чита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 11 Aug 2023 11:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како да го мотивирате вашето дете да чита? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-motivirate-vasheto-dete-da-chita/ Fri, 11 Aug 2023 11:38:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313488

Децата не се раѓаат знаејќи дали треба да читаат или не. Се разбира дека не можете со сила да ги натерате да го прават тоа, не треба ни да пробувате, но затоа можете да ги мотивирате да земат книга в раце. Тие не знаат дека читањето носи многу бенефити за нивниот развој додека се мали, а значително ќе придонесе да се изградат во подобри личности кога ќе пораснат. Затоа останува на вас да ги мотивирате да читаат. Ако се прашувате како, прочитајте ги овие совети.

Развивајте ја неговата способност да се изразува

Зависно од неговата возраст, дајте му да прочита или вие прочитајте му некоја приказна за која потоа ќе зборувате. Обидете се да дознаете како тоа гледа на приказната и она што се случува во неа. Истовремено тоа ќе се обиде да се изрази колку што може подобро, а со тек на време оваа негова/нејзина способност ќе се подобрува.

Читајте по неколку приказни дневно

Ако детето е заинтересирано за тоа, читајте и по повеќе приказни. Колку повеќе е изложено на литература уште од најмали години, толку повеќе ќе сака да чита кога ќе може самото да го прави тоа.

Снабдете ги со материјал за читање

Децата во чии домови отсекогаш имало што да се чита подоцна имаат подобри оценки на тестовите на училиште. Оние од најмала возраст можат да почнат со сликовници, па потоа да прејдат на материјали кои се соодветни за нивната возраст.

Нека читаат секаде каде што има букви

Нека ги читаат сообраќајните знаци, менијата во рестораните или имињата на филмовите. Што почесто нека бидат изложени на нешто што треба да се прочита.

Искористете ја технологијата

Факт е дека веќе не постои ниту ќе се роди дете кое нема да сака да ја користи технологијата. Ако вие имате отпор кон неа само ќе направите штета. Ако детето сака да чита нешто на таблет, оставете го да го прави тоа. И тоа е читање исто како и она од печатени книги. Исто така, електронските читачи овозможуваат приспособувања на потребите на читателот, па така ако на вашето дете му е потребен поголем фонт, тоа и ќе го добие.

Оставете ги да одберат што ќе читаат

Тие во секој случај ќе го изберат она што им е најинтересно, односно она што одговара на нивниот развој. Освен тоа, читањето треба да им биде задоволство, а не обврска против која ќе се бунтуваат. Не правете им притисок.

Помогнете им да изберат книга

Тие сепак не знаат каде да погледнат за да изберат книга. Вие треба да им помогнете во тоа. Предложете им некое четиво за кое сметате дека ќе сакаат да го читаат и кое одговара на нивната возраст и развој. Доколку го одбијат, предложете друго и не ги притискајте.

Покажете интерес за она што го читаат

Што и да прават децата, тие очекуваат некаков фидбек од родителите. Затоа покажете го вашиот интерес за она што го читаат, разговарајте за тоа и тие ќе сфатат дека прават нешто убаво. Не заборавајте да ги пофалите поради тоа што читаат. Извор: Кафе пауза]]>

Теа Таировиќ расоблечена во библиотека: Со заводлив поглед низ очила и книга в рака, кому му е гајле што чита разголената „интелектуалка“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovikj-rasoblechena-vo-biblioteka-so-zavodliv-pogled-niz-ochila-i-kniga-v-raka-shto-chita-razgolenata-intelektualka-foto/ Sat, 08 Oct 2022 08:40:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175404

Младата пејачка Теа Таировиќ многумина ја паметат по тоа што  заедно со покојниот Шабан Шаулиќ пееше на неговиот последен настап во Германија, ноќта непосредно пред тој да загине во кобната сообраќајка. Но, атрактивната некогашна „Ѕвезда на Гранд“  не престана да се фотографира во провокативни пози, со што пејачката преку ноќ засени многу од своите далеку попознати колешки. Оваа популарна убавица деновиве одново позираше и тоа  во најпровокативното издание досега. Оскудно облечена, Теа позираше покрај библиотеката полна со книги.  Теа толку „гори“ од сексапил, што малкумина останаа рамнодушни на овие жешки фотографии, на кои иако е со очила на себе и книга в рака, никого не го интересира, што тоа чита разголената „интелектуалка“! Впрочем на вака расна, сексапилна и провокативна појава која се обидува да зрачи со интилигенција, ако сте машко, можете да добиете само зголемена ерекција... наместо желба за читање. Жените веројатно и онака, „веќе ја прочитале“! ]]>

Животни лекции: Ноне влезе во светот на кучките, за подобро да ги препознае „кучките“ околу себе?! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zivotni-lekcii-none-vleze-vo-svetot-na-kuchkite-za-podobro-da-gi-prepoznae-kuchkite-okolu-sebe-foto/ Tue, 12 Apr 2022 07:37:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245993

