честитки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Feb 2024 11:23:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png честитки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Те сакаат мама и тато“: Тијана Дапчевиќ му го честиташе 15 – тиот роденден на синот со фотографии низ годините (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/te-sakaat-mama-i-tato-tijana-dapchevik-mu-go-chestitashe-15-tiot-rodenden-na-sinot-so-fotografii-niz-godinite-foto/ Mon, 05 Feb 2024 07:20:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337436

По само два дена од нејзиниот роденден, Тијана Дапчевиќ повторно има убав повод за славење. Кај македонската пејачка со белградска адреса на живеење, на социјалната мрежа Инстаграм на личниот профил сѐ уште пристигнуваат честитки за посебниот  ден кој неодамна го славеше кога наполни 47 години, кои пејачката за разлика од многу други познати дами, воопшто не ги крие. А уште додека е во славеничкиот дух успеа да ископа стари фотографии низ годините со цел да му го честита роденденот на нејзиниот наследник Вук, кој дојде до 15-ката. Па така Тијана  објави фотосесија од минатото од своето најмило, а во описот на истата напиша: „Син, среќен 15 - ти роденден, биди здрав и среќен, те сакаат мама и тато!“
А покрај честитките следбениците коментираа дека многу си личат. „Исти“, „Копи - пејст“, Неверојатно личите“  - забележаа тие. Кон честитките  се придружи и нејзината сестра, македонакта поп пејачка Тамара Тодевска која освен што му честиташе во коментар,   објави кратко видео од внукот и на нејзиниот личен профил на споменатата социјална мрежа. „Среќен роденден, љубов теткина“  - напиша Тамара. Додека пак,  потоа и заедно позираале пред камерата каде Тамара кратко и јасно напиша дека го сака. Фото: printskrin/instagram/tijana.dapcevic]]>

Важен ден за Драгана Мирковиќ: Најблиските и ги испратија најубавите зборови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vazhen-den-za-dragana-mirkovik-najbliskite-i-gi-ispratija-najubavite-zborovi-foto/ Thu, 18 Jan 2024 09:36:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335350

Пејачката Драгана Мирковиќ денеска го слави својот 56-ти роденден, а меѓу првите кои и честитаа беа наследниците. Мирковиќ честитките што ги доби од Мануела и Марко ги сподели на својата Инстаграм приказна. Марко Бијелиќ сподели фотографија со пејачката со зборовите: „Среќен роденден на најдобрата мајка на светот“. А фотографија со мајка си објави и сестрата на Марко, Мануела Бијелиќ, а од тоа што го напиша покрај дадената фотографија многумина се воодушевија: „Среќен роденден мамо. Те сакам“. Веруваме дека Драгана овој ден ќе го помине на најубав можен начин и дека ќе биде со семејството.]]>

Честитајте им го Божиќ на вашите најдраги личности со најубавите божиќни пораки https://arhiva.vistina.com.mk/chestitajte-im-go-bozhik-na-vashite-najdragi-lichnostin-so-najubavite-bozhikni-poraki/ Sun, 07 Jan 2024 08:53:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334034

Не пропуштајте да им го честитате големиот празник на вашите најдраги личности, а за тоа можете да ги искористите овие божиќни пораки. 1. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори! Сѐ што правите, каде и да одите, нека биде благословен вашиот пат. Среќен Божиќ! 2. Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди! 3. Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди! 4. Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди! 5. Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди! 6. Нека целата година ве прати чувство на љубов, среќа, топлина и потреба за блиските да бидат до вас. Среќен Божиќ! 7. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди! 8. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ! 9. Денес радоста доаѓа од небото и тоа е она што ви треба. Бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов. Имајте мир во вашиот дом. Среќен Божиќ! 10. Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божик, Христос се роди! 11. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати, Христос насекаде да ве води, Среќен Божик, Христос се роди. 12. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди! 13. Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божикното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов! 14. Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи, нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божик – Христос се роди! 15. Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди, среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е наздравје! Бериќет и к'смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!]]>

