четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 11:13:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png четкар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Четкар промовираше спот за новиот сингл – „A New Day“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-promovirashe-spot-za-noviot-singl-a-new-day-video/ Wed, 20 Sep 2023 11:13:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318898

Светски познатиот џез и фанк музичар од Охрид, Владимир Василевски - Четкар, деновиве го промовираше новиот музички спот за новиот сингл „A New Day“.
Видеото се снимаше на повеќе локации во Охрид и е во режија на Бојан Симјаноски. ‘A New Day ‘ или ‘Нов Ден’ е комплетно авторско дело на Четкар на кое тој е потпишан како композитор, аранжер, текстописец, диригент и изведувач (вокал и гитара). Песната е снимена со жива инструментација во Чикаго во студиото ‘Electrical Audio’ на познатиот Американски продуцент Стив Албини (познат по соработките со Нирвана, Лед Зепелин и т.н. ) и во ‘Hi Fi Studios’ во Милвоки.
]]>

Осмото издание на “Вино и Џез” со Четкар на 29-ти јули во с. Опеница – Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/osmoto-izdanie-na-vino-i-dhez-so-chetkar-na-29-ti-juli-vo-s-openitsa-ohrid/ Fri, 28 Jul 2023 08:08:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311635

Оваа сабота, 29-ти јули со почеток во 20 часот, ќе се одржи осмото издание на традиционалниот музички настан “Вино и Џез” со Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл во “Monastery Winery” во Село Опеница, Охридско. Посетителите на овој уникатен настан кој од година во година станува се попопуларен ќе можат да уживаат во прекрасните вина на винаријата од охридскиот и тиквешкиот регион како и во авторската музика на македонскиот кантавтор и изведувач со интернационална кариера Владимир Четкар.]]>

Четкар најави нов албум и нова концертна тура во САД https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-najavi-nov-album-i-nova-kontsertna-tura-vo-sad/ Tue, 16 May 2023 12:00:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302284

Владимир Василевски Четкар периодов интензивно работи на продукцијата на неговиот нов студиски албум и набрзо заминува за САД каде што ќе започне со снимањата на материјалите во неколку студија во Чикаго и Њујорк. На овој Албум како и на предходните Четкар ќе се потпише како комплетен автор, композитор, аранжер, продуцент, диригент, гитарист вокалист и текстописец а ќе биде сниман во целост со живи инструменти односно со ритам, дувачки и гудачки секции.
Паралелно со снимањата и продукцијата на албумот, Четкар ќе одржи неколку концерти во Америка и тоа во Њујорк на 3 Јуни, Кливленд на 10 Јуни и Детроит на 16 Јуни а ова ќе бидат воедно и неговите први настапи во САД оваа година кои доаѓаат после неговата распродадена есенска турнеја минатата година.

Распродадени концерти и овации на Американската турнеа на Владимир Четкар https://arhiva.vistina.com.mk/rasprodadeni-koncerti-i-ovacii-na-amerikanskata-turnea-na-vladimir-chetkar/ Fri, 25 Nov 2022 06:36:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277498

Од Американската турнеа на Владимир Четкар останаа уште само две дестинации: На 30 Ноември тој ќе настапи во Black Cat Jazz Club, најпознатиот џез клуб во Сан Франциско a на 9 Декември во Вест Палм Бич, Флорида во прочуениот Нортон Музеј на Уметноста. Владимир Четкар на оваа турнеа досега настапи во Чикаго, Детроит, Кливленд и Њујорк каде концертот беше распродаден неколку дена однапред. За атмосферата на овие концерти каде Четкар се претставува како композитор, аранжер, изведувач (гитарист и вокалист) и бендлидер, ќе оставиме да говорат видеата и фотографиите.]]>

Владимир Четкар со концерт во „Станца 26“ во Скопје, па на есенска турнеја низ САД https://arhiva.vistina.com.mk/vladimir-chetkar-so-koncert-vo-stanca-26-vo-skopje-i-na-esenska-turneja-niz-sad/ Wed, 12 Oct 2022 09:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270951

