чичко стоилко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 30 Jul 2021 11:33:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чичко стоилко – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тамара растури, „го урна“ Антички во Охрид, а Катарина Ивановска „одлепи“ на нејзиниот концерт, па за малку „ќе го урнеше“ Перо Антиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-rasturi-go-urna-antichki-vo-ohrid-a-katarina-ivanovska-odlepi-na-nejziniot-koncert-pa-za-malku-kje-go-urneshe-pero-antikj-foto/ Fri, 30 Jul 2021 08:02:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213266

Тамара Тодевска како и секој жив човек, можеби има маани, знае да направи по некој гаф, да биде на моменти несериозна, неодговорна и кон себе и кон другите... но, едно е сигурно: Таа е дефинитивно вокал за респект, пејачиште од врвен ранг, поп ѕвезда како што малку ги има во регионот, а во Македонија на прстите од едната рака можат да се избројат. Вистинска поп дива, горда на себе и својот талент, а ние горди на неа. Ако Евровизискиот настап наговести дека максимално напреднала, созреала и успеала да го спои во себе она што од Бога и е дадено и она што со работа, труд, вежбање, проби и дисциплина на духот и умот ти ја става „круната на глава“  крунисувајќи те во поп кралица, концертот во Античкиот театар во Охрид веројатно беше чинот на нејзиното крунисување. Тамара едноставно растури, го урна тој светол антички храм на културата, оддува се' на сцената, при тоа спојувајќи го својот моќен вокал со својата енергија, сценски настап, харизма... а сето тоа споделувајќи го со публиката која ќе и возврати на најдобар начин, давајќи  и го својот фитбек назад на сцената... И сето тоа така во круг, создавајќи една старотно моќна синергија, вткаена и преточена во фантастичен музичко-сценски перформанс за паметење... Перформанс на кој сите можеме да бидеме горди... Тамара што и се случи и успеа да го изнесе на најдобар можен начин, публиката, сите ние,  што имаме пејачки ѕвезди како Тамара. А кога сме веќе кај публиката, во публика во Антички на концертот на Тамара многу луѓе,  секако, онолку, колку што ковид протоколите дозволуваат. Да беше поинаку, велат ќе беше како на „Маракана“ кога игра Бразил или на „Камп Ноу“ кога игра Барса. Меѓу оние што успејаа да дојдат до влезница, покарај „сите обични луѓе“ и мноштво познати, јавни личности. Најсилната и најсрдечна поддршка за поп дивата на сцената, секако од најблиските. Сестра и' Тијана во првите редови, во убаво, познато и симпатично друштво... Меѓу останатите и новата „љубовно-јавна“ двојка, познатиот пар за кој долго време се шпекулираше и гласно се шепотеше во јавноста дека се заедно, се' додека самите не ја обелоденија врската: македонскиот топ модел и манекенка Катарина Ивановска - Кики и некогашната кошаркарска НБА ѕвезда, сега актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ или „Чичко Стоилко“ - прекарот под кој се претставува и потпишува на социјалните мрежи. И додека тој седеше и потпевнуваше, Катарина, Тијана и останатите стоечки се забавуваа... Разбирливо, концертот ја достигна својата кулминација кога на ред дојде хитот на кариерата на Тамара... „Тажна љубов, среќна песна“,  очигледно возбудата ја доведе до екстаза, а веројатно и стиховите на песната погаѓаат директно в срце, па додека Тамара растураше на сцената и „го урна“ Антички, Кики „одлепи“ на нејзиниот концерт, па за малку „ќе го урнеше Чичко Стоилко“... од столчето! Имено, додека Катарина со високо кренати раце го пееше рефренот: „Еден ден, ќе ме молиш, ќе ме сонуваш...“, во еден момент еуфоријата толку ја обзема што се сврти кон Перо и почна да го „гњави“ по лицето и брадата, па екс-кошаркарот бегајќи од „милозливите напади“ на нахалната убавица, за малку што не падна од столица! До душа, Антиќ навикнат е на „машка игра“ под кошевите, ама на „женски раце“ на лице среде концерт...? Иако го фатија неподготвен и изненаден, Перо сепак успеа да се снајде и да им одолее на „нападите“...! Единствено остана нејасно, дали можеби потоа, покажаниот среден прст од кошаркарот значеше дека потегот на убавицата ќе биде санкциониран со... „намерна лична“? Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic    ]]>