чернобил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Oct 2019 10:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png чернобил – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во градот на духови сепак има живи луѓе: Тие одбиле да ги напуштат своите домови во Чернобил https://arhiva.vistina.com.mk/vo-gradot-na-duhovi-sepak-ima-zivi-lugje-tie-odbile-da-gi-napushtat-svoite-domovi-vo-chernobil/ Wed, 16 Oct 2019 13:30:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112954

За поголемиот дел од луѓето Чернобил е синоним за најтешката нуклеарна катастрофа во историјата. За други тоа е хит мини серија за трагедија. Меѓутоа, за оние најтврдоглавите тоа е дом. Нуклеарната катастрофа се случила во 1986-та година на север од Украина. На фотографиите кои тогаш го обиколиле целиот свет можело да се видат пожари, луѓе во радиоактивни одела и напуштени станбени блокови. Чернобил набрзо станал “градот на духови“. Последиците од катастрофата можеле да се измерат и во останатите делови од светот. Чернобил - морничавиот град станал уште поморничав Имало и онакви, мал број, кои одлучиле да одат против препораките од владата за напуштање на домовите во таа зона и сепак останале таму. Тие во ниту еден момент не сакале да ги напуштат своите огништа. Имало и онакви кои набрзо по евакуацијата од полицијата се вратиле назад. Од нуклеарниот Реактор 4 во кој дошло до разорна експлозја избивало зрачење 10 дена, создавајќи облаци кои носат радиоактвни честички ширум светот во Европа. „Подрачјето околу и во Реакторот наредните 20.000 години нема да биде сигурно“ - пишувале од британскиот „Метро“. Околу 150 до 300 луѓе едноставно ги заклучиле своите врати. Популацијата во зоната на исклучување почнала да расте, популацијата почнала да се сели во тивки, евтини соседства во околината на таа локација. Интригантниот Чернобил: Сè повеќе тури во “градот на духовите“ Канадската фотогравка Робин Фон Сванк одлучила да го документира животот во внатрешната зона. Таа очекувала дека ќе најде град полн со духови, но наместо тоа открила околу 10-тина луѓе кои таму живеат секојдневно иако е тоа илегално. Очигледно дека радијацијата не била најголемата закана за безбедноста. https://www.youtube.com/watch?v=f826WNHUmao извор:точка.ком.мк]]>

Влегол во уништен реактор во Чернобил и ја видел сцената од кошмарите! (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vlegol-vo-unishten-reaktor-vo-chernobil-i-ja-videl-scenata-od-koshmarite-video/ Thu, 29 Aug 2019 12:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104272

Инстаграмџијата Нил Ансел кој под името “Abandoned Explorer“ се занимава со истражување на напуштените места својот најнов проект одлучил да го сними во Чернобил. Кога ги посетил остатоците од нуклеарните електрани и ги засведочил со фотографии и снимки, нашол нешто многу вознемирувачко. Нил влегол во една од кулите за вода која ја користеле за ладење на реакторите, но и во самиот реактор со број пет, еден од оние кои не биле користени воопшто. Една од најстрашните работи која ја сретнал таму биле коски расфрлени по земјата, а меѓу нив се наоѓала и гас маска поради која може да се заклучи дека станува збор за човечки коски, но Нил потоа утврдил дека станува збор за коски од животно.
„Не знам на кое животно би можело да припаѓаат. Што и да е, имало големи коски. Ова е навистина чудно место за пронаоѓање на многу коски“ - изјавил тој. Реакторот број пет за време на експлозијата бил штотуку изграден, бил 70 отсто завршен, но по несреќата бил и напуштен, а Нил во него пронашол и дигалка која била во во процес на распаѓање.
Го изненадил факот што пронашол дрво кое што расте околу реакторот, но и присуството на кучиња скитници. Инаку, животните кои се наоѓале околу ректорот четири кој што експлодирал морале да бидат убиени за да се спречи ширењето на радијацијата. https://www.youtube.com/watch?v=3uxTOa-R8D4 извор:точка.ком.мк]]>

Првото бебе родено по кастрофата во Чернобил пиеше озрачено млеко и пливаше во загадена река, а Марика денес е сепак здрава и права девојка https://arhiva.vistina.com.mk/prvoto-bebe-rodeno-po-kastrofata-vo-chernobil-pieshe-ozracheno-mleko-i-plivashe-vo-zagadena-reka-a-marika-denes-e-sepak-zdrava-i-prava-devojka/ Mon, 10 Jun 2019 11:13:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92258