Животот така сакаше: Најпознатите македонски естрадни близначки, сепак слават роденден во различен ден!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhivotot-taka-sakashe-najpoznatite-makedonski-estradni-bliznachki-sepak-slavat-rodenden-vo-razlichen-den-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331008

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки секако се најпознатите естрадни сестри близначки. Денешниот ден  14 декември е впишан како денот кога тие се родени и дојдени на овој свет. Сто пати сме рекле и пак велиме дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Кај двете сестри - близначки ситуацијата е малку поспецифична. Иако роденденските честитки пристихгаат од сите страни, секогаш прва и најдрага е онаа од сестрата - близначка со која во ист ден си се родила. И навидум ништо чудно, ниту невообичаено, напротив... Освен еден мал парадокс за кој судбината се погрижи или поточно животот така сакаше: Маријана и Росана иако се близначки родени во ист ден, роденден да им биде во различен ден!? И сега ако некој се чуди како е тоа можно, мора или да не е информиран која на која половина од земјина кугла живее или во основно да избегал од часови по географија! Речиси сите знаат, а за оноие што не знаат, Маријана со години живее и работи на најјужниот континент, во далечната Австралија. И по силата на природните закони и временските зони, најјужниот континент е „десет часа пред“, односно времето во Австралија е за десет часа понапред од она кај нас, во Македонија. Така, по логика на нештата, иако се сестри близначки родени во ист ден и час,  кога роденденот на Маријана таму веќе ќе и дојде и може да почне да го слави, за истото Росана овде ќе мора да почека уште најмалку десет часа! Затоа Росана како и секогаш и годинава прва се сети на својата сестра - близначка да и го честита денот што обете го чекаат цела година, но за жал физички разделени, го слават во различен ден, па и порача во Фејсбук порака: „Душо моја најмила, сестричке најпозитивна, лепото моја си поминала многу нешта во животот кој знае да биде непредвидлив, си била храбра и пожртвуваназа се' и за сите секогаш со она твое, нема проблем и со твојата насмевка... Си останала крајно позитивна, вицкаста, скромна и вредна... Мила моја среќен роденден и секогаш биди со таа насмевка, жива и здрава... Само убавини да имаш во животот... Те сака твоја Лола повеќе од себе си... како и со години наназад тебе веќе ти е е роденден, а мене утре... Близначки, а различен ден роденден“ - споделила во честитката Росана, зачинувајќи ја со голем број од емотикони во вид на срца покрај нејзината фотографија. „Натурализираната австралијанка“  Маријана не остана покуса да не возврати на честитките на нејзината сестра- близначка, па веднаш и возврати на родендендките честитки со честитка: „Мојата сестра, моето се', мојата Росанче, мојата душа, моето сонце, мое небо, мојата ѕвезда... да можев да бирам пак тебе бите избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“ -  и порача од далечина преку својот Фејсбук Маријана на сестра и Росана, покажувајќи  дека двете кумановки, двете естрадни сестри-близначки иако разделени сепак се неразделни! А, има ли подобра честитка од онаа, кога сестра на на сестра си - близначка, роденденот ќе и го честита со нејзина песна... Затоа Марјана засвире и запеа, за нејзината Росана, за себе и за сите нас. Еве како звучи нејзиниот глас... Фото и видео: Facebook/Marijana Novacevska/Rosana Saric Todorovska]]>

Мартија со неколку фотографии јавно и го честиташе роденденот на мама, а мајка и Снежана ги реобјави, па и возврати со најубави зборови: „За тебе живеам“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/martija-so-nekolku-fotografii-javno-i-go-chestitashe-rodendenot-na-mama-a-majka-i-snezhana-gi-reobjavi-pa-i-vozvrati-so-najubavi-zborovi-za-tebe-zhiveam-foto/ Wed, 13 Dec 2023 08:13:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330901

