чикаго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Dec 2022 10:27:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чикаго – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонец од Неготино рапува на македонски со познати рапери од Чикаго: Vukac Mc во новата соработка со Real AP и Tay Glo – „In The Stars“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonec-od-negotino-rapuva-na-makedonski-so-poznati-raperi-od-chikago-vukac-mc-vo-novata-sorabotka-so-real-ap-i-tay-glo-in-the-stars-video/ Fri, 16 Dec 2022 10:27:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280369

Алеĸсандар Петров, ака Vukac MC, само што не благослови со уште еден бенгер, овој пат во соработĸа со уметниците од Чиĸаго -  Real AP и Tay Glo. Песната се виĸа „In The Stars“, има музичĸо видео што го режираше Б Шута (BSHOOTA), видеограф од Чиĸаго. Инженер за снимање беше Дом Ленон, а Ниĸола Тефов беше продуцент и мастеринг инженер за песната. NT Music го објави на сите музичĸи и видео платформи. Еве мала приĸазна за ĸаĸо се настана оваа песна, Вуĸац неочеĸувано ги запозна Реал АП и Теј Гло на хип хоп забавата ĸоја ја организираше еден од пријателите на Вуĸац. Отĸаĸо Vukac MC ги слушан Real Ap и Tay Glo, навистина му се допадна нивниот звуĸ, протоĸ и стил. По неĸое време, тие се поврзаа и снимија неĸолĸу проеĸти, од ĸои едната е „In The Stars“. Реал АП е најдоминантен на оваа песна, но Вуĸац има ĸратоĸ, но сладоĸ стих на мајчин јазиĸ: „Маĸедонсĸи јазиĸ“. Инаку за тие што не знаат, Алеĸсандар Петров познат и ĸаĸо Вуĸац МЦ, е роден во Неготино, Маĸедонија. Тој е рапер, пејач и ĸларинетист. Љубовта ĸон музиĸата започнала уште од мали нозе. Тој вели деĸа првиот пат ĸога слушнал песна од Еминем и 50 цент бил воодушевен и веднаш се заљубил во ĸултурата и музиĸата на Хип Хоп. Со теĸот на времето, тој почнал да учи повеќе за рап и хип хоп музиĸата и ĸултурата и на ĸрајот, тој почнал да рапува неĸои од неговите омилени песни од Еминем, 50 Сент, Др. Дре, 2Паĸ, Џибит и други...! Проследете како сето тоа звучи и изгледа во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Повеќе не ја кријат љубовта од јавноста: Поранешниот на Анастасија Ражнатовиќ не се дели од новата девојка и постојано заедно патуваат (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/povekje-ne-ja-krijat-ljubovta-od-javnosta-poraneshniot-na-anastasija-raznatovikj-ne-se-deli-od-novata-devojka-i-postojano-zaedno-patuvaat-foto/ Wed, 07 Sep 2022 06:57:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265832

Поранешното момче на Анастасија Ражнатовиќ, бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, ужива со својата нова девојка Мила Радојевиќ. Куљиќ и неговата нова избраничка не престанаа да патуваат откако стапија во врска. Заљубениот пар на почетокот на летото ги посети Миконос и Санторини, па по повод роденденот на Куљиќ се пресели на црногорското приморје, а сега ужива во дождливиот Чикаго. Во споменатата метропола, Ѓорѓе разви семеен бизнис и токму затоа често е на релација Србија-Америка. Ѓорѓе Куљиќ и Мила Радојевиќ уживаат во својата љубов и не сакаат повеќе да ја кријат од никого, а тоа  Мила го покажа со својот чин на објавување на првата фотографија со милионерот. На неа тие се прегрнати и многу интимни. Фото: Принтскрин/Зорана Јефтиќ/Соња Спасиќ  ]]>

Теодора Џехверовиќ се пофали со фотографија од Чикаго, а една „обожавателка“ ја „уништи“: „Можеш кај сакаш да одиш, ама селото од тебе не оди никаде“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/teodora-dzehverovikj-se-pofali-so-fotografija-od-chikago-a-edna-obozavatelka-ja-unishti-mozesh-kaj-sakash-da-odish-ama-seloto-od-tebe-ne-odi-nikade-foto/ Fri, 29 Oct 2021 10:09:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225171

Пејачката Теодора Џехверовиќ  е на американска турнеја од каде секојдневно ги известува своите бројни следбеници за секој нејзин чекор. По жешките фото пози од плажите во Мајами, Теодора објави фотографии пред познатиот театар во Чикаго, каде позира облечена цела во црно. И додека се собираа лајкови и пофални зборови, очигледно сите не се воодушевени, па се најдоа и такви од женските „обожавателки“ што  ја навредуваа пејачката:
Можеш каде сакаш, но селото никаде не оди од тебе, буквално вреска зад тебе“ - напишал една од следбеничките, на што Џехва не и останала должна, па сепак културно и возвратила: Леле малечка, ајде молчи жити мајка ти“.]]>

Македонскиот пејач кој живее и работи во Чикаго ќе стане татко https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-pejach-koj-zivee-i-raboti-vo-chikago-kje-stane-tatko/ Thu, 27 Aug 2020 07:34:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164886