Првото дете родено по катастрофата во Чернобил која се случи во 1986 година, денес израсна во здрава, млада жена. Чернобил повторно е топ-тема благодарение на мини серијата на ХБО за нуклеарната катастрофа од 1986 година. Марика во неа не се појавува, но велат дека таа претставува симбол на чернобилската ренесанса, пишува „Мирор“.
Таа ги полнеше насловните страници пред 19 години, кога стана првото бебе родено во близина на спорниот реактор со број четири. Но, пред серијата, со години ја немаше во медиумите. Марика, која наскоро ќе наполни 20 години, студира во Киев, а „Сандеј експрес“ ја пронајде во главниот град на Украина. „Добра сум, работам“, рече таа.
Кога се роди, во 1999 година, украинските власти се обидоа да го сокријат „срамот“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои нелегално живеат во зоната за евакуација од 30 километри. Нејзините родители одбија да ја напуштат опасната зона затоа што властите не им понудија алтернативно сместување. Но, многумина ги обвинуваа и ги малтретираа за „убивање“ на ќерката. „Пливаше во реката каде што се рибите кои ги ловеше нејзиниот татко Михаил за да го прехрани семејството. Пиеше млеко од кравите кои се хранеа на чернобилските пасишта озрачени со нуклеарна експлозија“, пишуваа украниските весници. Нејзината мајка, Лидија Совенко мораше да ги демантира гласините за здравјето на својата ќерка. „Ако луѓето мислат дека има две глави и дека е мутант, грешат. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво“, рекла мајката. Марика денес не сака да размислува за минатото, додека самата си ги финансира студиите работејќи во еден бар. „Навистина не ѝ важно да биде единствена, затоа што е родена во Чернобил“, велат нејзините пријатели. Мајката на Марика додава оти луѓето веруваат дека Марика е симбол на чернобилската ренесанса. „Таа е знак од Господ. Луѓето кај нас веруваат дека е благослов да се живее овде и дека животот се враќа на ова место“, изјавила мајката на Марика.
]]>

Таа го преживеала Чернобил: Две седмици не знаевме што навистина се случило, а по 6 месеци започна пеколот https://arhiva.vistina.com.mk/taa-go-preziveala-chernobil-dve-sedmici-ne-znaevme-shto-navistina-se-sluchilo-a-po-6-meseci-zapochna-pekolot/ Fri, 31 May 2019 11:15:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90750

Украинката Јанина Скарлет имала само 3 години кога се случила катастрофата во Чернобил. Нејзиниот роден град од Чернобил е оддалечен нешто помалку од 300 километри, па жителите претрпеле огромни последици. "Не се сеќавам добро на самиот настан, но знам дека сите околу мене беа збунети по експлозијата. Кога конечно дознавме што се случило, збунетоста прерасна во голема загриженост", открила таа. Дури по 2 недели дознавме што навистина се случило. "Дури кога другите држави открија дека нешто не е во ред, владата не извести за ситуацијата и ни препорача третмани со јод за да се намали шансата за потенцијални здравствени компликации поради радијацијата. До тогаш веќе сите со недели бевме изложени на радијација. Излегувавме на отворено, јадевме овошје и пиевме вода, сето тоа не труеше. Шест месеци подоцна, луѓето почнаа да се разболуваат, а јас бев меѓу нив", опишуваа таа.
Последиците од радијацијата ги трпи и денес. Имунолошкиот систем и е толку оштетен па и поради најмала настинка мора да оди во болница. Освен тоа има напади, мигрена и крварење од нос. Нејзиното семејство по несреќата успеало да добие азил во Америка, па Јанина растела во Њујорк, но, како што вели, ни таму не и било лесно. Врсниците, вели, ја исмејувале и и велеле дека е радиоактивна, а на 16 години, кога го гледала Икс-мен, филмот кој се занимава со мутанти, и се променил животот. "Беше како да се гледам себе, сакав да им се приклучам. Тоа беше прв пат да сфатам дека не сум жртва, туку борец. После тоа се запишав на психологија, а денес сум психолог специјализиран во користење на суперхерои и други фиктивни ликови за да им помогнам на луѓето да се соочат со своите трауми", открила таа. https://www.youtube.com/watch?v=nddk-qsedQA Признава дека уште и е тешко да зборува за тоа. Кога видела дека почнала да се емитува серија за чернобилската катастрофа, и тоа и паднало тешко. "Беше тешко и болно да се гледа. Кога видов како во серијата некои луѓе не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата дури и кога ги гледаат луѓето како умираат од радијација, ме потсети на хорорите низ кои минуваа многу наши луѓе", рекла таа. извор:точка.ком.мк]]>