На 28 Октомври, петок, Владимир Четкар после подолго време ќе се претстави пред скопската публика со свој концерт во Станица 26. Концертот ќе започне во 21:00 часот и ќе трае до 23:00 часот. Билетите  можат да се набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се. После овој концерт Четкар заминува за Америка каде ќе ја одржи својата есенска турнеја низ некој од најпрестижните амерички џез клубови и културни институции како Нортон Музејот За Уметност во Вест Палм Бич, BOP STOP во Кливленд, Black Cat Jazz Club во Сан Франциско и така натаму. Турнеата на Четкар во Америка ќе започне со концерт во Чикаго на 6. ноември во Skadarliya, потоа продолжува во Детроит во џез клубот Aretha’s Jazz Café at the Music Hall, на 12 Ноември ќе настапи во BOP STOP at The Music Settlement во Кливленд, на 19 Ноември ќе одржи концерт во Њујоршкиот музички клуб Chelsea Table + Stage, на 30 Ноември ќе дебитира во Сан Франциско во Black Cat Jazz Club а на 9 Декември по втор пат оваа година Четкар ќе оддржи концерт во Нортон Музејот на Уметност во Вест Палм Бич во Флорида. На сите настапи во Америка Четкар ќе се претстави со своја авторска музика и свои аранжмани за септет во придружба на американски музичари.]]>

Четкар на зимска турнеја низ САД https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-na-zimska-turneja-niz-sad/ Thu, 13 Jan 2022 13:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234833

2022-та година Владимир Четкар ќе ја започне со зимска турнеја која ќе се одржи низ 5 држави во Соединетите Американски Држави. Официјално, турнејата ќе започне на 28-ми јануари со концерт во Детроит, а истата ќе заврши на 18-ти февруари со концерт во Вест Палм Бич во прочуениот музеј Нортон кој важи за еден од најважните културни центри во Флорида. Во продолжение, погледнете го распоредот на концерти кои Четкар ќе ги одржи ос 28-ми јануари до 18-ти февруари: Детроит, Мичиген / 28 Јануари – Aretha’s Jazz Café at the Music Hall Чикаго, Илинои / 30 Јануари – Skadarliya Кливленд, Охајо / 5 Февруари – BOP STOP at the music settlement Њујорк, Њујорк / 12 Февруари – Chelsea Table + Stage Вест Палм Бич, Флорида / 18 Февруари – Norton Museum of Art На сите концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со авторска музика и аранжмани, а биде придружуван од музичари од Америка.]]>

Четкар се врати дома да ја промовира -„Going Home“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-se-vrati-doma-da-ja-promovira-going-home-video/ Sat, 13 Jul 2019 11:20:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97527

Во пресрет на утрешната концертна промоција на новиот албум, Владимир Василевски Четкар го претстави видеото за насловната тема „Going Home“, која се снимаше во Њујорк и во родниот Охрид. Музичарот и овој пат ги здружи силите со режисерот Борче Димоски, чиј потпис стои и на претходните три екранизации од ова издание, а продукцијата е на „Хармонија продакшнс“ (Harmonia Productions LLC).
Освен што ја отпеа, Четкар се потпишува и како комплетен автор на песната (текстописец, композитор, аранжер, оркестратор, диригент, гитарист и придружен вокал), а во нејзиното создавање учествуваа и Маја Чоуз (копродуцент), Бојан Дугиќ (микс), Френк Мерит (мастер, во студиото „Карвери“ во Лондон), Чејс Потер (виолина), Вил Маршал (виолина), Кристина Кис (виола), Морин Кели (виолончело), Владан Мијатовиќ (клавијатури), Џејмс Кинлан (бас) и Нолан Брд (тапани), а сето тоа го сними Тод Кардер во студиото „Банкер“ во Њујорк.
Како што споменавме, новото видео доаѓа еден ден пред концертната промоција што ќе се одржи утре на плажата „Бонанца“ во Охрид, а овој традиционален концерт на зајдисонце воедно е и јубилејно петто издание на „Вино и џез“. Дел од кадрите во новото видео се снимени токму во „Бонанца“ и кај Плаошник, како симбол за родниот крај каде што Четкар копнее да се врати… „Сум бил низ целиот свет, но слаткиот дом ме вика… подготвен сум, одам дома!“, пее тој, а како изгледа „Going Home“, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=146&v=U9brOBkJt3k]]>