Радосни вести пристигнуваат од домот на македонскиот пејач и неговата сопруга. Имено, младиот пејач Антонио Тасевски кој повеќе од 15 години живее и работи во Чикаго и неговата сопруга Ана Марија ќе станат родители на нивното прво дете. Убавите вести тој ги сподели на социјалните мрежи истакнувајќи дека наскоро ќе станат тројца. Сопругата на Антонио треба да се породи во декември, а ова е нивно прво дете. Антонио повеќе од 15 години работи и живее во Чикаго каде што има своја фирма за транспорт, а и редовно настапува. Неодамна, тој времето во карантин искористи за да сними преработка на големиот хит „Тајно Моја“ од 2000 година на нашата најголема музичка легенда – Тоше Проески.]]>

Ѕирнете во луксузниот дом на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер https://arhiva.vistina.com.mk/dzirnete-vo-luksuzniot-dom-na-ana-ivanovikj-i-bastijan-shvajnshtajger/ Wed, 20 Mar 2019 11:47:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=78454

Познатиот пар Ана Ивановиќ и Бастијан Швајштајгер поради фудбалските обврски подолго време живеат во Чикаго. Апартманот каде што живеат се наоѓа во хотелот „Валдорф Асторија“ од каде што има поглед на преубавото езеро Мичиген. Според неофицијалните информации овој апартман чини околу 30 000 евра. Кога го бирале местото каде ќе живеат, Ана имала само еден услов односно барала апартманот да има тереса. Погледнете како изгледа домот на познатиот пар.
фото: Принтскрин  ]]>

Македонскиот камионџија од САД, со новогодишно „ситдаун шоу“ од кабината: Овој пат „на тапет“ е Зоки – „Фаци“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-kamiondzija-od-sad-so-novogodishno-sitdaun-shou-od-kabinata-ovoj-pat-na-tapet-e-zoki-faci-video/ Thu, 27 Dec 2018 08:02:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65079

Дарко Јефремов, македонскиот камионџија од Чикаго - САД, преку ноќ стана ѕвезда на социјалните мрежи со своето „Камионџија шоу“.  Особено откако онаправи пародија на модното шоу на стилистот и моден критичар Сергеј Варошлија.
Илјадници следбеници кликаат лајкови, пишуваат коментари, го фалат... До душа има и такви кои го бранат македонскиот „моден гуру“ од 1ТВ, кој не собра храброст да му одговори на „фрлената ракавица“ на чикашкиот камионџија.
Арно ама, не мина долго, „вербалниот револвераш“ од камионџиската кабина одново се огласи на истата адреса. Нова Година доаѓа, па ред е и тој да има свое новогодишно „Камионџија шоу“.  Варошлија, или како што тој го вика Серџо,  одново мета на неговиот монолог, ама овој пат само за кратко. Главна ѕвезда во новогодишното издание е колегата на Сергеј,  Зоки - „Фаци“. Овој пат естрадниот новинар и водител на „Ексклузив“ се најде „на тапет“, или како што вели камионџијата,  „на преглед“, во новогодишното „ситдаун шоу“ од камионџиската кабина на Дарко - „драјверот“!
Погледнете го новогодишното видео со шоуто на камионџијата и очекувајте водителите од 1ТВ империјата да го возвратат ударот. Варошлија засега молчи, со куса најава дека на „непристојните“ видеа нема да им придава значење и третман во неговите модни коментари. И веројатно така треба... Само што, ова е малку... „повеќе од мода“! Погледнете го видеото во продолжение:
]]>

Андреј и Панчо во американски филм: Урбаните каубоји од бетонската чикашка џунгла (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/andrej-i-pancho-vo-amerikanski-film-urbanite-kauboji-od-betonskata-chikashka-dzungla-foto/ Tue, 13 Nov 2018 08:49:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57555

Членовите на популарното македонско ар-ен-би дуо Андреј и Панчо се во САД.  Каубојите од урбаната чикашка џунгла не е насловот на некој нов филм во кој момчињата од ДНК играат. Тие се актери во својот филм... или поточно своето ново видео.
Нив како и половина македонска естрада ги зафати „новата треска“ - да се снимаат спотови во странство. Викторија Лоба на Миконос, Влатко Лозановски и Магдалена Цветковска во Турција, Елена Ристевска во Грција па сега во САД, Тамара исто така во Грција, Нокаут во Црна Гора... До душа Куку леле тоа го почнаа први пред дваесет и пет-шест години со спотовите снимани во Австралија, Бразил, Амстердам...
Па и ДНК иако имаа одлични видеа снимени и овде решија да го фатат возобновениот тренд, па правец САД или поточно Чикаго. А таму, двајцата урбани каубоји ја искористија бетонската џунгла за кадрите на новото видео за песната „Кога би знаела се“... Па за да го реализираат, решија и самите ако не се', тогаш барем што повеќе да дознаат за местото на прстојот.
Покрај работните мигови, Андреј и Панчо кадри испратија и од приватните моменти на престој и забава во ветената земја.
На лапање стек кај Мајкл Џордан, селфи со восочната статуа на Скоти Пипен и секако на НБА натпревар на „Булси“...
Нормално, покрај сето тоа уште илјада и една магија што ја нуди урбаната бетонска чикашка џунгла... И секако, голема благодарница за сите оние што им овозможија на Андреј и Панчо во својата музичка ДНК да вметнат и малку од американскиот сон... Кој за нив беше , барем накратко јаве!
Останатато ќе ви го раскажат тие. Што преку видеото за песната, што преку медиумите, што лично...
Ех кога би знаеле се'... за нив! Ама нема потреба... Зашто тогаш нема да има магија!  ]]>

