чифте амам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 13:56:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чифте амам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уште една врвна ликовна манифестација во „Чифте амам“: 19-то издание на „Зимски салон“ на ДЛУМ https://arhiva.vistina.com.mk/ushte-edna-vrvna-likovna-manifestacija-vo-chifte-amam-19-to-izdanie-na-zimski-salon-na-dlum/ Wed, 09 Feb 2022 13:56:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238401

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, а во соработка со Национална Галерија на Р.Македонија вечерва во отвора 19-то издание на „Зимски салон“ кое што ќе се одржи  во Национална Галерија на Р.Македонија објект – Чифте Амам со почеток во 20 часот. „Зимскиот Салон“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност со свои правила и критериуми и прифатена во културниот живот со огромен интерeс и голема медиумска поткрепа. Денешната физиономија на „Зимскиот Салон“ ги има задржано основните карактеристики: професионалност, строга селекција на учесници, квалитетен каталог и соодветна медиумска покриеност. Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум а тоа е конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна. Годинешниот „Зимски Салон“ е 19-ти по ред, селектор е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата учествуваат:  Коле Манев, Вана Урошевиќ, Кирил Гегоски, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Илина Арсова, Филип Фидановски, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Слободан Живковски, Пандора Апостолоска Саздовска,Златко Бојковски,Христина Зафировска, Стефан Димовски, Ацо Таневски, Мирослав Вељковиќ-Мишо, Јана Луловска,Ангелца Стоиљковиќ, Ивона Велковска,Марина Цветановска Мартиновска, Моника Десоска Каргова, Зуљеха Зубери Али, Бојана Артиновска Трпческа, Драган Верговски Алпи, Душан Георгиевски, Ангел Димовски Чауш, Сашо Саздовски,Слободан Милошески, Ненад Тонкин,Маја Танева, Нела Јанковска, Росица Лазеска, Дијана Томиќ Радевска, Ана Ивановска, Марија Мицова Гацова, Тања Таневска, Јана Манева Чупоска, Страхил Петровски, Мице Јанкуловски, Ирена Паскали и Златко Глигоров.]]>

Изложба на Перица Георгиев – Пепси во „Чифте Амам“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-perica-georgiev-pepsi-vo-chifte-amam/ Tue, 21 Dec 2021 13:46:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=232114

„И во огнот штом ќе запролети“ е изложбата на Перица Георгиев-Пепси која вечерва на 21 декември во 20 часот ќе се отвори во Чифте амам.
„Со изложбата во Национална галерија, неформална камерна ретроспектива на дела од периодот на неговото делување од крајот на минатиот милениум, Перица Георгиев-Пепси нѐ воведува во егзистенцијално-духовни прашања и ги бара одговорите за смислата на животот и философијата за сопственото постоење. Притоа, евидентно е прочистувањето на визуелната палета. Тој ги материјализира и ги презентира сите интимни состојби и ситуации што го провоцираат уметникот на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи метаризница на минатото – во иднината“истакнуваат од Национална галерија на Македонија.
Перица Георгиев-Пепси е роден во 1957 година, во Скопје. Во 1987 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во 1984 година сосема природни се неговите први настапи со групата „Зеро“, во која учествуваат повеќе уметници и музичари. Заедно излагаат во полето на колажот, инсталацијата, анимацијата, видеото, музичките и мултимедијални хепенинзи. Тој остави белег во македонската уметност како еден од уметниците во групата „Зеро“ која беше активна во 1980-тите и влијаеше врз генерации македонски уметници. Оваа група се појави како своевиден андерграунд одговор на тогашната уметничка сцена, воспоставена во социјалистичкиот режим на СФРЈ.]]>

Изложба на Рубенс Корубин во „Чифте Амам“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-rubens-korubin-vo-chifte-amam/ Fri, 27 Sep 2019 10:42:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=109484

Во Чифте амам на 8 октомври од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Ателје, Радоста на сликањето“ на сликарот Рубенс Корубин. Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата. „Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет“, се вели во најавата за изложбата. На изложбата ќе бидат прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата ќе бидат поставени и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус. „’Ателје, Радоста на сликањето’ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград“, стои во најавата за изложбата.]]>