чисто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Dec 2022 13:13:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чисто – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како вашиот дом секогаш да мириса на чисто и свежо? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-vashiot-dom-sekogash-da-mirisa-na-chisto-i-svezo/ Wed, 21 Dec 2022 13:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281131

Ако мислевте дека е тешко да направите просторот во кој поминувате време да мириса на луксузно СПА-одморалиште или како хотелска соба со 5 ѕвезди – не грижете се, постојат многу начини да направите вашиот простор да мириса божествено – од правење потпури од сушено цвеќе (олд скул) до инвестирање во дифузер со етерични масла, сè до докажан рецепт – миризливи свеќи. Но, пред да ви ги откриеме триковите со кои вашиот дом ќе се „бања“ со пријатни мириси, еве што треба прво да направите за се друго да има ефект. Користете вреќи за отпад со мирис Редовното празнење на отпадот се подразбира, но секако ќе помогне употребата на миризливи кеси кои ги неутрализираат непријатните мириси. Перење на теписи и килими Ова правило е можеби едно од најважните доколку сакате вашиот дом да мириса пријатно. Добро би било барем еднаш во сезоната длабоко да ги чистите теписите и патеките, а доколку имате домашни миленици почесто се советува вакво нешто. Редовно проветрување, особено ако има готвење или пушење во просторијата Миризливи свеќи, дифузери, стапчиња… нема да ви помогнат доколку редовно не ги проветрувате просториите. Мирисот на храна и цигари најлесно се „закачува“ на ткаенини, а останува и најдолго, па затоа се препорачува да се префрлите од цигари на електрична варијанта која има помалку пријатен мирис во однос на цигарите, и аспиратори и прочистувачите на воздух се идеални за простори каде што нема доволно вентилација или прозорци како што е случајот со кујните и трпезариите. Дифузери Дифузерите се одличен начин да внесете свежина во вашиот дом. Потребно е само малку масло и просторот ќе мириса на најлуксузните хотели. Вклучени освежувачи Електричните освежувачи на воздух се исто така фантастичен избор за да го направите вашиот дом миризлив. Сè што треба да направите е да ја изберете вашата омилена арома, да ги вклучите и да ги оставите да ја направат својата магија. Потпури од стари цвеќиња и овошје Го знаете ли тој прекрасен мирис на цимет и јаболка? Или мешани ароми на рози или лаванда? Потпури е прекрасен и суптилен начин да му дадете на вашиот дом пријатен и ненаметлив мирис. Онлајн можете да најдете безброј сорти на потпури сами, а најлесниот начин е да користите сушени цветови или да исечете на прстени овошје како што се јаболка или портокали (и да додадете цимет доколку е потребно), да ги печете во рерна на пониска температура помеѓу час и два часа, а потоа да ги посипете со малку етерично масло како здравец, бергамот или сандалово дрво и наредете ги во сад. И Voila – добивте не само прекрасен освежувач на просторот, туку и декорација што нема да остане незабележана. Готвено овошје и вино Ако поптурите не ви се ваш стил, но сакате вашиот дом да го добие тој „празничен допир“, наједноставниот начин е да сварите овошје со малку зачин. Каранфилчето, циметот и анасонот ќе дадат сосема нова арома. Без разлика дали правите вино или чај, вакво нешто брзо ќе ја направи атмосферата потопла и попријатна. Свежо цвеќе Секако, не треба да заборавиме дека свежото цвеќе и тоа како прави разлика. Дури и во зима постојат видови кои мирисаат интензивно како летните букети и кои ќе го претворат вашиот дом во најубава градина. Миризливи марамчиња за сушење алишта Еден од најлесните трикови за освежување е да користите миризливи марамчиња за машината за сушење алишта на друг начин. Се што треба да направите е да ги протриете преку перниците и креветот и ќе видите дека целиот простор ќе мириса свежо. Спрејови за мебел и завеси Овие производи сега се попопуларни од кога било, главно поради разновидноста на мириси. Од вас зависи дали сакате да ја изберете аромата на памук, кремаста ванила, „зачинет“ цимет или нешто друго. Испрскајте мала количина на завеси и драперии или на мебел и гарантираме дека ќе ја почувствувате разликата. извор:курир.мк]]>

Снеже Велков со „нешто конкретно“ покажа како успева истовремено да спои убаво и корисно: Две во едно, а можеа да бидат и три… ама за третото фалеше уште некој! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-so-neshto-konkretno-pokaza-kako-uspeva-istovremeno-da-spoi-ubavo-i-korisno-dve-vo-edno-a-mozea-da-bidat-i-tri-ama-za-tretoto-faleshe-ushte-nekoj-foto/ Mon, 26 Sep 2022 07:38:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268519

Викенд, ден недела... Штом дојде сите различно ја користат. Едни за одмор, спорт и рекреација или прошетка во природа, други за дневна градска кафе шема или вечерно излегување, трети за средување на мислите, психата и физички одмор по дома, а има и такви кои неделата ја користат за средување на домот, чистење, усисување, бришење прашина, средување шкафови... Мини генералка што би рекле! Арно ама, како што рекол народот: „Две лубеници под иста мишка не се носат “ или во превод: Две различни работи не можат да се прават истовремено, па затоа многумина се принудени да бираат. Или чистење по дома или рекреација? Повеќето - да, ама не и таа... Снеже Велков! Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка оддмна покажаа дека е снаодлива девојка односно вешта жена, па така и овој пат успеа да покаже како се работат две работи во една смена. Или поточно, со „нешто конкретно“ покажа како  истовремено успева да спои убаво и корисно! Имено, русокосата убавица, добро знае дека и во недела мора да се прошета и рекреира, ама мора и да се чисти по дома. Времето толку е - колку е, па досетливата Снеже најде начин како да изведе две нешта со еден потег. Две работи истовремено со една активност: пилатес и домашна хигиена  со само една вежба. Поточно две различни работи во кои покрај телото и крпата мора да работи! Најпрвин крпата на двете испружени нозе, рацете потпрени на подот и... испружи се собери се, испружи ги собери ги... Исто како кога само вежбаш... Исто е, ама не е исто. Ова е ем здраво, ем чисто! Потоа следуваат варијации на тема... Крпата само на едната, па само на другата нога, па под едната, другата или под двете раце.. И малку по малку рекреативниот циклус завршен, а патосот гланцнат, светнат, совршен! Ем телото здраво и стегнато како на спортист, ем домот чист. А и позите што при тоа се прават, мошне предизвикувачки и примамливи... Па освен крпата да работи и нешто друго, за задоволство плус! Како и да е, Снеже Велков спои две во едно, а можеа да бидат и три...  Ама за третото фалеше уште нечие присуство... За „нешто конкретно“! И задоволството да биде ептен комплетно! Фото: Инстаграм принтскрин/nestokonkretno1    ]]>