Некогашната македонска поп ѕвезда,  Нона Неделковска одново „јава“ на  океанските бранови, работејќи на големите прекуокеански крузери. Последната дестинација на која беше закотвена шармантната велешанка беше Јамајка... За неа некогаш „ветената земја“ или поточно земјата на „ветената љубов“ од која останаа само спомени. Откако одново тргна да плови по „големата бара“, Ноне времето на големиот крузер го минува работно, сега веќе како една од „шефиците“ во својата дејност. Можеби затоа има и повеќе слободно време, кое кога си на голем брод со месеци на море, сепак не ти дава многу опции за избор, на тоа како ќе ги потрошиш слободните минути! Бродската забава веројатно и е нешто „веќе видено“, по сите овие години веројатно оддамна ја има „изгустирано“, па затоа Ноне сега решила слободните часови да  ги посвети на релаксација со книгата. Изборот на четивото за многумина можеби чуден, но за оние што добро ја познаваат, сосема логичен. Македонската морепловка се фотографирала со книга во рацете која носи необичен наслов во слободен превод: „Биди повеќе (од) кучка“... И тука оние неупатените веднаш ќе реагираат, дека Ноне баш и не им личи на оние, чиј карактер може да се поистовети со „бесна кучка“... Единствено ако и самата не решила да влезе во светот на кучките...? Што најверојатно и има допирни точки со вистината, зашто поднасловот на нејзиното книжевно четиво вели:  „Ако вашето куче не сака некого, веројатно и вие не треба“!  Поента од содржината на книгата што почнала да ја чита, од која некогашната пејачка би требало да ги извлече -  „Животните лекции од нашите кучешки пријатели“ - како што вели поднасловот! Познато е дека Ноне е голем љубител на животните, дома во родната куќа во Велес чува и маче и куче, а нејзината пудлица Луси има третман на многу повеќе од само обичен домашен миленик, туку на неа гледаат како на полноправен член на семејството. Е сега, која и каква „кучка“  Ноне ќе препознае во книгата што почнала да ја чита, ќе се држи ли до правилото да ги избегнува оние што нејзината Луси ги лае и дали воопште ќе успее да извлече животни лекции од нејзината кучешка домапшна пријателка, останува да видиме кога екс пејачката триковите од книгата ќе ги примени во практика! Дотогаш, Ноне сериозно решила да навлезе во светот на кучките... За подобро да ги препознае „кучките“ околу себе!? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska  ]]>

Викторија Лоба најде начин како во карантин да го „билда“ духот: „Верувам дека овој лош сон наскоро ќе зaврши“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-najde-nachin-kako-vo-karantin-da-go-bilda-duhot-veruvam-deka-ovoj-losh-son-naskoro-kje-zavrshi-foto/ Sat, 21 Mar 2020 07:39:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=140280

Ситуацијата со коронавирусот сите не погоди. Пандемијата не само што ни го загрозува здравјето, туку на сите одкорен ни го смени начинот на живот... Навиките, принципите, однесувањето, погледот на нештата, на кои претходно можеби не сме обрнувале толку внимание. Животот во изолација наметна свои правила, обврски и должности, но донесе и повеќе време за себе и другите...   Пејачката Викторија Лоба, како се' уште да не може да поверува дека ова нам ни се случува. Или барем и требаше време да сфати и да се навикне на ваквата реалност, која сепак не е само лош сон од кој набргу ќе се разбудиме. Сепак, како и многумина од нас, откако се соочи со ситуацијата и првиот бран на неверување го преброди, Лоба полека навикнувајќи се на карантинот наоѓа начини како животот во 4 ѕида да си го направи што понормален. Смирена и внимателна со верба дека „овој лош сон, наскоро завршува“!   „Сега единствено како можеш да си помогнеш себеси и на другиот е да останеш смирен и многу внимателен. Свесност, будност, следење на препораките за одржување на хигиената и самоизолација е клучното во овој момент за да ја спречиме пандемијата. Само помисли колку си среќен што можеш да останеш дома и помисли на сите доктори, медицински лица, полицајци, фармацевти и продавачи во прехранбени продавници кои не се во можност да го напуштат своето работно место и да бидат со своите најблиски. Цени ги вистинските вредности во животот и размисли како можеш да го подобриш својот животен стил кога сѐ ова ќе заврши. Со тоа што остануваш дома придонесуваш ова побрзо да заврши“ - апелира пејачката до јавноста преку својот Инстаграм профил. Во меѓувреме, за да ги оттргне мислите и вниманието од лошите вести со кои деновиве сме бомбардирани, а домашната изолација не ни дава многу простор да го физичка активност која го зацелува и духот, Лоба најде време како тоа да го компензира. „За да Ве инспирирам, направив список од мои омилени книги и оние кои сега почнувам да ги читам. Знам дека некои издавачки компании имаат платформа за он-лајн нарачка со достава на книги, па ќе можеме слободното време да го искористиме на продуктивен начин. Скоро сите мои книги ги купувам по препорака и најчесто се со содржина која помага во личен ментален и духовен раст“ - напиша пејачката претставувајќи го својот литературен избор  од карантинот, додека и таа и сите ние чекаме, овој лош сон што побргу да заврши! ]]>