Поврзаноста помеѓу децата и родителите е нешто што трае цел живот. Особено со личноста што те родила, зашто една е мајка, нели? Кај некои таа е повеќе, кај некои помалку изразена, но помеѓу младата пејачка Мартија Станојковиќ и нејзината мајка Снежана, таа е повеќе од евидентна. Госпоѓа мама е верен следбеник на својата ќерка уште од времето кога оваа беше малечка, малолетна, а не е многу поинаку и сега, кога Мартија е веќе голема девојка. Снежана е  нејзина верна сенка која ја следи насекаде. До душа сега од малку поголема дистанца, зашто слатката мала кумановка сега многу нешта може сама, но сепак... Нивната поврзаност како мајка и ќерка сега е уште поголема, па иако малку поразлична, сега таа наликува како онаа на две другарки или на постара сестра со помалата. Затоа Мартија не само што роденденот на госпѓа мама не го заборави, туку  и  јавно го обзнани, па денот што го чекаме цела година и јавно и го честиташе на својата мајка Снежана. Неколку фотографии на социјалните мрежи од различни периоди беа доволни Мартија мајка си да ја остави без зборови. Или поточно, од неа како возвратна љубов и благодарност за четитките, да ги слушне оние - најубавите, како: „За тебе живеам“! Имено, Снежана секоја фотографија објавена на Инстаграм приказните на Мартија на која таа и го честита роденденот, ја реобјави на своите со топли мајчински зборови на љубов и благодарност... Особено ја погоди една фотографија од младоста која нејзината ќеркичка ја споделила, на која Снежана е во  фармерки, па истата вака ја искоментира: „Ајјјј... сликава... Фала душо мајкина“ - споделила госпожа мама, на чиј лик од младоста денес нејзината ќерка неодоливо потсетува и личи. Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic]]>

„Остани прекрасна како што си“: Андријана Јаневска го славеше 42 – риот роденден во филхармонија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ostani-prekrasna-kako-shto-si-andrijana-janevska-go-slaveshe-42-riot-rodenden-vo-filharmonija-foto/ Thu, 07 Dec 2023 09:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330306

За македонската пејачка,  виолинистка и педагог, која неодамна стана и доктор на науки Андријана Јаневска, вчерашниот ден беше посебен, бидејќи  го славеше својот роденден и наполни 42 години. Многумина велат дека на нејзините години времето ништо не им може, а таа често  добива комплименти  дека е една од најзгодните познати дами. Сепак, дека Адријана е убавица не треба да се објанува бидејќи тоа е невозможно да не се забележи. Таа еднаш истакна дека е горда што не подлегнала на било какви интервенци за разубавување, но дека нема ништо против оние што се одлучиле на тоа. Сепак за да го одржува своето витко тело од кое е задоволна, таа безрезервно се вложува. Пејачката сега на Инстаграм објави фотографија од неа по повод роденденот со убава вест тагнувајќи се во филхармонија каде напиша: „Роденденски настап“  - надополнувајќи ја објавата со емотикон, сино срце, исто како бојата на нејзината свечена тоалета.
„Среќен роденден принцезо Македонска“, „Остани прекрасна како што си!“ „Изгледаш апсолутно неверојатно во тој прекрасен фустан“  - се редеа  честитките  под нејзината објава каде собра многубројни допаѓања од нејзините следбеници. Не изостанаа и честитките од местата каде што настапува и ги сподели на нејзините кратки прикази. Сепак за Андријана и покрај  богатата музичка кариера и настапите за неа најголем успех се нејзините синови Димитар и Кристијан, кои и ја комплетираат смислата на животот за се што постигнува на секое поле. Фото: Printskrin/Instgaram/andrijana_janevska      ]]>

Ноне славеше роденден далеку од дома: Стаклена коктел пирамида од колегите и најубавите честитки од родниот Велес (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/none-slaveshe-rodenden-daleku-od-doma-staklena-koktel-piramida-od-kolegite-i-najubavite-chestitki-od-rodniot-veles-foto/ Fri, 29 Sep 2023 07:20:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320379