Концерт: Вечерва во Чикаго, Четкар ја завршува турнејата во САД https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-vecherva-vo-chikago-chetkar-ja-zavrshuva-turnejata-vo-sad/ Tue, 13 Feb 2018 13:25:00 +0000 http://vistina.mk/?p=12633

Владимир Василевски Четкар вечерва, вторник, 13 февруари 2018 година, придружуван од септет ќе настапи во Чикаго во „Зипо“ (Xippo), со што ќе ја заокружи зимската турнеја во САД, во чии рамки беа опфатени и настапите во Њујорк, Кливленд и Детроит. 
Четкар таму настапи во едни од најпопуларните американски џез-клубови како што се „Најттаун“ (Nighttown) во Кливленд, „Мјузик хол џез-кафе“ (Music Hall Jazz Cafe) во Детроит и „Би-Би Кинг блуз клаб“ (BB King Blues Club) во Менхетен, Њујорк. ]]>

Тања Станковиќ се враќа со „Љубов моја“ https://arhiva.vistina.com.mk/tanja-stankovikj-se-vrakja-so-ljubov-moja/ Mon, 22 Jan 2018 09:52:08 +0000 http://vistina.mk/?p=10381

Со поп-баладата „Љубов моја“, некогашната македонска поп пејачка Тања Станковиќ по долги години повторно се враќа на домашната музичка сцена. Иако таа е секојдневно во светот на музиката, со оваа мелодија таа нѐ потсети на времето на 1990-тите години кога беше меѓу најуспешните македонски поп-пејачи. Наградите и видеозаписите се сведоштво за нејзините успешни ангажмани и пред сѐ за нејзиниот талент. Иако веќе две децении Тања со својот сопруг -гитаристот Игор и семејството живее и работи во Чикаго, САД, таа е нераскинливо поврзана со Македонија, а на повеќе домашни радиостаници веќе се емитува нејзината нова песна. „Сиве овие години работев претежно како студиска музичарка, a како композиторка повеќе бев фокусирана на спиритуалната музика, самата инспирација го насочуваше патот. Но песната ’Љубов моја’ едноставно дојде среде ноќ, како гром од ведро небо, комплетна сосе текстот и дел од аранжманот во глава. Го разбудив Игор и му кажав дека имам убава мелодија. Се разбира, не му требаше многу време за да стане и да се упатиме кон студиото во најдолниот кат од нашата куќа. Песната им е посветена на сите вљубени луѓе, кои сѐ уште веруваат дека љубовта е вистинска магија во животот и дека сѐ уште прави чуда“ - откри Тања во неодамнешен разговор за „Нова Македонија“, додавајќи дека пријатно е изненадена од реакциите на публиката.
„Македонската публика ме изненади многу пријатно. Надвор од Македонија сум нешто помалку од 20 години и кога по толку долг неактивен период на таа сцена некој ќе те поддржи со цело срце, за мене е тоа најголем комплимент како уметник. На Американциве им се допадна песната и ме форсираат да ја снимам и на англиски, па најверојатно и ќе го сторам тоа“- рече таа. Нејзината нова песна можете да ја слушнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=tiUIp04kvfg]]>

(ФОТО) Ќе ви застане здивот: Сопругот на македонската водителка и приреди неверојатно доживување! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-kje-vi-zastane-zdivot-soprugot-na-makedonskata-voditelka-i-priredi-neverojatno-dozivuvanje/ Tue, 14 Nov 2017 09:21:46 +0000 http://vistina.mk/?p=3491

Поранешната македонска ТВ водителка Бона Пауновска веќе неголку години заедно со сопругот Филип и синчето живее во Мајами, а водителската кариера ја остави во минатото во Македонија. Убавата Бона е доста активна на социјалните мрежи каде редовно објавува семејни фотографии според кои може да се каже дека живее во хармонија со сопругот, синчето и нивното милениче. Пред неколку месеци се исплашија од ураганот кој помина близу нивниот дом на Мајами, но за среќа и за нив се заврши добро...
Деновиве Бона го прослеви својот роденден, а по тој повод саканиот Филип и приреди романтично патување до Чикаго каде уживаа во бројните убавини и знаменитости на овој магичен америнански град. Но, она што ќе ве остави без здив е фотографијата направена од „Sky Deck Wills Tower (Sears Tower)“ место од каде панорамски се гледа Чикго, кој е пред нив, но и под нив. Освен тоа, Бона и Филип покажаа и дека годинава го дочекаа првиот снег. Погледнете: