читање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Jan 2023 11:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png читање – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Потребни ви се само 15 минути: Родители, правете го ова за вашите деца да бидат попаметни https://arhiva.vistina.com.mk/potrebni-vi-se-samo-15-minuti-roditeli-pravete-go-ova-za-vashite-detsa-da-bidat-popametni/ Tue, 17 Jan 2023 11:02:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284583

Веројатно едно од најтешките прашања е што всушност е потребно за да се израсне добро и паметно дете? Магичниот клуч, заклучија експертите, е во рацете на самите родители. Сепак, основата на сè е една важна навика. Потребно е малку време Најдоброто нешто е што потребни се само 15 минути дневно, а буквално секој родител може да го практикува со своето дете. Се работи за читање. Истражувањата покажаа дека само 15 минути читање дневно може да му помогнат на вашето дете да стане попаметно. Освен што ќе го прошири својот вокабулар, ќе ја развие и својата имагинација, што е многу важно за неговиот понатамошен развој. Исто така, експертите потврдуваат дека читањето буквално го зголемува мозокот на вашето дете. Развој на интелигенција Колку повеќе му читате, толку повеќе придонесувате за развој на интелигенцијата, а со тоа и за поголема способност за логично расудување. Некои студии исто така покажаа дека ако му читате секој ден, однесувањето на вашето дете значително ќе се подобри. Имено, кога читате на глас, ја подобрувате способноста на детето подобро да се концентрира и да го насочи вниманието, а тоа се вештини кои дефинитивно ќе му бидат потребни штом ќе започне на училиште, но и подоцна во животот. Затоа, одвојте малку време за да направите нешто одлично за вашето дете. Извор: Курир.мк]]>

Еве зошто е подобро читањето печатени, наместо е-книги https://arhiva.vistina.com.mk/eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/ Mon, 10 Oct 2022 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270786

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво. Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика. Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци. Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот? Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање… Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки. – Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа, објаснува Клинтон. Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажа точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина. извор:курир.мк]]>

Започна традиционалниот „Фестивал на чајот“ и читањето кои ќе траат еден месец https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-tradicionalniot-festival-na-chajot-i-chitanjeto-koi-kje-traat-eden-mesec/ Mon, 18 Jan 2021 07:29:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=185743

Започна традиционалниот Фестивал на чајот и читањето кои  ќе траат до 15 февруари, а ќе бидат изберени најдобрите читатели во земјава и тие ќе добијат комплет книги од македонски автори – изданија на „Феникс“. Читателите ќе бидат изберени по онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и Републиката. На фестивалот онлајн ќе биде промовирана книгата „Нова европска драма“, како и новите броеви на списанијата „Селект“ и „Книжевна академија“. Ќе бидат претставени и новите наслови од едицијата „Меридијани“, како и најновите едукативни и креативни изданија за деца и млади, најави организаторот на Фестивал – издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.]]>

Луѓето кои читаат пред спиење спијат подобро и поздраво се хранат https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-koi-chitaat-pred-spienje-spijat-podobro-i-pozdravo-se-hranat/ Thu, 17 Oct 2019 13:30:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113223

Читањето пред заспивање не само што е добро за вас, туку има неверојатни ефекти и на другите. Според неодамнешно истражување за навиките за спиење и рутината на спиење, спроведено на 1.000 луѓе, без разлика дали читаат пред спиење, резултатите биле неверојатни. Без разлика дали читаат книга три пати месечно или секоја вечер, сите испитаници изјавиле дека читањето ги опушта, го намалува стресот, го поттикнува заспивањето, го фокусира умот и го подобрува квалитетот на сонот. Скоро три четвртини од оние кои редовно читаат во кревет веруваат дека им е потешко да заспијат без книга, а скоро сите, 96 проценти, им препорачуваат на другите да читаат пред спиење. Само за споредба со 64 проценти од оние кои не читаат пред спиење, 76 проценти од читателите изјавиле дека се задоволни со квалитетот на сон. И не само тоа, во текот на неделата во спалните соби имаат дополнителни час и 37 минути драгоцен сон во однос на оние кои не читаат. Оваа ноќна навика влијае и на други важни аспекти како професионалниот и финансискиот успех, физичкото здравје и оптимизмот, пренесува MSN. Изгледа дека луѓето кои читаат во кревет општо донесуваат поздрави одлуки. Резултатите покажале дека освен што просечно заработуваат повеќе од оние кои не читаат, 12 проценти од нив се склони поздраво да се исхрануваат. Прашани дали веруваат дека даваат сè од себе во секојдневниот живот, 79 проценти од оние кои читаат се сложиле, во споредба со 59 проценти од оние кои не читаат. извор: Кајгана]]>