чест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Nov 2022 09:37:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Солзите сами почнаа да течат“: Тајзи трогнат што дочека да види – му го тетовираа ликот од почит по немила случка од чиј исход само Бог знае зошто (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/solzite-sami-pochnaa-da-techat-tajzi-trognat-shto-docheka-da-vidi-mu-go-tetoviraa-likot-od-pochit-po-nemila-sluchka-od-chij-ishod-samo-bog-znae-zoshto-foto/ Mon, 28 Nov 2022 09:37:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277521

Кумановскиот пејач и музичар Тајзи преку социјалните мрежи сподели несекојдневна објава од која објасни дека е поласкан од она што го доживеал. Имено, тој раскажа анегдота од случката што ја леди крвта во жилите, а истата била причина за тетоважата со ликот на Тајзи која денес ја има на себе сега еден негов голем обожавател.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

-Тетоважа со ликот на Тајзи. Има приказна позади ова... Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме една пијачка.Ми објасни дека имале страшна сообраќајка после која колата завршила во отпад.Полицијата се чудела како е можно да нема повредени. На радио во тој момент пеела мојата песна ЧУВАЈ НИ ГА БОЖЕ...Тој е убеден дека токму тоа ги спасило,осетиле некоја чудна енергија. Му кажав понекогаш Бог дава втора шанса,сега имаш мисија и поцни да го работис тоа што срцето навистина ти го сака.Ме послушал поцнал да тетовира и да работи па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа: Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу.Сам себе се истетовирал во знак на почит спрема моето дело.Солзите сами поцнаа да течат...Мојата музика не е само песна туку многу повеќе од тоа...Јас не сум звезда и никогаш не сум бил !!!Ја сум само сонце кое грее души како што е оваа и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.И не ми треба статуетки и награди,ова е мојата награда... Слава на Бога- пишува Тајзи.
Чест и привилегија е некој да те има на себе доживотно, а сатисфакцијата да се доживее нешто вакво уште поголема!]]>

Игор Џамбазов со еден од неговите најубави рефрени се потсети на роденденот на неговиот неодамна починат татко Александар: „Довидување, маестро мој…“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-so-eden-od-negovite-najubavi-refreni-se-potseti-na-rodendenot-na-negoviot-neodamna-pochinat-tatko-aleksandar-doviduvanje-maestro-moj-video/ Thu, 03 Feb 2022 09:44:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237421

Македонија и македонската јавност неодамна се прости од еден од најпознатите македонски композитори и диригенти, великиот Александар Џамбазов. И уште болката не стивнала, раните ниту оддлеку не почнале да зацелуваат, душата не се смирила, а срцето се' уште не го оплакало,  дојде денот на кој да беше жив, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. За жал, овој роденден не го дочека за малку, но затоа пак неговиот син, познатиот актер, водител и шоумен Игор Џамбазов не го заборави важниот датум. По последното испраќање во вечноста на маестро Џамбазов, Игор се повлече во своето старо прибежиште, Дојран, каде ја минува зимата. При тоа се сети дека денес е роденденот на неговиот покоен татко, великиот маестро кој има напишано безброј песни како за деца, така и за возрасни, од кои најзастапени се токму оние фестивалските шлагери од седумдесеттите испеани како самостојни песни или фестивалски рефрени. Со гитарата в рака и токму со еден од најубавите рефрени на маестро Александар Џамбазов, синот се присети да го одбележи денот на неговото раѓање, па Игор го отсвире и отпеа еден од најубавите шлагерски рефрени на покојниот композитор - „Довидување“. Песна испеана на македонски јазик од легендарната Јосипа Лисац кога била многу млада и немала ниту 20 години кога ја извела оваа тема на еден од Скопските фестивали на забавна музика, на кој и самиот маестро Џамбазов бил диригент. „Денес, маестро Џамбазов ќе наполнеше 86 години. Ова е еден од неговите најубави рефрени... Довидување, маестро мој...„ - напишал Џамбазов покрај споделеното видео на кое во чест и сеќавање на роденденот на својот неодамна починат татко, на маестро Александар му ја отпеа најубавата песна.
Фото: Инстаграм принтскрин/igordzambazov]]>

Пејачката Данијела Враниќ опасно се избрука со описот на стара фотографија: Се погреба самата себе си! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-danijela-vranikj-opasno-se-izbruka-so-opisot-na-stara-fotografija-se-pogreba-samata-sebe-si-foto/ Thu, 29 Jul 2021 10:02:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213157

Некогаш многу популарната српска фолк пејачка Данијела Враниќ сподели стара фотографија на Инстаграм, но наместо да се пофали опасно се избрука со она што го напиша во описот на истата. Имено,  латинската фраза што ја споделила се користи исклучиво само како потсетник на починатите за оддавање почит, во сеќавање или во чест на некој што повеќе не е меѓу живите, нешто што очигледно пејачката не го знаела!? Така, Даниела предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, чии корисници наголемо се пошегуваа дека таа се самата себе си се погребала предвреме. „Една од моите омилени...   In memoria(n) - напишала Враниќ со „Н“, наместо „М“ на крајот од  фразата, па покрај неа уште ставила емотикон со срце. ]]>

