„Cheese“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 10:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „Cheese“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Фантастичен успех на Македонците на фестивалот „Cheese“ во Бра: Кога ќе кажеш сирење, мислиш на земја со илјада вкусови! https://arhiva.vistina.com.mk/fantastichen-uspeh-na-makedontsite-na-festivalot-cheese-vo-bra-koga-ke-kazhesh-sirene-mislish-na-zemja-so-iljada-vkusovi/ Wed, 20 Sep 2023 10:25:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318851

На 11-то издание на „Cheese“ што викендов се одржа во Бра, Италија, Слоу фуд Македонија се врати со констатација дека нашата земја има на што да биде горда. Едноставно: дојдовме, видовме и победивме! Овогодишната прослава на сирење и млечни производи ги собра мајсторите за сирење, сточарите, производителите и експертите од целиот свет: имавме квалитетна промоција на македонските сирења, вина и на традиционалната кујна, за што сведочат редици посетители пред македонскиот штанд.   Слоу Фуд Македонија се врати со награди и признанија како доказ за посветеноста и трудот: престижната „Resistenza Casearia“ за отпор при производството на млечни производи ја доби нашиот Давид Неделковски од „Кози - млеко - планина“. Елена Каровска- Гошевска, програмски координатор во Слоу Фуд Македонија учествуваше на конференцијата: „Септември: време на сезонско селење на стоката“. Овој настан е организиран во соработка со Културниот институт за прехранбено наследство а говорници беа и Леандро Вентура, директор на Централниот институт за нематеријално наследство, Виола Марчели, претставник на заедницата на Слоу Фуд во Аквилано за трансхумантно земјоделство и Антон Газенбек, претседател на Групата за земјоделство, биодиверзитет и клима. Македонија беше во центарот на внимание и преку работилницата Taste Macedonija, во која професорите Слободан Чокревки и Анѓела Пасквале ги презентираа нашите гастрономски традиционални брендови преку храната што ја приготвија готвачите Димитар Арнаудоски и Пеце Клечкароски. На менито беа сирењата, урнебес салата, пинџур, тавче гравче со пастрма и Мијачки десерт. Инаку, на фестивалот за сирење се случија 122 настани, промоции и работилници: Горан Алексовски, член на президиумот Македонска пчела (MacBee), во Бра го презентираше медот од неговиот пчеларник во сопското село Р'жаничино, Во многуте дегустации на фестивалот на сирење инспиративна беше и работилницата - Спарување на сирењата со италијански мускат вина“, каде учестува претставници на Швајцарија, Босна и  Македонија: козјото сирење на Даниел Мирчески од Прилеп, во спомнатиот контекст беше гастрономска егзибиција што мора да се вкуси. Македонските адути - биеното сирење од Мариово, што го произведува Спасе Чакревски, козјото од Даниел Мирчески од Прилепскиот регион и овчото на Арбана Маркоска од Прилеп, исто како и македонските вина предизвикаа огромен интерес на многубројните гости во Бра. Претставувањето на Република Македонија преку Слоу Фуд Македонија беше овозможено преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство а организаторот на „Cheese“е Slow Food International и градот Бра со подршка на регионот Пиемонте.]]>