читанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 May 2021 09:05:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png читанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мила, ако не те бива, молчи, гледај и учи: Три песни од Ѓорѓе Балашевиќ влегуваат во читанките и учебниците за основно образование во Србија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mila-ako-ne-te-biva-gledaj-i-uchi-tri-pesni-od-gjorgje-balashevikj-vleguvaat-vo-chitankite-i-uchebnicite-za-osnovno-obrazovanie-vo-srbija-foto/ Wed, 26 May 2021 08:43:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204083

Додека кај нас во Mакедонија, научната, универзитетската, академската, медиумската... јавност, наставниците и родителите битка бијат со „дигиталните импровизации“ на министерката Мила Царовска и нејзините „трагикомични, погубни и штетни образовни реформи“, во соседна Србија се случува еден сосема поинаков образовен процес. Процес кој знае и умее да ги  препознае, согледа и имплементира вистинските вредности во образованието за најмладите. Имено, три музички дела на еден од најголемите кантавтори и текстописци од областа на поп музиката, неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, ќе завршат во учебниците за основно училиште. Честа на „некои нови клинци“ кои ги учеа и анализираа делата на „Панонскиот морнар“ им припадна  ја добијат неговата „Дрвена песна“ наменети за осмоодделенците, додека за во пониските одделенија се наменети  „Д-мол“ и „Девојката со чардаш нозе“. Проф. Ивана Лучиќ од новосадското основно училиште „Коста Трифковиќ“ вели дека изборот мошне е интересен: „Важен е затоа што е разновиден и токму тоа го одликува нашиот драг Ѓоле Балашевиќ. Така ја имаме „Девојката со чарадаш нозе“, весела, полетна песна, потоа „Д-мол“ - тажна љубовна песна и  за осмоодделенците „Дрвена песна“, која говори за соништата на едно дете“ - вели таа. Професорката смета дека изборот на песни е адекватен: „Тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни, затоа се убава задача за наставниците да ја анализираат песната заедно со учениците, да ги најдат стилските фигури,  скриениот смисол и нивното преносно значење“ - заклучила таа.    ]]>