чипс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 26 Jun 2023 10:02:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чипс – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Никако не носете чипс и сендвичи на плажа, ова се причините https://arhiva.vistina.com.mk/nikako-ne-nosete-chips-i-sendvichi-na-plazha-ova-se-prichinite/ Mon, 26 Jun 2023 12:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307682

Многу луѓе кои го поминуваат целиот ден на плажа на одмор обично носат храна со себе, како сендвичи или салата. Сепак, нутриционистката Кирстен Хикман истакнува дека некои намирници не се многу погодни за оброк на плажа. Според неа, најлошата храна што се носи на плажа е онаа што предизвикува дехидрација. „Ако поголемиот дел од денот го поминувате на сонце и високи температури, последното нешто што сакате е храна која може да доведе до дехидрација“, вели таа, посочувајќи која храна е најмалку погодна за плажа според неа. Сувомеснати производи Овие намирници се познати по нивната висока содржина на натриум, поради што нутриционистот советува да ги избегнувате кога поминувате многу време на сонце. Наместо тоа, таа препорачува сендвич со зеленчук кој го хидрира телото, со додавање на малку хумус за додавање протеини. Солени закуски Уживањето во грицки на плажа е сосема нормално, но чипсот и сличните производи не се најдобриот избор поради високата содржина на сол што може да доведе до дехидрација. Кирстен предлага наместо тоа да носите овошје или сецкан свеж зеленчук што можете да го потопите во некој сос. Пржена храна Не е изненадувачки што пржената храна има висока содржина на сол што ја влошува дехидрацијата. Освен тоа, јадењето пржена храна може да доведе до пад на енергијата, што може да предизвика поспаност и лошо расположение на плажа, предупредува нутриционистот. Слатки пијалоци Слично на солта, храната и пијалоците богати со шеќер исто така може да предизвикаат дехидрација. Кога внесувате шеќер, телото користи повеќе вода за метаболизмот, што може да резултира со почесто одење во тоалетот. Покрај тоа, конзумирањето слатки пијалоци може да предизвика брзи флуктуации на нивото на шеќер во крвта, што доведува до исцрпеност во текот на денот. Затоа, најдобро е да изберете вода или незасладени ладни чаеви. Топли оброци Овде не се работи само за здравјето, туку и за практичноста. Ако понесете топол оброк на плажа, до моментот кога ќе го јадете, веројатно ќе биде млак и помалку вкусен. Ладната храна е посоодветна бидејќи може да остане подолго свежа и пријатна за консумирање на плажа. Кирстен предлага да уживате во ладни салати со тестенини додека се релаксирате покрај морето. Извор: Курир.мк]]>

Тик Ток ‘полуде’ по овој рецепт: Дали пробавте и вие паста-чипс? (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ik-tok-polude-po-ovoj-recept-dali-probavte-i-vie-pasta-chips-video/ Thu, 10 Mar 2022 13:45:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242668

Чипсот од тестенини е една од многуте ТикТок сензации, а ова популарно јадење е направено од варени тестенини прелиени со маслиново масло, пармезан и зачини, а потоа се пржат додека не станат крцкави. Оригинално наречен паста чипс, излегува толку крцкав и совршен за потопување во вашиот омилен сос што го прави особено погоден за сервирање како предјадење. Можете да користите какви било тестенини по ваш избор. Пармезанот дава одличен вкус и станува крцкав дури и во фритеза, а можете да го замените со меки сирења кои се добро изрендани како гауда. Состојки За чипс: - 250 грама тестенини - 1 лажица маслиново масло - 3 лажици рендан пармезан - ½ лажичка италијански зачини - ½ лажичка лук во прав - сол и бибер За сос: - 120 грама рендано фета сирење - 50 грама грчки јогурт - 1 чешне лук - 2 лажици маслиново масло извор:точка.ком.мк]]>

Здраво и вкусно мезе: Чипс од тиквички https://arhiva.vistina.com.mk/zdravo-i-vkusno-meze-chips-od-tikvichki/ Sat, 04 Aug 2018 07:07:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41475

Направете вкусен деликатес како прилог за ручек или мезе за со пиво. Состојки: 2-3 тиквички 3-4 чешни лук вегета сол бибер Подготовка: Тиквичките не се лупат, се сечат на дебели кругови, па се оставаат половина час да се исушат. Се пржат на врело масло, додека не добијат убава боја. Се ставаат во чинија со ситнет лук над нив, сол, бибер и вегета. Додадете си и зачини по желба.]]>

Чипс, пица, кикиритки… оваа хранаможе да предизвика главоболка! https://arhiva.vistina.com.mk/chips-pica-kikiritki-ovaa-hranamoze-da-predizvika-glavobolka/ Sat, 04 Aug 2018 06:57:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41481

Постојат многу видови храна кои под одредени услови би можеле да предизвикаат главоболка. Доколку и вие сте меѓу оние кои често, или барем понекогаш, ги мачи мигрена, сигурно ќе ве интересираат податоците од најновите истражувања поврзана со ефектот на одредени прехранбени производи врз појавата на глаболка. Кикиритките, путерот од кикиритки, оревите, пицата, чипсот, сите оние „нездрави“, а неодоливи ужинки кои се едноставно заразни, можат да бидат, и без да знаете, причинители на главобока. Меѓу продуктите кои предизвикуваат главобока се и кашкавалите кои стојат долго како и други продукти кои содржат тирамин, како црвеното вино и другите алкохолни напитоци, месните преработки и сл. За главоболките од алкохол не е потребно големо објаснување. Според тврдењата на стручниците, црвеното вино, пивото, шампањот, се, најчестите зачетници на здодевните болки. Кога пиете алкохол, приливот на крв во мозокот се зголемвуа и тоа може да биде импулс за почеток на глаболка. Од главоболки не се лишени и обожавателите на студени пијалаци. Убаво е да се знае дека студената храна влијае неповолно врз некои луѓе, на тој начин што може да предизвика глаболка. Поголема е веројатноста дека тоа ќе се случи доколку телото е веќе загреано, на пример, со физичка активност, или со зголемена надворешна температура. Тогаш болката се јавува во горната половина од главата и трае во интервали од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека над 90 отсто од луѓето кои страдаат од хронична мигрена покажуваат чувствителност на сладолед и останати студени супстанци. Причинители на главоболка може да бидат и прехрамбени производи кои содржат адитиви како хот-дог, шунка, колбаси, сланина, лути пиперчиња. Се разбира, вие самите најдобро можете да откриете која храна ви предизвикува проблеми. Најдобро би било секој што страда од главоболки да води некој вид дневник кога точно чувствува главоболка и што консумирала токму тој ден. По одреден период, би можеле да утврдите, врз основа на вашите записи, кои продукти се предизвикувачи на главоболките во конкретниот случај.]]>