 Лила читаше лоши коментари и твитови за себе, па порача: „Ако сакаш сите да те сакаат на овој свет, оди продавај сладолед“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-chitashe-loshi-komentari-i-tvitovi-za-sebe-pa-poracha-ako-sakash-site-da-te-sakaat-na-ovoj-svet-odi-prodavaj-sladoled-video/ Thu, 07 Nov 2019 08:20:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116994

Познатите личности, особено оние од медиумите, естрадата и шоубизнисот како по правило „киснат“ на социјалните мрежи. Некои повеќе некои помалку, а некои неможеш „да ги симнеш“ од Интернет... Од Фејсбук, Твитер  и особено од Инстаграм. Пејачки, манекенки, актерки, ТВ водителки... секој ден нова фотографија, една или серија такви. Слика со слика и прилика на дотичната и тоа што го правела претходната вечер или истиот ден... Рекламирањето или таканареченото инфлуенсерство е приказна плус. Која во ресторан со шницла во чинија, која со мусли в раце... Една во бутик, друга во продавница, трета во кафуле или кафеана - тарапаана! Од слаткарница до златарница, рекламира која кај стигне и што ќе стигне! Меѓу нив предничи секако, „едната и единствена“ - Лила Филиповска. И по број на објави, реклама, ама и по галама што се крева со секој нејзин потег. Кој вербално, кој писмено, некој кришум и тајно, други пак јавно со коментари и твитови го кажувааат тоа што го мислат за неа и нејзините постапки. Деновиве естрадниот „ТВ магазин од зад сцената“ тргна да ја праша дали има против јавно да и прочитаат дел од лошите коментари и твитови за неа? Водителката веднаш прифати, па  истакна дека нема проблем со тоа да чита коментари кои се во негативна конотација и им порача на сите хејтери слободно да пишуваат за неа, но кога веќе ја коментираат, покрај кажаното да ставаат убави слики над напишаното. Патем, уште пред да почне да го слуша она што е напишано за неа, Лила после 25 години занимавање со својата професија, „око да не и трпне“, порача: „Ако сакаш сите да те сакаат на овој свет, оди продавај сладолед“! Во продолжение погледнете од видеото какви беа реакциите на Лила после секој исчитан коментар или твит. https://www.youtube.com/watch?v=20v-nFU0wfs]]>

Еве зошто вреди да го минете денот со Катарина Грујиќ крај базенот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-zoshto-vredi-da-go-minete-denot-so-katarina-grujikj-kraj-bazenot-foto/ Fri, 03 Aug 2018 11:35:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41431

Катарина Грујиќ важи за една од најзгодните и најсексапилни српски пејачки! Токму затоа атрактивната Каќа не може „глава да крене“ од летни ангажмани, воглавно на црногорското приморје.
А преку ден, штом се разбуди и собере малку сили, згодната пејачка далеку од очите на јавноста го поминува денот  разладувајќи се крај базенот.
Оние што имаат среќа да се најдат во нејзина близина, имаат што да видат: Додека сексапилната Каќа читајќи се освежува густирајќи го коктелот, гостите и персоналот на хотелот, уживаат во раскошната глетка што им се пружа.
А кога  таа ќе влезе да се разлади, па онака, додека се' се цеди од неа, влажна ќе излезе од базенот...
...влажни погледи и очи ширум отворени, ја испраќаат „жешката“ пејачка, назад  до нејзината масичка...
...или до работ на отворениот базен, каде Каќа знае да остане да се сонча и по цел ден.
  Фото: Никола Томиќ за Телеграф.рс    ]]>

Чита меѓу редови, ама и меѓу… Ирина Шајк читаше гола в кревет, па интимните делови ги прекри само со книгата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/chita-megju-redovi-ama-i-megju-irina-shajk-chitashe-gola-v-krevet-pa-intimnite-delovi-gi-prekri-samo-so-knigata-foto/ Sat, 09 Dec 2017 19:55:04 +0000 http://vistina.mk/?p=6109

Ирина Шајк дефинитивно е една од најубавите жени на светот. Секоја нејзина фотографија тоа го докажува и навистина е тешко да и најде маана, дури и кога би се обиделе тоа да го правите по секоја цена.

Да потсетиме, руската манекенка во април годинава стана мајка, а веќе месец дена по породувањето изгледаше совршено како кога слегува од модна писта.
Сексапилната бринета често својата фигура и провокативните слики ги споделува на Инстаграм, па неодамна мажите ширум светот ги почести со разголена фотографија. Ирина на фотографијата е како од мајка родена и не носи ништо, а интимните делови ги покри со огромна книга која всушност ја промовираше на овој необичен начин. Погледнете ја фотографијата и заклучете сами дали згодната Ирина умее да чита и меѓу редови или и меѓу нешто друго?
Превземено од: Курир.мк]]>