чешка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Jun 2023 09:43:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чешка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Стефановски е „кралот на ридските патеки“: Иџе е победник и во Чешка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-stefanovski-e-kralot-na-ridskite-pateki-idhe-e-pobednik-i-vo-cheshka-foto/ Mon, 05 Jun 2023 07:00:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304877

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе го освои првото место на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка. Тој во групата три беше најбрз, постави рекорд на патеката во првото возење и на крајот го освои првото место. Ова е уште еден фантастичен резултат за Иџе оваа сезона. Иџе Стефановски со својот автомобил „Hyundai i30 TCR“ стигна прв на целта со време од 3:18.159, пред Австриецот Ханес Зенц (3:18.748), а третата позиција му припадна на домашниот возач Мартин Јерман (3:20.894). Иџе ја потврди првата позиција во годинешното натпреварување со нова победа иако имаше мали проблеми со автомобилот пред стартот на главната трка. Местото број еден по којзнае кој пат му припадна повторно на Иџе, а возбудата и еуфоријата не го нашуштија. Честитки! Фото: Принтскрин/Фејзбук/Игор Стефановски – Иџе]]>

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче, печалбарската -„Прости ми мајко” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-taleski-go-promovirashe-spotot-za-negovoto-prvenche-pechalbarskata-prosti-mi-majko-video/ Tue, 17 Nov 2020 12:50:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176558

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче кое носи наслов „Прости ми мајко”. За потребите на спотот биле користени неколку локации на подрачјето на село Штавица, кое се наоѓа во прилепскиот крај, а видеото го изработила ИН Продукција. Станува збор за песна со печалбарска тематика и доста емотивна приказначии стихови ги напишала Нена Дулева, а музиката и аранжманот се на Флори Манев. Во песната учествуваат и познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, како и музичарите Алекс Петковски на кавал и Горан Мирковски, кој ја снимал, направил миксот и мастерингот за песната во  „The Studio“. Во видеото покрај пејачот Александар Талески во улоги на актери се појавуваат уште и Виолета Талеска и Никола Јакимовски. „Песната содржи големи емоции, а и од моја страна е отпеана со големи емоции затоа што јас се пронајдов во таа песна и еден дел од неа е автобиографски, дел од мојот живот. Многу луѓе кои  живеат во туѓина, наши иселеници, ќе се пронајдат во оваа песна. Не би раскажувал многу, ќе оставам слушателите и гледачите сами да погледнат и слушнат за што се работи. Тоа е песна за сите мајки што имаат синови кои живеат далеку од нив, во туѓина“ - истакна Талески во интервју за ИН ТВ. Инаку, Александар живее во Прага, Република Чешка каде што изминатите години водел и свој бизнис со ресторани. Како што вели токму во неговите локали одржувал и свирки каде што преовладувала македонската песна. „Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално Балканската. Некои настапи имав и во Германија на приватни забави, но претежно се фокусирав и работев на тие простори таму. Сепак, целта ми е да се афирмирам малку и во Македонија, може некое време да останам, да се проширам со бизнисот, а може и да се вратам, никогаш не се знае“ - вели Александар. Покрај оваа песна, Александар за следниот период најавува уште неколку нови песни кои повторно ќе бидат во соработка со Флори Манев. Во продолжение погледнете го спотот за „Прости ми мајко“: https://www.youtube.com/watch?v=G-G_G1BQ1R0]]>

Чешка втор противник на македонските ракометари на ЕП 2020 https://arhiva.vistina.com.mk/cheshka-vtor-protivnik-na-makedonskite-rakometari-na-ep-2020/ Sun, 12 Jan 2020 11:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128467

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 16 часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. По минималниот триумф над Украина во стартниот меч од групата Б во Виена македонските ракометари попладнево се пред нов предивик на еврошампионатот, во 2 коло ги очекува ранетата селекција на Чешка која во првото коло загуби од домаќинот Австрија и сега е без право на грешка. Но, црвено жолтите  по денот одмор искористен за тренинг и анализа на првиот дуел со подршка од фалангата во арената Штадхале очекуваат добра игра и резултат и против стариот должник Чешка. Играта во одбрана против најдобриот стрелец од минатото Европско, капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала е клучна за конечниот исхор на средбата. Воедно избраниците на Брестовац денеска не смеат да се дозволат пад на концентрацијата како на мечот со Украина во решавачката делница од дуелот со квалитетната Чешка. извор: Курир.мк]]>

Водителот на „Бекстејџ“ со својата драга, Нова Година ја дочека во Прага: Кој го „чешка“ Миро во Чешка? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-na-beksrtejdz-so-svojata-draga-nova-godina-ja-docheka-vo-praga-koj-go-cheshka-miro-vo-cheshka-foto/ Sat, 05 Jan 2019 08:43:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=66233

Водителот на најпопуларниот и најгледан ТВ магазин „Бекстејџ“, е во љубов. Неговата „дјевушка“ не е ниту Македонка, ниту живее во Македонија. Затоа Миро Кацаров реши оваа Нова Година да и оди на гости. И замина... „Директ драјв“ за чешката престолнина - Прага!
А таму го дочека таа: „красиваја“ Наталија... родена Украинка која со години живее и работи како маркетинг менаџер во Прага, за истата фирма за која и Кацаров работи во Скопје! така и ја запознал! Малку „манијачење“ по профилот на социјалните мрежи заради подобро „запознавање“, една нејзина посета на Скопје заради работен состанок, по кој Миро се покажа како повеќе од добар домаќин, па и го покажа...Скопје 2014 и... љубовта се роди!
Водителот во една своја изјава вели дека:  „Наталиа е многу нормална девојка , од нормално семејство, добро воспитана,   електро-инжинер по едукација, но најмногу кај неа ме привлече скромноста“. Тивка, нежна, неизбежна, што би рекле кај нас, „красиваја дјевушка“ на чија скромност „падна“ водителот. Затоа и реши: таа во Скопје работно, тој во Прага - приватно! Љубовта нема граници, ама љубовта на далечина, може да биде и ризична, зашто постојано стои на „стаклени нозе“ заради она: „далеку од очи, далеку од срце“ - како што велеа некогаш! Или, далеку од она што е  “две педи под срце - далеку и од срце“ - како што бараат овие, модерниве денес!
Врска на дистанца не е лесно да се одржува, затоа Миро ќе се труди што почесто да оди кај неа во Прага“, или да ја дочека, таа да дојде во Скопје. Иако не им е сеедно што не се 24/7 заедно, Миро и Наталиа сепак имаат иднина. „Имаме доверба , почит и љубов еден во друг, и знаме дека тие ќе победат на крајот“, вели водителот. Па не попусто, отворената љубовна порака во постот покрај фотографијата: „Ја тебја љубљу“!
 
А, за возврат... покрај романтичните прошетки низ преубавата Прага, прекрасно проведената Новогодишна ноќ и останатите денови пред и по неа, Миро добива и екстра третман од неговата „дјевушка“,  Наталија Еремина - витаминска доза од сто витамина! Овошна салата и сокови од тропско овошје.
И за да му го засили имунитет, ама и затоа што по се' изгледа - заслужил! Мора да се покажал... како добар... гостин!]]>