„Еден бакнеж“ – пејач(к)и рој: Теа во чест на Нина… и безброј сни за сите нас! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/eden-baknez-pejach-k-i-roj-tea-vo-chest-na-nina-i-bezbroj-sni-za-site-nas-video/ Wed, 16 Sep 2020 08:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=167095

Неодамна замина и таа, легендата на македонската староградска и забавна песна, единствената Нина Спирова. Испеа безброј староградски песни и новосоздадени шлагери, а нејзината интерпретација го остави можеби најсилниот љубовен печат на сите времиња, во историјата на македонската забавна музика. Таа  ќе остане запаметена по своите евергрини и нејзината специфична изведба, која можеби е највпечатлива во вечната тема, безвременскиот македонски шлагерски бисер, „Еден бакнеж“. И токму тој, нејзиниот „музички бакнеж“ имаа „желби рој и безброј сни“ одново да го препеат и испеат голем број пејачи кои доаѓаа на сцената по неа, но никој не успеа како неповторливата Нина. Нина замина во вечноста, но нејзиното име и дело останаа во аналите на македонската музичка историја, нејзините изведби во сеќавањата на публиката, а нејзините песни запишани во вид на аудио и видео записи, како аманет за навека на идните поколенија, од кои се раѓаат новите генерации македонски музички ѕвезди. Во чест и сеќавање на Нина Спирова, младата македонска пејачка Теа Трајковска сподели на својот инстаграм сопствена изведба на вечниот евергрин „Еден бакнеж“.  Песна која симболично години подоцна беше една од насловните нумери во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, чие пак име “Сенки“, исто така го носи и неодамна објавената најнова песна на младата пејачка. Со спојот на таа симболика во чест на големата Нина, Теа сама зад пијаното ја пее безвременската „Еден бакнеж“. Сигурно не за да докаже дека и таа умее и знае, туку за да покаже дека сопствените вредности треба  да умееме навреме да ги препознеме,  никогаш не треба да престанеме да си ги цениме и почитуваме и вечно да ги чуваме. Само така и останатиот свет и нас ќе не почитува!  „Еден бакнеж“ од Теа за последно збогум на Нина и безброј сни... за сите нас!
 
View this post on Instagram
 
Tribute to Nina Spirova ♥️ #MkMuzika

A post shared by THEA (@theatrajkovska) on

]]>

Зад „Таа спие“ – една од најубавите песни на Здравко Чолиќ се крие вистинска приказна со трагична судбина: Милица избра честа да ја брани со смрт (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zad-taa-spie-edna-od-najubavite-pesni-na-zdravko-cholikj-se-krie-vistinska-prikazna-so-najtragichna-sudbina-milica-izbra-chesta-da-ja-brani-so-smrt-foto/ Thu, 03 Sep 2020 10:11:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=165651

Здравко Чолиќ и го посветил еден од своите најголеми хитови „Таа спие“ (Она спава) на Милица Костиќ, која почина пред 44 години. Таа починала откако скокнала од 11-тиот кат на кулата Рубин во Крушевац уште во 1974 година, бидејќи сакала да се спаси од силување. Милица била ученичкаа во средното медицинско училиште во Крушевац и неа ја краселе искреност и одговорност. Едно непознато момче ја однело во станот на измама, за наводно таа да и се јави на неговата девојка. Тој бил еден од петте насилници кои сакале да извршат групно силување врз младата девојка. Откако ја затвориле во станот, тој и рекол на Милица да се соблече, по што таа го одбила и му рекла да ја пушти. Тој бил упорен и се обидел насила да и ја соблече облеката, а Костиќ плачел и го молела да ја пушти да си замине. За жал, Милица не била ослободена. Девојчето се обидело на сите можни начини да ги спречи насилниците да ја силуваат. Плачела и ги молела, но не вредело. Бидејќи сакала да си ја спаси честа, решила да побегне. Кога останала сама во собата, откако видела дека нема друг излез, скокнала низ прозорецот од 11-тиот кат. Така тешко повредена била пренесена во болница. Инспекторот Добривоје Стефановиќ разговарал со Милица, која беше во критична состојба, но се' уште свесна. Ја прашал: "Каде беше?" Милица одговорила: "Бев на училиште. Со моите пријатели... Требаше да имаме нешто - како писмена“  и паднала во бесознание. Откако повторно се разбудила додала: „Отидов со некое момче на единаесеттиот кат да и се јавам на неговата девојка“. Ја прашал: „А што стори?“ Таа одговорила: „Тој човек ми рече дека девојчето има строги родители и јас само треба да и се јавам“. Потоа повторно заспала. Неколку минути подоцна, Милица ќе се разбуди и рече: „Бевме на единаесеттиот кат“. Ја прашал: „Дали скокна самата или те туркаше некој?“ Таа ќе одговори: „Самата скокнав низ прозорецот“. Прашал: „Зошто?“ Таа ќе рече: „Не можев повеќе да издржам ... Само така можев да си ја зачувам честа“. Потоа, Милица паднала во длабока кома, од која, за жал, повеќе никогаш не се разбудила. ]]>

Утре е Задушница, направете го ова https://arhiva.vistina.com.mk/utre-e-zadushnica-napravete-go-ova/ Fri, 03 Nov 2017 15:02:01 +0000 http://vistina.mk/?p=2644

Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква. На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на покојникот.
Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што гробови се посетуваат. Доколку на гробот некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот. Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некоја болест. Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.]]>