Македонската морепловка, екс пејачата  Ноне Неделковска одново е по белиот свет, но овој пат близу, во соседството или тука некаде... Најшетаната велешанка овој пат укотвена на убавиот син Јадран, во Хрватска... Древниот Дубровник, ба преубавиот Сплит се приатанишните места кои се логично најпримамливи за туристите откако големиот крузер ќе се укотви. И додека гостите го разгледуваат градот и неговите знаменитости, персоналот секско наоѓа по малку слободно време и за себе. По некој слободен час за сопствено рефреширање, оддишка, одмор на телото и умот и „туширање“ на душата. Но, кога  имаш патувачка работа, „денот што го чекаме цела година“ може да те задеси било каде, најчесто далеку од дома. Така беше и овој пат кога Ноне роденденот го дочека работно во Хрватска. Но “џепната венера“, на која сега многу повеќе и прилега епитетот „џепна сирена“ иако навидум осамена, далеку од тоа дека не најде начин како денот на раѓањето да си го одбележи... И тоа со она што најмногу сака и најповеќе на срце и лежи - слатки и коктели! Најпрвин испружена во бикини на сончање на карпа, а потоа и во кафе барот на една хотелска тераса, Нона стаса сама себе си да се почести, но и да ги прими и прегледа сите роденденски честитки. Од другар(к)ите, пријател(к)ите, познаниците, колегите... сите што ја знаат и познаваат! Од сите што и се блиски и добро ја познаваат, а најмногу оние најблиските. Па иако Ноне славеше роденден далеку од дома, но најубавите честитки пристигнаа токму од дома, од родниот Велес: „Среќен роденден сестро...“  - честитка од нејзиниот брат Бојан се една заедничка фотографија зачинета со бакнеж, од морската палуба на прекуокеанскиот крузер, на кој домашните на славеничката поминаа во една од бројните тури. Кога сме веќе кај домашните, честитката од мама Мимоза е секако онаа која спаѓа меѓу најпосакуваните и највредните. И овој пат како и досега, со плна поддршка до својата ќерка и она што избрала да го работи, но начинот на кој животот го живее ... по свое: „Мами... Годините не се важни... Сакај се себе си, биди позитивна, насмеана... Живеј го животот само како што ти сакаш... П.С. И ние те сакаме таква, каква што си... Среќен роденден“ - напишала гордата мајка во својата  Фејсбук честитка до нејзината сакана ќерка. А дека слатаката мала велешанка  навистина одбрала да го живее животот како што многумина сонуваат, покажува и нејзиниот начин на роденденска прослава откако од брегот ќе се врати на бродската палуба. Пирамида од колку што полни години, толку стаклени чаши, полни со најразлични коктели за колегите... Па, колку години - толку пати наздравје за роденденското славје на Ноне! Фото: Фејсбук/Mimoza Nedelkovska/Инстаграм/nona.nedelkovska        ]]>

Сестринска идила: Натали Грубовиќ славеше посебен ден и објави заедничка фотосесија со нејзините две омилени личности  (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sestrinska-idila-natali-grubovik-slaveshe-poseben-den-i-objavi-zaednichka-fotosesija-so-nejzinite-dve-omileni-lichnosti-foto/ Thu, 20 Jul 2023 07:46:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310897

Некогашната Бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ , која замина од Македонија и се омажи во соседна Србија за бизнисменот Дрен Глушац, се помалку ја има или јавноста ја споменува. Таа сега е активна на социјалните мрежи каде одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија и да покаже како го поминува времето но, најчесто објавува кога има некој повод за славење како што беше и овојпат. Имено,  Натали сега го славеше својот  роденден и покажа дека буквално не старее, а годините за неа се само бројка. По тој повод таа објави фотографии заедно со нејзините две сестри Радица и Марија Грубовиќ. - Среќен роденден драга сестро! - стоеше во колаж објавата од Марија помалата сестра на Натали. Додека пак, другата сестра Радица и го честиташе со фотографија од нив двете но заедно со ќерките. Наталија Грубовиќ  според нејзините изјави за домашните медиуми, веќе не се пронаоѓа во шоубизнисот и тоа за неа  се само грст спомени од едно убаво минато време. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Натали Грубовиќ]]>

