челинџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 08 Feb 2024 08:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png челинџ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лејла Рамковска ја предизвика Снеже Велков: „Стани моме да заиграш“ или сите „стари девојки“ треба да се „затворат“… а можеби и „отворат“? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lejla-ramkovska-ja-predizvika-snezhe-velkov-stani-mome-da-zaigrash-ili-site-stari-devojki-treba-da-se-zatvorat-a-mozhebi-i-otvorat-video/ Thu, 08 Feb 2024 08:40:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337956

„Во здраво тело - здрав дух“, „Здрав живот - подолг живот“, „Движи се за да не заборавиш да одиш“, „Вежбањето го продолжува векувањето“... и уште еден куп други мудри мисли или само обични фрази - за кого како, кога е поврзаноста на физичката активност со квалитетот и должината на животот во прашање! И додека секој трга на своја страна, едни се ЗА, други велат - нема правила, умереноста или што би рекла „златната средина“ веројатно е вистинскиот одговор кога, кој и колку треба да биде физички активен и на кој начин. Или што би рекле - телото само ќе ви каже, ама умот треба тоа да го прифати! Едни од двете најпознати јавни лица кога се „здравите физикалии“ во прашање кај нас, секако се ТВ водителката и доскорешна пилатес инструкторка Снеже  Велков и јога инструкторката Лејла Рамковска. Неодамна водителката, инаку позната по своите најразлични „егзибиции“ на социјалните мрежи, меѓу кои и овие за физичка активност, постираше тест видео со предизвик: „Дали си стар?“, на кое финтата е стоеечки на една нога да си ги обуеш чорапите и патиките без да стапнеш на земја со другата нога! За Снеже разбирливо тоа е „пи...н“ - пардон, „мачкина кашлица“, ама за многумина од нас е „невозможна мисија“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Ова како да ја „боцна“ нејзината „опонентка за здрав живот“, само од различна провиненција, јога инструкторката Лејла Рамковска, која прифаќајќи го предизвикот на Снеже и самата ја предизвика задавајќи и нова задача и на неа и на сите други, со една своја јога вежба. А кога Снеже ќе ја „'рчнат“  во она што и е „слабост“, исто како да и брцнале во око. Па по принципот „око за око“, ТВ водителката јавно и порача на јога инструкторката: „Не ме 'рчкај, седи не ме знаеш“, или поконкретно јавно ја праша па и кажа: „Ме предизвикуваш? Ти не знаеш што е старост лудост“!? [video width="720" height="1280" mp4="https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/CF4D4420B8DEFC5845F8F04061531982_video_dashinit.mp4"][/video]   До душа ТВ водителката и екс пилатес инструкторка далеку од тоа дека е престарена, иако не е баш тинејџерка, ама така некако наликува и во физикусот  и во физичките можности. Од друга страна, ниту асана јога мастерот Лејла Рамковска не е баш девојченце, ама далеку од тоа дека е стара мома. Така што по се' изгледа дека ниту овој,  ниту било кој друг ваков вид на челинџ, не е проблем за ниту една од двете. Впрочем, Снеже Велков уште од прва покажа дека „стара или не“ нејзиниот предизик може како од шега да го изведе, а потоа и да го поведе „танцот на младоста“ со оро и песна на цел глас: „Стани моме да заиграш, да те гледам весел јас“! Или: „Чифтечанче за разгибаното Снеж(анч)е“! Оттаму нема сомнеж дека и предизвикот на нејзината јога соперничка, за неа нема да биде никаква пречка! Од друга страна ниту Лејла Рамковска нема проблеми со „кршење на снагата“ во различните јога потези, пози и движења. Без оглед на годините и возраста, Лејла е мајстор на јога позата. Тоа однеодамна најдобро го знае, а  и може најдобро да го почувствува од многу различни аспекти и нејзиното помладо момче, пејачот и композитор Роберт Билбилов. Затоа предизвикот на едната кон другата и обратно, прашање е дали  воопшто и има смисла, кога и за двете моми изведбата на туѓиот челинџ  е толку лесна, што  нештата ги прават „со песна“!  „Стани моме да заиграш“ или... Сите „стари девојки“ треба да се „затворат“? - што би рекле „Фрајле“! Сепак е многу подобро кога ќе се...  „отворат“! И фиктивно и фактички... И духовно и физички!
 
Фото и видео: Фејсбук/Lejla Ramkovska & Инстаграм/velkovsneze]]>