спасување“ околу стомакот до планина од мускули, обликувани гради и плочки на абдоменот „на крајот од денот“. И како што своевремено самиот ќе изјави: „Не ми се веруваше дека станав водител. Се снајдов супер и не планирам да застанам тука. Сега почнувам и ново поглавје, а тоа е музиката. Едно сигурно знам, а тоа е дека никогаш нема да се откажам од себеси“, така сега Стефан Лазаров не планира да застане ниту со својата телесна преобразба и да се откаже од дообликување и одржувањето во форма на своето тело. „Искрено сум горд на себе...Многу пати во животот сум пробал да бидам во форма, да се победам себеси и не успевав, а искрено овој пат кога почнав, си го поставував прашањето: „Дали сум нормален’’? Да се посветам во време кога одам за Белград, доаѓаат празници , снимам секој ден и имам милион други приоритети...! Верувајте ми луѓе, се' се тоа изговори. Станете веднаш, почнете, ќе си бидете благодарни на себе... Фала ви на сите што верувавте во мене, а најмногу на @cocobocco кој беше со мене сите овие 90 дена. Јас ви ветувам дека ова е само почеток“. Ова е пораката која ја напиша Стефан на својот Инстаграм сликовито прикажувајќи ја својата трансформација од „чкембар што вози во лер“, до вистински набилдан „ѕвер“! А во продолжение  и видеото од неговото „влегување во животна форма“ за само три месеци: https://www.youtube.com/watch?v=LuZPTUTv-jY Фото: Инстаграм принтскрин/_lazarovv  ]]>