Тамара Тодевска слави роденден: Еве колку години полни и кое е нејзиното роденденско мото (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-slavi-rodenden-eve-kolku-godini-polni-i-koe-e-nejzinoto-rodendensko-moto-foto/ Thu, 01 Jun 2023 08:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304626

Според некое непишано правило се вели дека годините се само број, па водена од тоа пејачката Тамара Тодевска нема проблем да открие дека денес, 1-ви јуни полни 38 години. Како реализирана жена, таа вели дека она што и преостанува е само да биде среќна. Позади себе Тамара остава една година полна со убави и не така добри моменти, но ако се водиме по онаа секое лошо за добро е, 37-та на Тамара и донесе нови искуства и нови животни лекции. На прво место за неа секогаш се Хана и Дарен и музиката која се нејзина храна и двигател, а се попратно вреди или не вреди да се задржи или да излезе од константа. Разделбата со сопругот беше едно големо премрежје во изминатите неколку месеци кое реши да го остави како дел од интимата, се’ за доброто на своите најмили. Песната, насмевките, искрените дружби, секогаш позитива се добредојдени, особено кога е повратно вратена од публиката кога е на сцена. Многу честитки, убави мисли и желби на социјалните мрежи кај Тамара Тодевска за 1-ви јуни, роденденски ден кој за неа има едно мото кое гласи: „Се’ што е добро почнува во јуни“ Ние ќе и посакаме секој ден да и бите така убав како јуни, среќен распеан и насмеан. Среќен роденден! фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска/Чедо Поповски]]>

Симона Поповска преплавена од емоции за посебна личност, на специјален ден: „Тешко е да се поверува“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-preplavena-od-emotsii-za-posebna-lichnost-na-spetsijalen-den-teshko-e-da-se-poveruva-foto/ Thu, 27 Apr 2023 07:51:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299607

Велат дека мајките роденденот на своето чедо го доживуваат иато како свој, дури и многу посилно, подлабоко, поемотивно... Пејачката и докторка Симона Поповска вчера го имаше баш тој специјален ден – роденден на нејзиниот мал принц Никола кој наполни 2 години. Мама Симона беше преплавена од измешани чувства, лавина емоции и спомени кои прелетуваа низ нејзините мисли, а ги доживуваше како да беа вчера, од моментот кога нејзиниот Никола дојде на свет. Дека мајчинската љубов не се опишува, туку само може да се редат зборови до бескрај кои секогаш ќе останат недокажани, Симона тоа го пожажа преку честитките кои едвај можше да ги заврши со точка. -Среќен 2-ри роденден мој малечок принц! Тешко е да се поверува колку брзо поминува времето. Се чувствувам како вчера за првпат да те држев во рацете. Денес си љубопитно момче и авантуристички тодлер кој сака да го истражува светот околу себе. Секој ден е нова авантура и е привилегија да се внимава на тебе додека растеш и учиш, пишува мама продолжува да ги опишува само мал дел од моментите кои се богатството во нивниот живот: -Го славиме твојот специјален ден. Да ги негуваме сите прекрасни моменти кои ги споделуваме како семејство. Од гушкање и приказни за заспивање, до заеднички игри. Овие моменти ќе останат со нас засекогаш. Ти си посебен и специјален. Те сакаме повеќе од што може да се каже со зборови, вели таа, а тука почувствува дека може да се дополни со уште една фотографија со наследникот и да  објави уште една јавна честитка. -Среќен 2-ри роденден мое малечко момче. Нека твојот ден биде исполнет со љубов, насмевки и многу торта! Роденденот не помина без прослава и тоа со омилените ликови од Дизни, Мики, Мина, Паторот... И секако најдрагите, другарчињта, играта и секако дувањето на роденденската свеќичка за која е мал да замисли желба, но мама и тато сигурно го направија за него и за најдоброто што може да се посака. Среќен роденден! фото:Инстаграм принтскрин/Симона Поповска/ zonde.photo]]>