чиста хероина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 10 May 2018 10:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чиста хероина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На барање на публиката: На 15 и 16 мај „Чиста Хероина“ во Јавна соба https://arhiva.vistina.com.mk/na-baranje-na-publikata-na-15-i-16-maj-chista-heroina-vo-javna-soba/ Thu, 10 May 2018 07:03:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=26223

На барање на публиката на 15 и 16 мај во Јавна соба со почеток во 19.00 часот ќе се одиграат две играња на театарската претстава „Чиста Хероина“ според текстот „Лична Ангелина“ (Чувари на честа) на Загорка Поп-Антоска Андовска, а во режија на Ѓорѓи Ризески. „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ е драма која е напишана во стих, со архаичен говор близок на епската песна „Болен Дојчин“, се случува во митско време, и го следи веќе воспоставениот однос на Болен Дојчин и сестра му, Лична Ангелина. Режисерското читање на Ѓорѓи Ризески, го отфрла митското време, и дејствието го сместува во сегашноста, во една брачна соба, на поткровје и својот режисерски фокус го гради врз првата сцена во која Лична Ангелина ја отфрла искрената љубов на Црна Арапина, а со тоа и идејата дека светот може да биде помирен. Ликовите на Болен Дојчин, Умер Бичакчија, Митре Поморјаче и Павле Плетикоса драматуршки се споени и ги толкува Марко Илиќ, а ликот на Лична Ангелина Надица Петрова. Оригинална музика за претставата работеше Александар Андовски. Музички соработник е Викторија Чочороска. Костимот и сценографијата се потпишани колективно. Продуцант на претставата е Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ популарно познат како ДАСТА Академија.
 ]]>