Четкар со концертна промоција на новиот албум во Охрид https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-so-koncertna-promocija-na-noviot-album-vo-ohrid/ Mon, 17 Jun 2019 13:02:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93173

Со традиционален концерт на зајдисонце и по повод јубилејот 5 години на „Вино и џез“, Владимир Четкар на 13 јули на плажата и ресторан „Бонанца“ во Охрид концертно ќе го промовира својот нов албум „Going Home“. Новиот материјал досега беше претставен и во рамките на американската турнеја, која опфати концертни настапи во култни клубови во Њујорк, Чикаго, Детроит и во Кливленд. Четкар неодамна снимаше и ново видео во Охрид и во Њујорк, а крајниот резултат ќе го видиме при крајот на месецов. Концертната промоција во Охрид е со почеток од 19.00 часот, а влезниците чинат 400 и 600 денари. Повеќе информации и резервации на настанот на Фејсбук. Албумот „Going Home“ е веќе во продажба и кај нас, па во Скопје можете да го набавите во „ЧувДеЧув“, а во Охрид во музичката продавница „Зизи Топ“.]]>

Четкар и посвети тема на охридската – „Јагула“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/chetkar-i-posveti-tema-na-ohridskata-jagula-audio/ Sat, 04 May 2019 12:52:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85944

Владимир Василевски - Четкар периодов промовирајќи го својот нов албум „Going Home“, кој го објави во март годинава,  стигна да исфрли уште еден сингл од него, уште една инструментална композиција, овој пат посветена на неверојатната одисеја на охридската јагула. „Миграцијата на европските јагули меѓу слатководните живеалишта во Европа и Северна Африка и нивните мрестилишта во Саргасовото море е една од неоткриените мистерии во животинската навигација“ - напиша Четкар споделувајќи го новиот сингл насловен едноставно „Јагула“.
Во рамките на промоцијата на новиот албум, Четкар досега одржа два коцерта во Њујорк и во Чикаго, а во јуни го очекуваат настапите во Детроит и во Кливленд. Традиционално, музичарот дел од летниот период го поминува во родниот Охрид, па сигурни сме дека наскоро ќе закаже настапи и на домашен терен. Како звучи неговата песна посветена на охридската јагула, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=129&v=LI3TNPff-dY]]>

Четкар со охридска убавина и светски саунд во инструменталката -„Joyride“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/73575/ Tue, 19 Feb 2019 11:13:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73575

Владимир Василевски - Четкар го претстави видеото за својот последен сингл насловен „Joyride“, кој ќе се најде на новиот албум „Going Home“,  чие излегување е предвидено во март годинава.
Песната е снимана во њујоршките студија „Банкер“ и „Каубој текникал сервисес“, а мастерингот е работен во Лондон во „Карвери мастеринг“. Како и за минатогодишниот сингл „Come with me“, така и за оваа инструментална тема визуализацијата се снимаше на домашен терен, на повеќе локации во Охрид, а за сето тоа бил задолжен  Борче Димовски.
Новиот, трет по ред студиски албум на Четкар во март ќе го издаде една од најпознатите  светски музички куќи, јапонската „Пи-вајн“ (P-Vine), со високотиражна дистрибуција насекаде низ Јапонија, каде што нашиот музичар е вистински хит, особено ако се земе предвид дека минатогодишниот најавен сингл „Come With Me“ секојдневно е во етерот на многу јапонски радија, како што се ФМ Коколо, Интер ФМ, ЗИП ФМ, К-Микс, ФМ-Н1, Момо Радио и многу други.
Како изгледа и звучи најновото од Четкар, дознајте во продолжение. ]]>